ако некој знае нека одговори,Дали можам да отворам банкарска сметка во Австралија (односно некој пријател или роднина да отвори на мое име)и внесам поголема сума на пари(150.000-200.000 еу) и со тоа некако обезбедам дозвола или иселеничка виза?
1. Неможеш да отвориш банкарска сметка без да си во АУС. Ако не си резидент и си дојден туристички или на некој вид работна виза можеш првите 2 недели од слетување да отвориш сметка само со странски пасош. После 2 недели ти се бара пасош плус некаков документ за потврда на живејалиште. Пријател неможе да отвори сметка на твое име, дури ни сопруга ни родител (ако си полнолетен).
2. Со 150 -200К е ништо не правиш овде. Тоа не е доволно ни за еднособен стан во некој поголем град. Сумата за бизнис виза за аус е 5 мил долари или 3,4 мил евра. Ова до крај на наредната финансиска година најверојатно ќе биде дуплирано плус ќе има измени во законот за намена на тие пари. Моментално можеш да купиш недвижнина и да исполниш услов ама тоа ќе се смени односно добар % ќе мора да биде наменет за бизнис во кој би бил вработен и би вработувал уште неколку души...
Со парите кој ги спомнуваш разгледај во Литванија или некоја друга балтичка држава. Мислам дека една од нив бараше 200 000е инвестиција за резидентска виза. Зависно од што струка имаш ако сакаш на овој дел на светот тие пари се добар почеток во Малезија или Сингапур (каде не би требало да е многу тешко да емигрираш) ама треба сепак нешто да можеш да работиш таму...[DOUBLEPOST=1474792827][/DOUBLEPOST]
Здраво дечки
Конечно ми стигна гарантното писмо за туристичка виза за Австралија. Исто така и извештај од банка од неговата сметка која што беше доста голема.
Е сега човекот ми прати две писма едно за 3 месеци и едно за 6 месеци и ми рече да аплицирам за тоа од 6 но пред да аплицирам ме интересира доколку некој знае да ми кажи дали шансите да добијам виза од 3 месеци наспроти 6 се поголеми или е исто.
Исто така сакав да аплицирам преку агенција од Битола но пријателов ги прати документите во друга агенција бидејќи со човекот се знаел, а исто така имал и други документи од него т.е. Што поcедува, колку коли има итн. За да не си игра да пушта повеќе докази ми рече да одам преку него бидејќи 13 год го зема нашиот пријaтел преку таа агенција така да ќе било полесно.
Благодарам
Sent from my iPhone using Tapatalk
Лион убаво ти одговорил, прави како што ти е кажано. Шепартон шемата доста долго функционира и човекот а и агентот што го има очигледно знаат што прават. Keep the faith and good luck