Здраво , ве молам за еден совет...во врска сум година и пол скоро со дечкото и се е прекрасно...океј сега има и ситни караници ама сепак се се разрешува со разговор...пред некој ден беше роденденот на неговата сестра(21 година што значи е поголема скоро 2 години од нас)(со која имав некои проблемчиња која таа ги правеше,знаете на почетокот беше супер,фина и добордушна,но подоцна почна да си го покажува лицето...ми се потсмеваше,ме исмејуваше но не само мене туку и брат и пред другите,па потоа велеше леле немој да ме сфаќаш сериозно јас само се шалам и што уште да не набројувам..но сепак јас бев онаа која за се најдуваше решение и секогаш знаев да комуницирам малку потешко со неа,и секогаш кога ќе ме навредеше јас и попуштав и не се спуштав на нејзино ниво,се што и требаше од Орифлејм за порачки секогаш од кај мене порачуваше.ќе излезеше нов каталог, специјална понуда јас одма неа,ќе порача ќе и дадев по набавна на неколку пати,ама изгледа сум била глупава..летово додека бевме на 1 ден Охрид,се сместивме кај нив (таа и нејзиниот дечко) и ми помогна кога не ми беше добро ( имав симптоми на вирус) лично му се забалгодарив за тоа што се грижеа за нас и кога стасвме дома и пратив порака но не добив ни еден сигнал дека ја прими и прочита пораката...а мојов постојано “Таа ми е сестра јас ништо не можам тука,тоа е карактер“ )
Сега да преминам на тоа што треба...значи и беше пред некој ден роденден,па дента кога и беше мојов ми вели “Сестра ми вечер ќе ти прати порака за да дојдиш кај неа на роденден“ и јас ОКеј добро чекам јас..и не прати порака..наредниот ден ми вика “Дада ми рече да дојдиш кај нас на торта за роденденот“...толку сум се нанервирала значи... му викам ОКеј ќе видам дали ќе дојдам оти можи да не бидам слободна и сношти настана караницата...
Тој:“Дада ми да знаеш ти се лути оти не дојде“ хммм а таа ме покани мене?? му објаснив дека не е убаво така да се прави да покануваш некого преку некој друг,особено ако е некој поблизок..а тој почна одма во одбрана на сестра си при што ги изговори следниве реченици “Ти си разгалена..многу те разгалиле од дома,што сакаш ти?да ти пратат покана за на роденден?или во живо да те поканат? "ти ја мразиш сестра ми,не ја почитуваш , после ќе и го кажам тоа“ ...и следуваше шокантната реченица “Сестра ми ти има повеќе помогнато тебе отколку ти неа“ молам???? тоа се мери???
а јас само му кажав дека луѓето ги почитувам онолку колку што тие ме почитуваат мене...Тој:Ќе и речам да ти прати порака вечер за да дојдиш“
Jac:Не,благодарам...а зошто кога требаше не ми прати порака?
Тој:Па знаеш немала кредит,а за на фб или мсн не седи на компјутер оти на работа е до 8 навечер
хахха АКо некој сака да те покани ќе најде начин му реков..
НЕ знам што да правам...дали да појдам на роденден или не? дали згрешив така што изреагирав пред него?дали правилно постапив се што му изнареков??