Постов е од 08.12.2015
Да пријавам дека пројдов на интервјуто, конечно! Едноставни беа прашањата во стилот што си по националност, дали некој од семејството има бугарско државјанство, дали имам роднини во Бугарија, колку често патувам таму, каде и што работам, зошто сакам државјанство и што планирам со него, да набројам 3 државни празници... На време ме повикаа и за точно 15 минути завршив. Гужва немаше.
Сега имам бројче и пин со статус "Образувана преписка" а ми рекоа дека за година до година и пол ќе има финален статус.
Епа нека е на здравје чекањето.