Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Логично, спознавајќи ја суштината, чиста волја, како дел од Божеството да допреш до одговори...

Суштината ја опфаќа и материјалната страна на човекот, телото што имаш или имате откриено во Телема на тој план?
Тоа што е откриено е горе долу споделено во пишана форма, но за да го Разбере некој, мора да го искуси. Залудно да ти објаснувам што е виножито ако ти си далтонист.
Од порано муабетите, знам дека еманцијата на Божеството во божјите созданија не го прифаќаш за промена, но тоа е дефакто промена за онолку колку Божеството еманира во созданието, како ја објаснуваш, прифаќаш оваа теза на очиглед?
Од порано муабетите, јасно сум се изјанувал дека според мене се што постои е дел од Бог, дека самиот концепт - ,,постоење" е особина на Господ, дека нема ништо одвоено од Бог, дека различноста и индивидуалноста се дуална манифестација на Бог.
 
По муабетиве, модерно кажано: јас и ти сме едно исто, различно во однос на бесконечното и во однос на интернет: имаме различни IP адреси!
Богови со различно IP, различна MAC адреса но на иста мрежа :D
 
Тоа што е откриено е горе долу споделено во пишана форма, но за да го Разбере некој, мора да го искуси. Залудно да ти објаснувам што е виножито ако ти си далтонист.

Од порано муабетите, јасно сум се изјанувал дека според мене се што постои е дел од Бог, дека самиот концепт - ,,постоење" е особина на Господ, дека нема ништо одвоено од Бог, дека различноста и индивидуалноста се дуална манифестација на Бог.
Од она штедро излагање досега, може да се види јасно дека за разлика од Христијанскиот Бог, телемитите сведочат и прифаќаат Аперсонален и Неапсолутен(Релативен) Бог.

Искрено ги респектирам вашите ставови како ваши, без разлика мене дали ми се допаѓаат или дали ми се прифатливи. Благодарам за одговорите.:)[DOUBLEPOST=1477423345][/DOUBLEPOST]
Постот не е мој....
Анихилација?:D
 
Последно уредено:
Од она штедро излагање досега, може да се види јасно дека за разлика од Христијанскиот Бог, телемитите сведочат и прифаќаат Аперсонален и Неапсолутен(Релативен) Бог.

Искрено ги респектирам вашите ставови како ваши, без разлика мене дали ми се допаѓаат или дали ми се прифатливи. Благодарам за одговорите.:)
Епа погрешен ти е заклучокот, релативни се формите на манифестирање, суштината е апсолутна. Апсолутноста значи сеопфатност, а во таа сеопфатност мора да постојат и концептите за релативност, смртност, дуалност. Тие форми Апсолутот ги достигнува преку нас. Тука е решението на парадоксите од типот - ,,Ако Господ е семоќен, дали може да создаде камен што неможе да го подигне". Ако Господ не е одвоен од својата креација, тогаш може да го реши овој парадокс, во својата суштина ќе остане неменлив и вечен, но во своите бесконечни форми ќе може да направи било што - да умре, да се роди, да неможе да го подигне каменот што го создал, да сака, да мрази па дури и да не верува во себе.
 
Но и Непроменливост.
Ако Господ не е одвоен од својата креација, тогаш може да го реши овој парадокс, во својата суштина ќе остане неменлив и вечен, но во своите бесконечни форми ќе може да направи било што - да умре, да се роди, да неможе да го подигне каменот што го создал, да сака, да мрази па дури и да не верува во себе.
 
И тоа не Му помага, самото деформирање го негира апсолутното.
 
Деформирање може да постои само од перспектива на релативност, ако нешто е перцепирано како деформирано, непотребно, зло итн, итн, тогаш таа гледна точка не е способна да види смисла или цел за она што го перцепира како ,,деформирано", а тоа би значело релативност.
 
Бог (па и битието), треба да се прави луд од апсолутна позиција гледајќи ја својата промена само заради некаква целеисходност?! Бесмислица! :misticen:
 
Апсолутноста подразбира сеопфатност, ако Бог е апсолутно битие, тогаш неможе да постои ништо што е невозможно за него, во спротивно не е апсолутно битие, не е Господ, туку демијург.
 
Желбата ти е убава, но само пуста желба.

Никако по цена на промена на суштината.

Сингенијалноста е стар проблем за кој се свесни и самите пагански философи, но неможеа по силата на својот ум тоа да го разрешат.:)
 
Не е желба, факт е. Тоа што ти си решил да ги затвораш очите пред него, нема да го направи помалку факт.
Никако по цена на промена на суштината.

Сингенијалноста е стар проблем за кој се свесни и самите пагански философи, но неможеа по силата на својот ум тоа да го разрешат.:)
Сам си додаваш заклучоци што се спротивни на се што кажав. Никаде не реков дека е по цена на промена на суштината! Напротив, ти болдирав каде нагласувам дека суштината е неменлива и вечна, а формите во кои се менифестира таа суштина се минливи и релативни! Ова е доказ дека ти не дискутираш за да го разбереш соговорникот, туку по секоја цена да го сведеш неговиот став на бесмисленост.
 
Последно уредено:
Физичките закони произлегуваат од метафизичките, што значи истите принципи важат. Еден од физичките закони вели дека материјата и енергијата неможе да се уништат (анихилираат), туку само да поминат од еден облик во друг. Истиот принцип важи и за субјективните концепти - Битие, Себство, Бог итн, итн.
Јас само пробав да те потсетам на некои твои ставови од пред некоја година....не би копал по форумов пар години уназад за да ти покажам.....затоа те прашав дали ти текнува.
Инаку енергијата би можела да се уништи на исти принцип како и што е дојдена на овој свет. Да ја оставиме на страна антиматеријата....
 
Одсекогаш сум го имал истиот став, копај колку сакаш. Материјата и енергијата неможат ниту да се создадат ниту да се уништат, само да поминат од една форма во друга. Истиот принцип важи и за субјективните и метафизичките концепти. Неуништивоста на материјата и енергијата е еквивалент на ,,суштината" за која зборував погоре, преминувањето од една форма во друга е манифестирањето или - креацијата на дуалната реалност - универзумот.
 
Читај https://en.wikipedia.org/wiki/Casimir_effect
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom