Здраво дечки. Одамна неам пишано, па еве за една консултација во врска со изводи од матично. Имено, го најдов пра-пра-дедо ми на листата на бугарски војници кои учествувале во балканските војни 1912-1913. Но сепак, постапката ми е почната единствено со потврда од македонско бугарско пријателство. Знаеме сите дека ништо не е сигурно кога некој поднел само потврда од клуб, па затоа на време да си спремам документи за во недај боже случај да ме вратат на дополнителна проверка. Извадив мој извод од родени, извод од родени на татко ми, и сега од тука почнуваат проблемите. Изводот од дедоми е со грешка во одделот име и презиме на родителите. Имено дедоми има презиме владев, но неговите родители се презивале Накови, а во изводот е напишано Владеви. Поточно, во одделот наместо татко Д. Наков, и мајка С. Накова, они пишале Д. Владев и С. Владева. Изводот од Д. Наков пак е сосема ок и без ниедна грешка. Но, јас целам на таткото на Д. Наков, односно мојот Пра-Пра дедо В. Наков. За чудо, изводот на Д. Наков е сосема точен, и како негов родител е наведен В. Наков. Но кога го побаравме изводот од В. Наков, ни кажаа дека не е заведен под тоа име туку под ПАЗИ Л. Митров. Стварно огромна разлика и во име и во презиме. Дали некој има искуство со исправање на грешки од матичните книги ? Дали некој знае која е процедурата? Фала многу