Мислам дека е кривично дело некој без дозвола да издига споменици на баба му, на фараоните, на Хитлер на државна земја, особено споменици на лошите Хитлер или противниците на Антантата, балисти... Сепак бугарската Армија војувала на страната на злото во првата и втората светска војна, во двете загубила. Разбирам повеќето од обичните војници се насилно мобилизирани имало и македонци меѓу нив, но сепак не е редно да се прави споменик на лошите.
Сето ова ми изгледа како огромна провокација, не е само од Бугарија а од САД. Туѓа армија ноќно време да премине граница и да гради споменик на туѓа територија е апсурдно, место да се извинат и војниците да ги стават во затвор, министерот на армијата предложил да ги надградат.
Сега по нивните реакции се гледа дека се ова е добро планирано и ќе следува некаква ескалација.
Еве една слика на "хероите" што правеле во егејска Македонија.
А иначе сосема законски е некој волонтер да земе да чисти пикавци и ѓубре во парк или да бутне незаконски изградени "споменици"на фашизмот.
Ме радува што сеуште има луѓе со муда како Миленко, иако самата власт веднаш требаше да го бутне "споменикот".