Македонскиот народ е пред демографска катастрофа

не е проблемот во парите, бадијала се обидуваш тоа да го докажеш, јас знам млади парови ( мој роднини) кој што се влечкаат/ле по 7-10 години, и не влегуваат во брак а не па деца да имаат, а финансиите не и им се проблем, имаат пари за редовни пијанки а за деца немаат. И не можам да те/ве разберам како тоа во Скандинавија не сакале деца од едни причини а кај нас причините биле други.
Исто како колегава цитираш грешни работи.

Цитираш (исклучок) висока класа (така да речеме) како пример за проблем на (мнозината) средниот сталеж.
Втора грешка што правиш е дека од еден-два примери (згора на се исклучок) извлекуваш правило за мнозинството. Како статистичка анализа да правиш со/од еден пример.

И последно да, причините не се исти за неправење деца во Скандинавија и тука, апсолутно. Дека животниот стандард и култура, еманципација и менталитет има абисални разлики тука и таму. Дека Скандинавија живеат со 5000 а тука се преживува со 200.
Како да споредуваш милионер што не јаде месо за да биде поздрав, и некој ептен сиромав што не јаде месо дека неможе да си го дозволи, причините се апсолутно различни.
 
Последно уредено:
Огромно, мислам од амбис доаѓа.
ОК, после еден куп нови зборови, еве нов. Бетер од хрватите ќе станеме.
Како и да е, проблемот мислам дека постои во речиси цела Европа. Луѓето имаат максимум 1-2 деца, а голем дел и немаат деца.
 
ОК, после еден куп нови зборови, еве нов. Бетер од хрватите ќе станеме.
Како и да е, проблемот мислам дека постои во речиси цела Европа. Луѓето имаат максимум 1-2 деца, а голем дел и немаат деца.
Мило ми е што научи нов збор и си го збогати речникот
Во цел свет има опаѓање некаде повеќе некаде помалку, кај нас има многу. Мислам дека источна Европа има најниска стапка од целиот континент, каде се и нај сиромашните од целиот континент.
Има држави и со успешни програми за подобрување на наталитетот.
 
Најмал наталитет има западно-северна европа, кај нас и источна европа има опаѓање но главен проблем е иселувањето.

За разлика од кај нас (ако се иземат едни), таму оние што се котат се доселениците и обично имаат 3-4 деца, додека домородното население имаат едвај по едно.

Пример ти е Франција која е можеби единствена со позитивен прираст, но двигатели на нателитетот се арапите и црнците.

И уште оваа, сиромашна држава и слаб наталитет не одат заедно, Нигер ја има најголемата стапка на наталитет, а ти е една од најсиромашните.
 
Мило ми е што научи нов збор и си го збогати речникот.
Не „зезај“, смешно е воведување на вакви „ступидни“ зборови, дури си мислам дека е со „малициозни“ намери, никако ова не го сметам „едукативно“.
 
Па никој не вели дека исклучиво парите се репер за наталитет, ако се споредуваат различни народи, држави и континенти. Споредете Македонија, истите народи, истиот менталитет, истите причини... од кога е многу намален наталитетот. Во 60-80та година во Југославија, бројот на живородени се качил на 40-50.000, природен прираст 10 во 1990та до 20 и 25 во 50 и 60тите). Сега сме спаднати на 22-24.000 живородени и природен прираст 1.3-2 (ниту проста репродукција). Споредете писменост, религиозност, семејна одговорност, права на сопружниците и жената, планирање на семејство....Ако немаш пари да му овозможиш нормално функционирање и вдомување, нема да го раѓаш како оние од ридот кај касарна Илинден.
 
Последно уредено:
Не „зезај“, смешно е воведување на вакви „ступидни“ зборови, дури си мислам дека е со „малициозни“ намери, никако ова не го сметам „едукативно“.
Јас не би се фалел дека збогатување на речникот ми звучи глупаво или злонамерно.. Но тоа сум јас.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom