Во ред е сѐ тоа. Но и сам мислам дека кажа дека немаш којзнае колку семејства па според тоа ваљда и не вадиш којзнае колку мед. На тој принцип колку ќе вадиш? 100 кила? Уште па ако е ладно...
Нејсе, секој работи како му одговара и според условите нормално. Не е дека не функционира бормашина, но за малку пари може да се купи електромотор што ќе си биде за таа намена и нема да го мислиш.
Иначе од планираните 1 тон годинава, 200 кила ако извадиме ќе бидеме среќни. Се оправи времево ама сеуште абер немаат да наполнат нешто. Колку за споредба, лани со помалку семејства, овој период извадивме околу 300 кила багремов.