Ко некој шо се расправа со подно со години (нормално, не пробувам да ти продадам нешто сега)Сакам да поставам подно греење, но читам разни мислења и ставови.
Дали се препорачува во спални, какви подови се препорачуваат ( плочки или ламинат ) ?
Дали во дневна треба и дополнително греење ?
Вашите искуства ?
lol wut?Незнам колку е препорачливо заради циркулација на крвта......и друго, зошто да плаќаш пун износ на цена на ел. енергија кога можеш со клима да плаќаш дупло помалку.
lol wut?
јасен ми е тој дел... а temperature decay over time? со клима? каде што активно се задржува повеќе време загреаната вода на подно...
Мешачки вентил или различни разводни табли... Инаку во подлогата оди до 50 степени. Над тоа може да дојде до пукање на кошулицата, не 35. Топлината се предава (на добро изолирана подлога без ладни споеви и со 5цм минимум стиропор+ рефлектирачка фолија) за околу саат време почнува да се осеќа разлика. Веќе над два саати е загреано (збориме за струја)доколку се поставува подно греење:
- температурата на водата во системот на подната инсталација несмее да е повисока од 35*C.практика е да не се гаси/исклучува системот (бидејќи поптребни се 3-дена да се загрее кошулицата па потоа да почне да ја предава топлината во просторот
- се поставува почесто на плочки бидејќи подобри се за оддржување/поефтини
- со поставување на ламинат, ламинатот само ќе го изолира спречи предавањето на топлината од подот кон просторот (освен ако ламинатот не го лепишдиректно на кошулица без никаква додатна изолација.
-поставувањето на пархет е добро (бидејќи се лепи на кошулица директно но без употреба на КАТРАН) но тука пак имаме одредена изолација од самото дрво, но секако е попријатно. (негативна страна е тоа што дрвото се суши, за сушење и недостатоци немам информација)
при комбинации со класични радијатори ѕидни, мора да се постави МЕШАЧКИ вентил кој е околу 7000 денари.
Те молам уште извести не за трошоците - колку кубици дрво трошиш за една сезона?Јас имам подно во целата кука (63 м2) , имам комбинација од струја , дрва и соларно загревање на системот . Подот е од гранитни плочки . Е сега струја вклучувам мнооогу ретко 5-6 пати во сезоната , во основа додека е меѓусезонасезона ја користам топлината од резервоарот кој се грее од соларно ,користам помош некогаш и од климата , ретко го вклучувам електричното котле . Во сезона се греам на дрва , имам змија во печката која е поврзана со целиот систем на тој начин ја загревам целата вода во системот . Температурата ретко се крева над 35 степени и генерално е топло дома 23-24 степени . Не чини да е многу топол подот , барем мене ми е непријатно на нозете !