Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не само што се прекршени сите закони, државата е пречкртана бе Ѓорге. Незаконски се прислушкувани 20 000 граѓани, изнесени се милијарди државни пари и ти си запнал законот да се почитува.
За жал, не дека странците не го знаеја тоа, како што вели еден аналитичар, на Европа и треба стабилна Македонија, не е битно дали е демократска.

Според мое миислење, најголемиот заеб што вмро сам си го направи е што ги прислушкуваше амбасадорите. Што мислиш ти, зошто Брклата си поднесе оставка? Од морални причини? Да беше така, ќе поднесеа оставки одма, ама поднесоа дури кога ги викнаа на кафе во американската или во британската амбасада, не се сеќавам.
Вмеро што ќе падне, ќе падне, туку парите дали ќе се вратат и дали ќе лежат затвор е прашање?
Па, ВМРО ДПМНЕ ако нема странски интервенции, има сериозна предност... А кој прислушувал јас не знам. Ти претпоставуваш кој прислушувал или знаеш „од извори блиски на Вардар“? Шпекулирање е... Од друга страна, не верувам дека сами себе се прислушувале и притоа се и сешто да разговарале. А од друга страна, па никој од опозицијата не е прислушуван.. барем ништо нема во јавноста, сем 2-3 бенигни снимки, колку „за атер“... Чудно е тоа. Сомнеж за крадење јас сум кажал дека секогаш имам кај политичарите. Ама, дали и колку се изнесени пари, не шпекулирам. Ти.. претпоставуваш или пак имаш информации од „извори блиски на некоја река“ дека е тоа така. Не можам тоа да го тврдам, оти немам „блиски извори“.
 
Знаеш зошто се прислушувале помеѓу себе, зошто каменот од близу доваѓа.
 
Знаеш зошто се прислушувале помеѓу себе, зошто каменот од близу доваѓа.
Не верувам дека се прислушкувале помеѓу себе.
Но кој го правел прислушкувањето е најмалата работа.
 
Не верувам дека се прислушкувале помеѓу себе.
Но кој го правел прислушкувањето е најмалата работа.
Како може да не се прислушкувале меѓу себе? Па никој друг не може да го прави тоа, не знам како може да верувате во тоа дека друг прислушкувал. Значи Мијалков му купил современа опрема на Верушевски за овој да го преслушкува. :pos:
 
Делуваат како шизофрени ликови, не знам зошто е тешко да се поверува дека се слушале меѓу себе :D Од оние ликови се, ме следат, сакаат да ме убијат, оној ме збори, оние сакаат она да ми направат.
 
Кој прислушувал, за мене е најневажното прашање, посебно со оглед на содржината на материјалите. И да прислушувале странски агентури, што е сосема веројатно и можно, тоа не ги пере од гомната.
 
Кој прислушувал, за мене е најневажното прашање, посебно со оглед на содржината на материјалите. И да прислушувале странски агентури, што е сосема веројатно и можно, тоа не ги пере од гомната.
апсолутно, има обиди да се заташка содржината на материјалите со нарачателите на снимањето.
 
На крај краева ако беа толку сигурни дека друг ги преслушкувал, што не одеа до крај со случајот Пуч? Туку бегаше Грујо, не сакаше да сведочи, па после се разболуваа поротници. Абе ајде.
 
Многу е битно кој прислушувал и со која цел. Бидејќи најверојатно добиените информации од следењето на комуникациите се користени за уценување луѓе, превземање компании, дискредитација на противниците и слично
 
Кој прислушувал, за мене е најневажното прашање, посебно со оглед на содржината на материјалите. И да прислушувале странски агентури, што е сосема веројатно и можно, тоа не ги пере од гомната.
Замисли, дознаваат ретардиве дека странски служби се инфилтрирале и преку државен апарат следеле политичари, административци, амбасадори, новинари итн итн.

Дознаваат овие добрите за скандалот и breach-от во сигурноснава зона, и така невини, убави и патриоти ко што се, прво што им доаѓа на памет е да ја уништат опремата со све траги и докази.

Перфектно сценарио за лоботомираната фан група. (y)
 
Последно уредено:
Многу е битно кој прислушувал и со која цел. Бидејќи најверојатно добиените информации од следењето на комуникациите се користени за уценување луѓе, превземање компании, дискредитација на противниците и слично

Тоа е оштета на приватен имот, ако се докаже, јавноста помалку ја засега. Впрочем се работи за посебни други дела, уцена итн.


Многу повеќе јавностаја засега грабежот на државата и криминалот во институциите што се слуша на снимките.
 
Нема еуфорија и влажнење на Хан. Изгледа СЈО може добро да работи, не е доволно добро. :(
 
Нема еуфорија и влажнење на Хан. Изгледа СЈО може добро да работи, не е доволно добро. :(
Кaжи ми зoштo е пoпречувaнo вo рaбoтaтa aкo Вмрoвците се сигурни декa не се винoвни и декa Кaтицa е глупaвa? :)
 
Кaжи ми зoштo е пoпречувaнo вo рaбoтaтa aкo Вмрoвците се сигурни декa не се винoвни и декa Кaтицa е глупaвa? :)
Од истата причина заради која јас не би влегол во елементарна расправа за било што со тебе, вмровците не сакаат да и дадат проширени ингеренции на Катица.

:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom