Тоа се случува само во исплашената глава на верниците, страв од некаков си анти-христ, без додатна потврда за постоењето си на некаков Христос. Љубовта MIKI1, љубовта, не стравот. Спознавање на бога преку страв не бива. Плашејќи се од некого кои не си сигурен 100% дали постои затоа што немаш никакви докази освен „вера“ која што се базира на книги со своја контракдикторност и нелогичност само му дава моќ над тебе, а така ставаш само еден нов превез на твојот пат, превез кој ќе сакаш да го поделиш и со другите и нивните патеки на самоспознавање. А тоа води до лудило.
Не постои поголема грешка од тоа да се затвориш во својата глава, да се скриеш позади изградени ѕидови од догми. Секојдневно ќе ти ги рушат, сакал несакал. Не можеш да ја обвинеш слободата на човекот и да ја споредиш со грев - затоа што нема грев, но има последица.
Пробај само ускрати му ги некому правата што се објавени во Liber Oz и гледај како ѕидовите на твоите догми паѓаат, потоа оди и обвинувај го сатаната затоа што луѓето не сакаат да бидат покорни на вашите лаги и безсмислици. Начини за самооправдување има еден куп, верникот ќе ги бара и најде. Но начини да го исправиш еднаш направениот акт во Универзумот да се врати нема, а тоа си сноси своја последица. Јас велам не можеш да го ускратиш ниту едно право што е објавено во Liber Oz на ниту еден човек без да си поминеш лошо, многу лошо. Затоа...
Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон!
П.С за и нам да ни помогнеш да дојдеме до некое ниво до кое што си дошол ти, а јас тоа воопшто не го сметам за лошо, би било препорачливо да почнеш да пишуваш за храмови, за икони, за светците и нивните житија. Да научиме нешто ново за православието, да ни го представиш во едно подобро светло.Јас денес бев на прошетка во еден манастир и ги гледав луѓето како палеа свекички и се поклонуваа на иконите и даруваа крпи, маици и ниту еден од нив не се расправаше со некој си атеисти ниту пак зборуваше лошо за атеистите, сатанистите и слично.
Со зборување за смрт и грев само оставаме една негативна слика за религијата, зарем не ти е јасно?