Епа сестро, не иде то тако.
Сакаш еден, ама некој друг ти се засвиѓал, па сега ќе оставиш некој кој те сака за да пробаш (врска) со друг.
Нема безболен начин на раскинување. Секое раскинување боли, посебно ако некој те сака вистински. А на тој што си оди, секогаш му е полесно.
Ризикувај, кажи му дека си спремна да ја отфрлиш неговата љубов за некој си таму со ист карактер кој ненормално многу те привлекува.
И немој после кога првиот ќе те отпише од листа на живи, а вториот тебе ќе ти раскине, да си шепотиш “Леле леле, што си направив“.
Болеста на 21 век се вика “халуциноген агол“. Се манифестира со илузија дека на аголот од другата улица не чека некој ’подобар’ со кој сите наши копнежи и желби ќе бидат остварени... А никој не се запрашува себе си дали барем малку го заслужил тоа што го има во моментот.