мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.070
- Поени од реакции
- 23.520
По ова што го кажуваш ако кога било поладно не ти враќал, си горел нормално итн итн, а кога стоплило почна да ти прави проблеми најверојатно имаш проблем со оџакот. Или ти се затна, или е неубаво димензиониран или нема доволно висина од покривот на куќата до врвот на оџакот. Пожелно е да има барем еден метар висина од покривот и да нема во радиус од три метри ништо повисоко од него. Кога било поладно температурната разлика меѓу чадот во оџакот и надворешната биле поголеми со што резултирало со поголем цуг и не се сеќавало до толку. Кога таа температура се намалила и самиот цуг на оџакот се намалил и затоа ти прави проблеми. Било како било до оџакот ти е.Со години (20 и кусур) се греам на струја .Прво на термо 6 после скоро 7 год. на клима инвертер и бев задоволен се додека за празнициве од сецкање на струјата ми се расипа кклимата.Дрва имав 3-4 кубици стари повеќенод дваест год. Бидејќи немав греење на сред новогодишни празници на брзина купив камин од Пламен Тренк. Јас преферирав да купам нешто слично на твојот од челик и шамот ама така е ко ќе слушаш жена и постари .Каминот не е лош , мал и доволен за 35 кв., и се е во ред се додека се затопли времево па почна доста да враќа чад. Денеска најповеќе враќаше има доста голем ветер и дожд , а денеска е ниска околу 3 степени и се разочарав .Оџакот е нов првпат го употрбувам, дрвата се суви како книга , џамчето исцрнато, немам редуцир должина на чункот е 1.5 м, па што. Е проблемот ?Се мислам на пролет да ставам на врвот од оџакот турбина, дали е паметна идеја бидејќи имам над 7 м оџак од влезот на чункот па по некоја логика барем кога ќе дува ветер ќе прави цуг на оџакот. Дали има некој искуство со турбина ? Регулација на воздух каминот има некое кружно отворче на долната страна од вратницата, а внатре има 3 гусени завеси две одстрана и едно од згора што како идеја не е лоша. Чаре ...?