Не дека ми е грижа толку туку да се разбереме.
Многу луѓе не се вклопуваат во некакви стереотипи, од било кој тип, но тоа незначи дека биолошкиот пол не им чини. Едноставно си живеат без обзир што општеството им прилепува. Од друга страна можеби влегуваш во стереотипите од спротивниот пол, што повторно се стереотипи, само на спротивен пол. Во крајна линија не е прашање на што општеството очекува и какви стереотипи лепи на тој пол, тоа што е значајно е биологијата, така си дошла на овој свет и тоа е тоа.
Не ми зборувај во женски род затоа што не сум жена.
Второ, голема улога игра сликата во себе за себе. Претпоставувам дека си роден маж и дека си океј со тоа. Замисли, утре се разбудиш во тело на жена и треба да излезеш надвор и да се носиш со тоа. Замисли, почнуваат да ти зборуваат во женски род. Им кажуваш, ама јас не сум жена, но тие упорно едното те исто. Те убедуваат дека си жена, ама ти не си. Истото е.
Да, голем дел не се вклопуваат во стереотипите, но горе-долу приближно повеќето се тука некаде, што е сосема ок, нели? Но има, постојат луѓе, што отскокнуваат прилично многу и реално е дека за нив притисокот е поголем. Родовиот идентитет не може никој друг да ни го одреди освен ние самите, но, нажалост, постојат голем број на луѓе кои ќе не омаловажуваат заради тоа, ќе ни се потсмеваат, ќе не дискриминираат, ќе не понижуваат, ќе ни се закануваат заради истото, нема да не почитуваат и ќе ни се обраќаат со оној граматички јазик со кои што тие ќе одредат дека е правилен за нас. Постои огромен број на луѓе на кои што мора секојдневно да им докажуваме и објаснуваме како не сме жени или мажи само заради хромозомите кои што ни ја "предодредиле судбината".
Ти си една од многуте жртви на нео-марксистичката пропаганда,
и те користат како пион, а кога нема да им требаш веќе, ќе те фрлат како искористена влажна марамица....
Не, ова не е точно. Секогаш луѓето сакаат да го дадат својот коментар заснован на претпоставки, притоа не слушајќи што има другата страна да каже, личноста која што го искусува нештото на своја кожа.
А прашањето ми е, кој тоа мене ќе ме фрли како искористена влажна марамица? Јас сум јас, јас повеќе не се кријам и ми е многу подобро вака. Јас немам проблем со тоа дали некој ќе ме прифати или отфрли, но има доста реални проблеми како насекаде, па така и тука во државава и затоа јас одлучив да зборувам гласно за ова.