Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Кога се во прашање факти, неможе да бараш статус кво, фактите не се подложни на толкување, белото неможеш да го толкуваш дека е црвено, тоа нема никаква врска со респектирање. Може да респектираме други нешта - припадност некаква, статус одреден и слично, нормално ако заслужува респект, ако не е насочен кон нечиј интегритет, достоинство и слично.Добро, да се разбереме, овде сме на меѓурелигиска тема, твоето и моето видување се различни, тоа што се повикуваш на објективност не те прави релевантен по автоматизам.
Потруди се да го сведочиш своето гледиште или што и кого преставуваш и биди респектабилен кон туѓото мислење, а на кој што му се свиѓа тоа ќе си одбере, разбере, свати..., иначе стварно, објективно станува “дикусијава“ т.е. темава предосадна веќе. Тоа е тоа.
За тебе вистината е некаква апстрактна идеја, научен факт..., аперсонална, оттаму е суровоста.
За мене Вистината е Бог, олицетворена во Христос=Љубов.![]()
Ти бараш од мене респект, но никаде те нема кога MIKI1 упорно и од петни жили се обидува да ни го подметне страшилото од вашата религија или ѓавол како нешто кое ние сме обожувале? Каде е тука респектот кога Телемата се прикажува како нешто демонско, ,,отфантазирано" и какво уште не? Ти се будиш од зимскиот сон само ако видиш критика или дијалог каде сметаш дека христијанството е загрозено, но никаде те нема кога христијани плукаат по некоја друга религија.