Сеа за сеа, ја сум многу задоволен од (пред се) ангажираноста на екипата и желбата за победа.
Се глеа дека добро си ја врши работата авиончето, пак ќе кажам засега.
У реду беше скептицизмот на почеток кој сите мање више го имавме, ама мора да му се признае дека тимот е сменет за 360 степени на подобро.
Утакмицава иде у добар момент за нас, релативно солидни партии пруживме сезонава, во форма сме а јуве после две тешко издвоени победи против Лион, кај што едвај жива глава извадија да не беше џиџи, а и Удине кои докажаа со дадениот гол дека јуве има нестабилност позади, не е истиот од лани што беше... ова од авион се гледа.
Иначе, со нерешено ја ќе бидам ПРЕЗАДОВОЛЕН... После оваа утакмица имаме релативно лесен распоред натака до полусезона (освен 2 утакмици - интер и рома.
Јуве има неколку повредени играчи, пјаца , кјелини, азамоа и манџукич, маркизио сеуште не-опоравен. Ќе имаат проблеми на средина. Најбитно е да им се влезе агресивно на дибала и игуаин, пошто не глеам некој да напраи разлика од другиве објективно.
Имаме добри шанси за поволен резултат.
После колово, до утакмицата со интер имаме утакмици со џенова, палермо и емполи ... Ако овие утакмици ги играме како досега + под претпоставка дека ќе извадиме барем нерешено со јуве... би имале прилично добар старт сезонава.