Види ти у претходниот пост кажа дека не знам си кој процент од овие од Сирија што доаѓале биле вклучени во крвави злосторства, дека Франција и Германија баш ради тоа ги затвориле границите, дека не знам колку си христијани биле убиени од сиријски бегалци во Турција... и од се ова ми даде статистика само за тоа дека од сите луѓе што влегуваат дел се од Сирија, а дел се од други држави.
Ја никаде не кажав дека нема мигранти, впрочем и ако приметуваш цело време пишувам „бегалци/мигранти“ зошто има разлика меѓу овие два поими.
И наместо да ми дадеш статистики за се ова шо ми го имаш кажано, ти пак продолжуваш со теории дека тие што не биле сиријци имале сомнителни мотиви итн.
Ја еве пак ќе чекам статистики и податоци за се ова шо го збориш.
Не не,
Јас ти кажувам со последните линкови дека демографијата на бегалци од војни од блискиот, средниот исток и северна Африка, не се совпаѓа со демографијата на мигрантите што влегуваат во ЕУ. Зборам за пасоши за бегалци од Сирија во посед на разни терористи фатени (или ликвидирани) во Европа, а кои немаат Сириско потекло. Зборам за терористички напади во Европските земји во кои без исклучок учество земале луѓе кои биле пријавени за бегалци во Грција или Италија. Збориме за неразумни бунтови, во моменти кога им се носи храна и вода.
Имаше најмалку 3 стории за бегалци христијани од Сирија, фрлани во море од страна на своите муслимански сограѓани(или мигранти од разни земји) од кои во една имаше неколку десетици удавени.
Или овие работи не се важат.
Викаш дека не ги негираш проблемите, ама има и напатени души меѓу мигрантите. Точно е. Има. Но тие напатени души се изманипулирани и искористени за некои политички цели. Огромен број од мигрантите што влегуваат во ЕУ системски се радикализираат. Разни исламистички агитпроповци меѓу нив пропагираат висок степен на непријателство против западната цивилизација.
И кога веќе збориме за проценти и статистики, зошто ти на пример не извади статистика, за да го побиеш моето тврдење, за кое и не треба истражување да се донесе како заклучок. Доволно е да прошеташ низ темава и да видиш огромен број документирани случаи кои одат во прилог на тоа што го зборам.
Све на све, мигрантската криза донесе опасни терористи на територија на ЕУ. Но тоа не е најстрашното нешто што се случи. Мигрантската криза донесе муслиманско население, кое разни структури, искористувајќи го нивното тешко патешествие, го радикализираа до алармантни димензии. Разни сомнителни арапски „мецени“ спонзорираат видеа со кои им покажуваат убави разголени Европјанки со цицките на мегдан, а по патот полека сонот се губи и остануваат само фрустрациите од тие патешествија. И такви овие мигранти стануваат лесно подложни на манипулација на Исламските фундаменталисти.
Све додека вакви како тебе низ ЕУ потпаѓаат на финтите со бегалците и ги оправдуваат нивните недела (во кои спаѓаат убиства, силување и тешко насилие), Исламистите ќе гледаат можност и шанса да ја префрлат кризата во Европа. Впрочем и статус кво ситуацијата со мигрантите не е случајна, дел од безбедносните структури на ЕУ ја има согледано опасноста. Но од политички аспект, огромен е притисокот на корумпираните либерали за безусловно прифаќање на бегалците, по цена на штета на сопствената држава.[DOUBLEPOST=1477326962][/DOUBLEPOST]
Со овие што ти сеа ги демонизираш. А твоето искуство со кои е и каде ?
Ти кажав, Македонија нема проблеми со бегалците, Македонија за среќа е само коридор, и се додека приливот и одливот се строго контролирани, нема да имаме проблем со овие луѓе. Јас како што ти кажав зборам од искуство да речеме од старбак, населба во Брисел, до самиот центар на 300 метри од Шератон хотелот. Таму на пример функционира шеријатска милиција. Сите бегалци кои ќе стигнат до Брисел одат на обука во овие населби, Старбек, Моленбек и уште една има не ми текиња како се викаше. Во тие населби навечер да се движиш е рамно на самоубиство, а за женско тоа не смее ни да се помисли. За едно апсење во Моленбек беа потребни 2 батаљони полициски специјалци, притоа не ги бројам обичните полицајци кои беа вклучени во обезбедувањето на теренот и кои беа најмалку 3 пати побројни од специјалците.
Незнам дали си бил во Брисел или Париз, но би ти препорачал да отидеш и да ги посетиш гетоата на бегалците. Сите овие гетоа се изградени и надоградени од „бегалци“ од разни периоди. Речиси сите муслимански мигранти (да речеме над 80%) живеат во тие муслимански гетоа (Пример: Белгија има околу 8% ресидентиални муслимани, а Брисел има над 30%).
Организираниот криминал (трговија со дрога, оружје и органи) е во рацете на овие луѓе. Низок степен на социјализација иако примаат социјална помош од државите во кои што се наоѓаат. Да не зборам за силувањата што се дешаваат...
Ова што го зборам е слика и прилика за еден Европеец кога ќе му спомнеш мигрант. Како што кажав впечатокот го даваат самите они. Ако до сега не успеале милиони мигранти да се социјализираат и сеуште и после неколку генерации се затворени во гетоа и праксираат примитивна култура и сопствени закони, како да очекувам дека од новиве ќе се има некаков бенефит?