Постојат некои работи во животот за кои колку и да сакаш, колку и да се трудиш да испаднат `ко што треба тие ќе се испревртат наопаку. Само памти: колку повеќе шанси им даваш на луѓето, толку повеќе ќе те повредуваат, луѓето се опасни. Јас иако ти го кажувам ова не можам да повлечам линија, не ме бива. Јас кога ќе кажам дека сакам некого, навистина го сакам и не можам да пресечам. Ти ако можеш да пресечеш и да не се замараш со нив двајца, верувај ми ќе ти биде супер.
Јас многу пати сум била повредена од луѓе на кои сум им кажала и сум им покажала дека ги сакам, па веќе ми стана нормално да ме повредат на крај, онака убаво да избришат под со мене, ама не е точно дека следниот пат кога ќе те зезнат ќе боли помалку. Тогаш боли повеќе, боли дека не си ја научил лекцијата од претходно, ама тогаш веќе биднало се`, па ќе се јадосуваш како си се зезнал пак за иста работа. Колку и да се трудиш некои работи не зависат само од тебе. Секогаш ќе се најде некој „паметен“ кој ќе ти ја покажува лажната страна од медалот. Важно е само да се повлечеш првиот пат кога ќе насетиш дека е време за повчекување, ако почнеш да молиш, да се извинуваш, верувај ми тогаш отиде се`... Тогаш ќе се изгубиш себе, а другата страна ќе гледа и ќе ужива додека тонеш, оти на тој начин си го храни егото. Подобро што на време ти се случило ова, па не си потрошил многу време на нив двајца.
Но, никогаш не гледај на нив како на залудно потрошено време. Не си ти тој што ги повредил, ти можеш мирно да си спиеш.