Руска ископирана технологија

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
http://mk.rbth.com/science/2016/08/24/ruskata-laserska-tehnologija-ja-menuva-pretstavata-za-vojnata-na-idninata_623587

ajt ushte edna kopija

Руската ласерска технологија ја менува претставата за војната на иднината
06 септември 2016 г. Александар Вершинин
На почетокот на август 2016 година руските воени лица изјавија дека се подготвуваат да ги воведат во вооружувањето првите примероци на ласерско оружје. За прв пат станува збор за целосно конкретен проект кој може да отвори нова страница во историјата на Вооружените сили на Русија.[DOUBLEPOST=1473191115][/DOUBLEPOST]Авторите на научната фантастика го имаат опишано механизмот на дејството на ласерското оружје многу пред во главите на научниците да се појават првите никулци за практичните цели за користење на насочените снопови на електромагнетното зрачење.

Главната тешкотија била во тоа што за да се создаде во каков и да е степен воен ласер, потребен соодветен моќен извор на енергија. До средината на 20 век за овој проблем не се наоѓало техничко решение. Оттогаш науката има направено премногу голем чекор напред.

Ласерите се користат насекаде, а особено во медицината и во индустријата. Но, и во воената сфера одамна не се работи само за фантастично „оружје на иднината“.

Солиден ласер кој функционира врз основа на специјални диоди, се смета од страна на војската во водечките земји во светот како најефикасното средство за борба против балистички и крилати ракети. Монтиран на авион, тој може да уништува цели во вселената, а освен тоа и практично целиот спектар на подвижни цели во воздух.

Рендгенскиот ласер може да се бори дури и со такви објекти, кои се скриени зад масивни прегради. Неговото влијание води до нарушување на внатрешната структура на нападнатиот објект и до негово практично распаѓање. Стрелањето од ласерот може да биде целосно незабележано за човековите очи, а неговиот ефект на напад е премногу значаен. Во зависност од моќта на зракот и објектот на влијание, целта може да се распадне на делови, да изгуби ориентација во просторот или да се разнесе.

Странското искуство
Во годините на Студената војна наддржавите беа опседнати со ласерското оружје. Озлогласената Стратешка одбранбена иницијатива (СОИ) на американското раководство од осумдесеттите години на минатиот век претпоставуваше активно користење на ласери за борбата против советските балистички ракети. При тогашното техничко ниво ваквата идеја изгледаше очигледно тешко изводлива, но оттогаш е направено многу.[DOUBLEPOST=1473191148][/DOUBLEPOST]Признат лидер во развој на ласерско оружје во странство е компанијата Боинг (Boeing). Ласерите кои нејзините инженери ги инсталираат на авионот, во перспектива се способни за многу нешта: од уништување на непријателски проектили до струјно влијание врз копнените објекти.

Американците гледаат на ласерот како на нова етапа во развојот на хај-тек оружјето. Тоа е во состојба да уништува цели, без да нанесе никаква штета на околните објекти. Мошне заинтересирана за ласерите е и флотата на САД. Најновите испитувања покажаа дека ласерските топови се најефикасното оружје против непријателските бродови, подморници, авиони и дронови.[DOUBLEPOST=1473191195][/DOUBLEPOST]Руски одговор
Советскиот Сојуз не заостануваше од американските конкуренти. Во СССР се развиени технологии за уништување на шпионски сателити врз основа на ласер. Ласерски топови со огромна моќност беа поставени на пловечка платформа и беа направени неколку испитувања.
Беше дискутирано за проекти за монтирање на ласерско оружје на советските сателити. Пред распадот на СССР дури успешно беше дизајнирана специјалната борбена сателитска платформа „Скиф“. Проектот „Тера“ беше осмислен за создавање на ласерски систем за противракетна одбрана.

По 1991 година голем дел од работата над овие проекти беше запрена, но сепак доста работи се задржани. Токму нив сега ги користат руските производители на оружје. Ласерскиот лансери А-60 е истиот оној од советската разработка, само што е подобрен во современа Русија. Тој претставува аналог на проектот на компанијата Боинг - ласерска лабораторија, монтирана на товарен авион.

По повеќе од 10 години заборав, сега концернот „Алмаз-Антеј“ веќе започна да работи на практичната примена на идејата за создавање на домашно ласерско оружје врз основа на А-60. Тестирањата спроведени во 2009 година поминаа успешно: ласерскиот импулс А-60 уништи сателит на 1.500 км над Земјата. Тој успеа да се справи и со секоја летачка цел, вклучувајќи ги дроновите и балистичките ракети. Иако превезот на тајноста, го покрива развојот на руските ласери, со сигурност може да претпоставуваме дека токму тие ќе го детерминираат изгледот на оружјето во најблиска иднина.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279

Тое е веќе стара вест за запад, американците експериментираат тестираат и користат ласери уште од 60 сетите години, веќе години уназат имаат ласерско оружје на бродови, русите сег откриваат дека плнираат во иднина да поставуваат и тие ласери на бродови.
Башка нешо ми е сумњиво то уништување на сателит на 1500 километри висина со ласер..... претераа русите со пропаганда....
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Koj kupi vo Ukraina sose laser ???
A i toa pred kolku godini i zashto?
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
812
Поени од реакции
510
Американски стручњаци го измислија ласерот
После нив другите почнаа да копираат
Oкеј сфaтивме, Русите се еднa зaoстaнaтa цивилизaцијa (не знaм дaли и тaкa дa ги нaречaм), кoи не мoжaт дa им се фaтaт нa мaлoтo прсте нa Америкaнците вo ниеднa oблaст. Се прaшувaм дaли вo Русијa искoчијa oд пештерите дa видaт декa Земјaтa е всушнoст сферa, a не плoчa кaкo штo мислaт?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Oкеј сфaтивме, Русите се еднa зaoстaнaтa цивилизaцијa (не знaм дaли и тaкa дa ги нaречaм), кoи не мoжaт дa им се фaтaт нa мaлoтo прсте нa Америкaнците вo ниеднa oблaст. Се прaшувaм дaли вo Русијa искoчијa oд пештерите дa видaт декa Земјaтa е всушнoст сферa, a не плoчa кaкo штo мислaт?
Тоа им се влече уште од цаството, во 1917 година русија беше феудална земја додека америка беше индустриска капиталистичка, па ги фати перод на револуции и контрареволуции, додека америка не застана во напредок, па воведоа државен социјализам кој ја гуши приватнната иницијатива, конкурентност на пазарот, простор за иновации и технички напредок, а америка си шибаше напред, па тој државен социјализам ги доведе на питачки стап, незадоволсво кај популацијата во тек на 80 десети, па пропаст на СССР на Варшавски договор, прекин на многу какви такви проекти, застој во истражувања во тек на 90 сети, голем одлив на стручњаци на запад.... а за то време америка не престана со напредок.... скоро имавме тро знаци дека нешо пак се случува во русија, се обновија проекти од 90 сети, е рестартираа некои идеји кои ги напуштија во 80 десетите, али се се уште многу зад америка и технолошки и квалитативно, па сега им се удри на цената на нафтата а тоа директ им се одразува на пари за војска и истражувања.
Понекогаш, успеваа да исфрлат нешто свое, добро за тоа време, али општо, глобално, беа а и се, далеку зад запад а посебно америка.
Затоа се фрлени доста на тоа да набават проучат и ако можат ископираат западна или америчка технологија, затоа што едноставно немаат ни време ни капацитети сами од почеток да развиваат свое.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Американски стручњаци го измислија ласерот
После нив другите почнаа да копираат
..не заебаај...бугарите, американците дури кога се растурија Варшавските , им го купија институтот и останато со се глувците, па пркнаа...какви 60 години какви бакрачи, само у стрипови супермен им имаше ласерски поглед.... :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Американски стручњаци го измислија ласерот
После нив другите почнаа да копираат
Пробај со научниците со зелена карта и амерички пари.
Најголем дел од научниците не се од Америка, но теориите што ги развиле во нивните земји (меѓу кои и русија) немаат пари да ги тестираат и не само што немаат пари за тестирање, туку и да се вратат дома, пак ќе немаат пари за да направат копија. Американците се напред, не заради тоа што многу им фаќа акалот, туку затоа што даваат азно не броено на тие што им фаќа. Образовниот систем во Америка не продуцира стручњаци, тие увезуваат стручњаци.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Пробај со научниците со зелена карта и амерички пари.
Најголем дел од научниците не се од Америка, но теориите што ги развиле во нивните земји (меѓу кои и русија) немаат пари да ги тестираат и не само што немаат пари за тестирање, туку и да се вратат дома, пак ќе немаат пари за да направат копија. Американците се напред, не заради тоа што многу им фаќа акалот, туку затоа што даваат азно не броено на тие што им фаќа. Образовниот систем во Америка не продуцира стручњаци, тие увезуваат стручњаци.
Aмерика си беше моќна и напредна и во 1920 и 1930 1950 1970 ... и денес. Во 1914 година Роберт Годард ја патентира повеќе степената ракета, во 1923 ја тесира а во 1926 лансира првата во човештвото ракета на течно гориво, 1919 ја објави “Методите за достигнување на екстремни висини“ Готард успешно примени жироскопи, контрола на трите оски, контрола со потисници на своите експериментални ракети - денес шо е неизбежен елемент н секоја ракета, во првата светска војна го претстави и успешно тестира првиот рачен ракетен фрлач во светот (предокна денешни базуки, РПГ, Зољи...)
Она шо денес го знаеме за ракети, ракетните програми, освојување на вселената, летови во вселена, балистички ракети.... го втемели американецот Готард

после германци, руси.... превзедоа и ископираа
 
Последно уредено:

...аууу, за некои ванземаљци да не збориш??? ...тоа не се сигурно оние ашљаци од преку Атлантик???
..патем ова е генијалната дизна за гориво на GE , невидена досега...направена со тродимензионално принтање легура на метал смислен во русија, на германски принтер
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
...аууу, за некои ванземаљци да не збориш??? ...тоа не се сигурно оние ашљаци од преку Атлантик???
..патем ова е генијалната дизна за гориво на GE , невидена досега...направена со тродимензионално принтање легура на метал смислен во русија, на германски принтер
3D принтање?
нели е то Амерички пронајдок со патент на Чарлс Хул од 1986 години, основач на “3Д систем“ најголема светска 3Д принтинг организација...
и како секогаш, после дојдоа германци, руси... и превзедоа и ископираја (и 3Д и 2Д)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
3D принтање?
нели е то Амерички пронајдок со патент на Чарлс Хул од 1986 години, основач на “3Д систем“ најголема светска 3Д принтинг организација...
и како секогаш, после дојдоа германци, руси... и превзедоа и ископираја (и 3Д и 2Д)
:facepalm:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom