Scirea
ZARDOZ
- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 28.160
- Поени од реакции
- 91.322
Дечки, да ве прашам после земјотресиве како ви се папагалите?
Мојов дента одма го изнесов надвор со нас и си го земав со мене кај што спиев една недела. Во неделата го вратив, вака си е супер, цело време збори и си летка и си е расположен како претходно ама многу му паднаа пердувите. Не знам сега дали е редовно паѓање на пердувите или малце од стрес.
Не верувам дека е од стрес... Види го времево, ден топло, ден ладно. А мислам дека сега овој период меѓу септември и октомври кога почнуваат папагалите да се митарат


Иначе весел е си јаде, игра, зборува но ова почнува да ме плаши веќе една недела е вака.. Прашавме ветеринар кажа да му ставам сода бикарбона во водата, блокоран желудник од што било пренајадено хм..И еве два дена му ставам во водата сода, но е сеуште исто. Планирам да одам кај друг ветеринар
