Знаеш дека 14 милиони луѓе аплицираат за ова годишно? Ако исполнуваа желби на секој, кај ќе им беше крајот? Заради тоа и тие што продолжуваат понатаму се пола од сите извлечени, статистички докажано. Од Европа и Африка влечат по 40.000 и 20.000 од остатокот од светот. По пола од секоја од овие бројки, добиваш вкупно 50.000 визи. На крај краева, нивна игра, нивни правила. и. Само што и сега така може да се отиде во Америка, ако си со некоја преферирана професија кај нив и те најде некој работодавец од таму, кој што ќе гарантира за тебе, ќе извадиш работна виза.
Знам дека аплицираат десетици милиони. Познато ми е.
Не мора да исполнат желба на секој од тие милиони, туку на тие 50.000 извлечените. И не мора да им исполнат нереална желба. Туку едноставно ако е некој извлечен, знае јазик и покаже сума на пари на сметка, а нема спонзор нека му дадат да потпише договор со кој ако во САД падне на товар на државата и остане без пари, ќе биде автоматки депортиран назад во својата држава.
Нека му земат претходно САД сума на пари за да му се плати повратен авионски билет за секој случај.
Па ако сакаат нека му што знам стават уред за следење на секој чекор во САД. Нека го направат човекот криминалец со тој уред, и онака овде во Македонија секакви криминалци го направија обичниот човек овца.
Па и сега бараат минимум 4 години средно образование. И нека бараат тие нови услови кои ги споменуваша ама нека исфрлат спонзорот.
А за возраст да биде услов погледни реално. САД се тоа што се, затоа што кај нив има луѓе кои од цел свет доаѓаат и во 40 и 50-ти години од живот. И има меѓу тие некои кои направиле патентирани пронајдоци и производи во САД.[DOUBLEPOST=1474533136][/DOUBLEPOST]
Дечки џабе дебатирате што треба и како треба,Америка е земјата која ја прави магијата што ќе заработиш тоа и да го потрошиш таму, затоа и бараат некој спонзор кој ке гарантира за вас и тоа не мора да е роднина туку може и пријател кој е со легален статус и кој остварува доволни приходи за членовите што би гарантирал.Инаку не се лажете дека во мотел ќе ви испратат социјален или зелена карта, со тоа нема играчка и мора да си најдете безбедна адреса каде ке бидете 100% сигурни дека ке ја добиете пратката од социјалното, и друго да напоменам дека доколку немате социјален број неможете да земете да рентате стан во Америка. И затоа од сите тие причини бараат спонзор, има мн закони нивни кој за нас се несватливи и се глупави но кога подобро ке се запознаат работите јас мислам дека секој од нас ке свати дека можеби и се во право.Едноставно како што кажа еден член погоре "ИГРАТА Е НИВНА ПРИФАТИ ГИ ПРАВИЛАТА И ИЗИГРАЈ ЈА ДОКОЛКУ ЈА ДОБИЕШ ШАНСАТА" и кажи и збогум на оваа наша прекрасна земја со прекрасен социјален живот и гомно политичари кој на секој поедини жител на МК му го заебале животот до ТРТ!!!
Едит: Се извинувам за малото скршнување на темава.
Па јас ги прифаќам правилата колку што е во границите на моите способности човеку.
Не можам јас да родам сега спонзор кога едноставно го немам.
Инаку и ако се најде спонзор, дали е точно дека мора да се докаже врска со спонзорот. И тоа да се покаже врската преку испечатена конверзација со спонзорот било да била комуникацијата преку мејл, фејсбук.... Точно ли е? Тоа го имам исто некаде читано, како со тоа за мотелот.
Во врска со тоа што сум го напишал за мотел, види не се сеќавам каде сум го прочитал тоа дали на овој форум или некаде на друго место на интернет. Но имам читано дека некои така правеле ако успееле без спонзор да добијат зелена карта, земале евтин мотел за адреса на која им пристигнувал социјалниот број и документите.
Дај линк, каде пишува дека мора безбедна адреса за социјален број?
Што е за тебе безбедна адреса?
Тоа може кај нас да се изгубат документи и во државни институции па никому ништо.
Во Америка има јака државна пошта, има Федекс за пратки и слично.
Знам дека без социјален број не може стан, дури мислам не може ниту автомобил да се изнајми.
Без автомобил таму е доста тешко, посебно ако е некој во поголем град и не е за странец секогаш едноставно да оди со јавен превоз, и е пожелно да се изнајми автомобил. Со автомобил полесно се поминува километража а и се наоѓа работа.