Ipsissimus
P.I.
Биолошки опстанок - преживување, секое живо суштество има инстинкт за преживување, тој инстинкт е целта - двигателот на еволуцијата. И да не откриел Њутн зошто предметите паѓаат, гравитацијата пак би постоела, исто е и со еволуцијата, и да ја негираш и да не ја негираш, таа е факт - реалност.Опстанок за што? Не е тоа научно, ти зборуваше за редудантен циклус. Сите до Исак Њутн знаеле дека предметите паѓаат, но прв тој се прашал и побарал одговор зошто?
Нема потреба тие ништо да знаат, и семејството од шутка со 8 деца можеби незнае што се зигот, фетус, ембрион, хромозом итн, итн, па сепак направиле 8 деца! Тресеш глупости за честички, набљудувачи, курци, палци....за нешто кое си наслушнал и истото го користиш за да се прпелкаш ко риба на суво тука. Незнам дали си свесен колку провидно ти е ова?Аха, значи да се адаптираат. Во однапред дадени услови и околина. Самите предодредени во својот почеток од условите и можат да делуваат онолку колку условите на околината им дозволуваат. И сѐ што можат да знаат, можат да научат само од она кое веќе постои. Каде ти овде гледаш самостојност на постоењето на живите организми. Освен ако, уште од старт тие не би имале божественост која им дава слобода на самостојност и божествено преобликување па и надминување на физичките закони. Честичката на материјата постои во самостојно време и простор и има непремостливост во несврзливоста со секоја друга честичка кои постојат во свој простор и време. Но иако е така несфатливо заедно создаваат материја и сѐ што постои. Но состојбата на честичката во мерењата зависи од набљудувачот иако сама по себе е неутрална....
Повторно куп ноторни глупости. За да може милијарди години, за некого да поминат во неколку секунди, треба или со години или векови да патува со брзина од најмалку 90% од таа на светлината или да биде под дејство на огромна гравитациска сила. Тоа повторно нема никаква врска со еволуцијата и како и предходниот цитат е само куп нафрлани глупости за нешта извадени од контекст.Фактите сами за себе не зборуваат туку како концептот ги толкува. Можат да се протолкуваат и сосема различно зависно од концептот на гледање. Фактите по патот на логиката можат да соборуваат концепти, но не можат да држат во живот концепти кои се однапред логички безсмислени.
Ние не можиме да дадиме одредница ни за времето, уште помалку за брзината во неговиот протек кој научно се смета различен во различни места, па да можиме да уврдиме еволуција заснована на текот на времето. Од каде знаеш дека она кое го сметаме за милијарди години, не се случило во секунди? И пак тие секунди секогаш за нас ќе се милијарди заради внатрешноста на нашата позиција во нив. Субјектот како се приближува кон брзината на светлината, никогаш нема да ја досегни, колку е поблиску толку времето се развлекува.
Еволуцијата е факт - докажан и потврден, таа е реалност, сакале вие да признаете или не. Така да колку и да тресеш глупости, нема да постигнеш ништо со тоа. Веќе видовме што стана со вашиот богословски концепт, самиот си го напиша заклучокот - Господ неможе да биде судија! Што значи гревот, спасувања, рајови и пеколи не се ништо друго, туку човечки - субјективни замисли и фантазии.Концептот на еволуцијата однапред покажува дека не е способен да одговори на прашањата. Ако отпаѓа останува само богословскиот концепт.
Она кое докажува или соборува секој концепт е неговата смисла или безмисла. Која е смислата на Еволуцијата!? Има ли барем обид за таков одговор!? Еволуција за што, кон што? Да погледниме до крај, одговори, што ќе постигнат суштествата кога нема да умираат, кога совршено ќе се „адаптираат“ во однапред постоечкиот!!! космос на околностите и ќе достигнат безсмртност? Што станало тогаш од нив? И како тоа што го постигнале можат да речат дека го надминале кога цело време играле според неговите услови. Освен ако не биле богови и не играле според условите, туку по самостојна волја ги менувале. Ама тогаш пак кој ги направил богови уште од создавање.
Упорно се вртиш во круг! Прашуваш која била смислата на еволуцијата, иако јасно ти кажав - биолошки опстанок, преживување! Животните немаат когнитивна способност да контемплираат концепти како што се духовност, спиритуалност, метафизика и слично, но итекако имаат инстинкт за опстанок! И тој инстинкт е целта - смислата на еволуцијата. Како што орелот нема разбирање за тоа што е гравитација а сепак лета, така и животните немаат разбирање што е еволуција а сепак таа постојано ги обликува адаптирајќи ги на условите и околината со цел да преживеат.
Не го негираме Бог, ги преиспитувавме концептите за него, и дојдовме до заеднички заклучок дека Господ не суди, дека не е судија, се останато е цепидлачење од твоја страна.Безсмислено е да се зборува за саморазвој и самосоздавање на природата. Самата природа се создаде, самата се развива кон некоја цел и нас ни определи услови кон некоја цел со чиешто достигнување ние ја надминуваме нејзе и надминувајќи стануваме што освен богови. И тоа најверојатно само еден, затоа што попатно условите наметнуваат еден да ги поништи сите други за да биде Бог. Самото тоа што зборуваме за смисла, докажува дека Бог постои. Да ја немаше смислата, немаше ни да знаеме за нејзиниот поим, а камоли да разговараме што исто така е засновано само на постоењето на можноста на осмислување. Самото постоење на смислата зборува за Бог. Негирајќи го Бог се оттурнуваме во непостоечка безсмисла. Сосила создаваме шизофренија во себе и своето постоење. Проблемот со видливоста на Бог е како слика која ја гледаш толку блиску што не можиш да ја прочиташ. Цело време си ја гледал, ама бидејќи сеприсутна во сѐ, секаде ја гледаш во делови, но не можиш така лесно да се одвоиш за да ја освестиш.