Доаѓа татко ми и ми вика: Дојди на тераса да видиш што сум ти купил тебе.
Океј, идам на тераса, гледам само тегли околу мене. Ми вика ај погледни убаво, лево - десно, напред - назад. Јас сирота ништо не гледам освен тегли и празни гајби - нема пиво.

Ми вика ај види под столчињата. Се доближувам до едното столче, ми вика лааадно, ладно.

Идам до другото столче, ми вика млааако, млако. Си викам добро, значи блиску сум, да видам шо чудо ќе беше тоа. Идам до третото столче ми вика топло, топло, топло. Си викам готово, тука е. Клекнувам и што да видам - стапица за глушец. Ми вика ја најде?
Да, бе.

И почна да ми ја опишува, ваква била, таква била.

Океј, да знам да не се сопнам на нејзе.

Па уште ми вика да видиш што сум ти купил на тебе.

Ма да веќе се привикнав да не се возбудувам толку. Кога ќе каже ти купив милка, се мисли ти купив чоколадо за готвење. Кога ќе рече ти купив тоблероне, се мисли ти купив чоколадо со ориз. Eднаш влеговме во продавница и ми вика: Пази сеа, напуни очи, после ќе влеземе и во друга и таму да си наполниш очи. После ми вика, дојди до бурекчилницава. Помириса убаво? Мирисни, мирисни, глеаш како те шетам јас? Ај сеа да си идеме дома. Оооукеј.
Иначе кога сме веќе кај бурек
чилниците, сендвичарите во Чаир... има фурнаринки за 30 денари, сон.

Ако сакаш да се луксузираш, со кашкавал, ондак се 50.

Еднаш со другарка се враќавме пешки навечер околу 1 и нешто, гладни - а само со 50 денари у џеб. Влегуваме во една сендвичара, 50 денари хамбургер. Откако се најадовме ко стоки, не знам колку време после тоа на интернет гуглав кои се симптомите за труење од храна и за колку време би требало да се појават.

Али живи останавме, шо ти е гајле.
Иначе и јас стварно не знам, зошто мислат дека ако не им кренеш на позив од 3ти пат, ќе им кренеш од 13ти?

Не ја сфаќам поентата. Ај да е за нешто итно, ама за сосема безвезни работи да ѕврцкаш без престан... Никогаш не вртам повеќе од еднаш, колку и да ми е важно. Едноставно е - кога ќе видиш дека сум ти ѕвонела, ќе ми вратиш и готово. Сигурно нема ко навиена на секои две минути да ти ѕврцкам.
Ај, чао.
