Прашања за Исламот III

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Да бидеш благодарен затоа што го створил светот за да ти користи, треба да живееш по принципите на природата, односно на БОГ, како би ја зачувал и би ја заштитил оваа планета за твоите следни поколенија! Хаосот го уништува светот, а безредието е патот до хаосот!
Погледни хаосот како го уништил светот на места како Амазон.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Ти си тогаш заробен од денешниот капиталистички режим кој целиот свет го држи во заложништво!

Моето срце е многу подобро ако го мериме по медитацијата, бидејќи ти правиш фискултура наречена ЈОГА а јас 5 пати на ден обавувам молитва, во која му се заблагодарувам на природата (БОГ) за се она што ми го дал! Ти препорачувам, многу е подобро од Јогата!

Кој не го разбира шеријатот не може да го разбере, а ти најмалку, бидејќи во твојот свет постоиш само ти и си семоќен![DOUBLEPOST=1473079766][/DOUBLEPOST]

Што има да разберам кога ми кажуваш дека доказ како Куранот е контрадикторен е реченицата каде што бог кажува ека створил 7 небеса и земји и дека на нив створил сонце и месечина.

Сите војни во Исламските држави ги направиле и ги прават капиталците од западот, кои си играат игри над муслиманскиот народ.

Да бидеш благодарен затоа што го створил светот за да ти користи, треба да живееш по принципите на природата, односно на БОГ, како би ја зачувал и би ја заштитил оваа планета за твоите следни поколенија! Хаосот го уништува светот, а безредието е патот до хаосот!
Дали ти му се заблагодаруваш на твојот бог за тоа што има и гладни и болни невини деца во светот, коишто се мачат, страдаат и умираат? Дали си му благодарен за сите болести, чуми, вируси, катастрофи, непогоди, несреќи кадешто згаснале невини животи?
Каде е твојот бог за нив да ги спаси?
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
35
Поени од реакции
1
Дали знаеш што разговарале Бахира и Мухамед?








http://www.davidpublisher.com/Public/uploads/Contribute/567261e178dfd.pdf

Продолжи да ми говориш за правилноста на Куранот, можеби и ќе ти поверувам.

И дај поткрепи некое свое тврдење со извор, а не само со фоилозофирање.:)
Овие твои слики кои ги постираш тука ги сметаш како доказ?!

се лажеш, ова е нешто кое го напишал некој, на некоја си страница по интернет, каква што јас можам да ти направам за 2 минути и да напишам и да објавам на неа што ќе ми падне на памет![DOUBLEPOST=1473080918][/DOUBLEPOST]
Дали е точно дека празникот Рамазан или Рамазан Бајрам (што е за неколку дена) е празник за жртвувањето на Абрахам на сопствениот син.
Не е рамазан Бајра туку е курбан бајрам, кој е празник на солидарност и хуманост.

Се жртвува животно, кое се дели на три дела, од кои едниот дел е за себе, вториот дел е за поблизната фамилија и третиот дел е за сиромаси и сираци.

Ибрахим А.С. (аврам) пробал да го жртвува својот син, но бог во замена му испрати Овен кој беше жртвован на местото на неговиот син.

Солидарноста и Хуманоста е слика за оние кои им принесувале жртва на идоли и кипови во кои верувале, сето тоа да го заменат со човечност, хуманост и солидарност, со која ќе го постигнат Божјиот благодет.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што има да разберам кога ми кажуваш дека доказ како Куранот е контрадикторен е реченицата каде што бог кажува ека створил 7 небеса и земји и дека на нив створил сонце и месечина.
Не ја свати поентата, иако ти ја објаснив. Еве пак: Поентата е што не сваќате дека верувањето само по себе не е знаење, уште помалку мудрост, напротив, може да биде тешка заблуда. Примерот со 7-те неба докажува дека ти можеш да го толкуваш тоа на еден начин, јас можам на друг! Нема објективен репер што може да докаже дека ти си единствено во право или дека јас сум единствено во право. Се е сведено на жими мајка.
Сите војни во Исламските држави ги направиле и ги прават капиталците од западот, кои си играат игри над муслиманскиот народ.
Најлесно е да се обвини друг за сопствената неспособност. Ако јас и ти се почитуваме, имаме мудрост и разбирање, како може било кој однадвор да не натера да се убиваме?! Таква ,,хармонија" е лажна, штом веруваш дека може толку лесно да се уништи.
Да бидеш благодарен затоа што го створил светот за да ти користи, треба да живееш по принципите на природата, односно на БОГ, како би ја зачувал и би ја заштитил оваа планета за твоите следни поколенија! Хаосот го уништува светот, а безредието е патот до хаосот!
Благодарноста, почитта и љубовта се нешта кои се заслужуваат, а не нешта кои треба да се изнудат со закани и заплашувања. Јас никому не сум напишал молба да ме создаде за да има право да ме нарекува роб и да ми се заканува со огнови, мачења и страдања ако не го обожавам. Такво битие во никој случај неможе да биде Господ, колку сака да е моќно.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
35
Поени од реакции
1
Јас немам впечаток дека зборовите во Куранот се кажани од страна на "Тој".Зошто севишниот збирува за себе во множина? Насекаде низ текстот откривачите на словото себеси се опишуваат као "Ние". Кои се тоа "Ние"??? Богови, различни аспекти на Бога, ангели, дружината на Мухамед, Мухамед и писарот..???
Вечќе со години давам одговори насекаде на ова прашање но се гледа дека уште долго ќе се поставува истото па истото.

Си слушнал ли за персирање? Прво во арапскиот јазик се користи ние, за да се потенцира надвалста и почитта која ја заслужува, во најголем дел од случаите е тоа во прашање, а на одредени места тоа ние може да се однесува и на фактот што Мелекот Џебраил (Ангелот Гаврил) е оној кој ги доведувал објавите до божјите пратеници.[DOUBLEPOST=1473081640][/DOUBLEPOST]
Знаеш многу добро, но еве ти дополнителни информации за да знаеш одлично.;)

The word namaz or namaaz is used in modern Persian to mean prayer. It is derived from namazh, in turn derived from the Middle Persian namaach, a word with roots in the Avestan nemangh. Interestingly, in Avestan nemase-te means 'reverence to you'. Compare with Hindi namaste from Vedic Sanskrit namas-te meaning 'honouring-you'. The word namaz is now also used by Persian and Indo-Pakistani Muslims to mean prayer. Muslims have also taken the concept of praying five times a day and using a prayer cap or head-covering while praying from Zoroastrianism.

Nowadays, even with the advent of temples, worship or praying for Zoroastrians is primarily an individual endeavour at home or in the open, by the sea, on hill tops, or in some other suitable open setting.

Zoroastrians worship together on special occasions often called a jashne or jashan (also jashn / jasan), words that evolved from yasna (Avestan), which later became yazishn (Middle Persian) and then izeshne or ijeshne.

Zoroastrians turn towards a flame (atarsh/athra/atash) or a source of light while praying. At the heart of a Zoroastrian place of worship burns a fire - and where possible the fire burns continuously symbolizing an eternal flame.

The orthodox will pray during each of the five divisions of the day (see our page on the Zoroastrian calendar) or gahs (see our page on the Avesta, scriptures) including reciting a special set of prayers before and after bathing.

http://heritageinstitute.com/zoroastrianism/worship/

Повторно со овие безмислени текстови?

Дечко дали знаеш дека Намазот како молитва се користел пред создавањето на човекот?

Кога бог го создал мелекот Џибрил (Ангел Гаврил) он му обавил молитва, Намаз!

Адем А.С. (адам) извршувал Намаз, а е првиот човек на земјата, Нух А.С. (Ное) извршувал Намаз, Ибрахим, Муса, Јакуб, Иса А.С. (Аврам, Мојсие, Исраил, Исус) обавувале намаз!

Можно ли е од некој од нив Зороастриската цивилизација да го превзела тоа?![DOUBLEPOST=1473081980][/DOUBLEPOST]
Дали ти му се заблагодаруваш на твојот бог за тоа што има и гладни и болни невини деца во светот, коишто се мачат, страдаат и умираат? Дали си му благодарен за сите болести, чуми, вируси, катастрофи, непогоди, несреќи кадешто згаснале невини животи?
Каде е твојот бог за нив да ги спаси?

Тоа сето се случува поради злобата на луѓето, јас се заблагодарувам што не сум еден од оние кои ги зафатиле тие работи, а се молам да ги сочува сите од нив, колку што можам се трудам да им помогнам и да направам нешто за да им се помогне.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.715
Поени од реакции
9.309
Ти мислиш дека со овие зборови ќе докажеш нешто, но далеку си, Куранот е последната објава до човештвото, за која се говори во стариот завет, како и во новиот завет во Бернаби!

Доказ дека Куранот е непроменлив се чуварите, односно Хафизите, кои го знаат напамет и го чуваат во своите глави!!!
Не биди субјективен. Дај докази за тоа што го зборуваш. Спремен ли си за дискусија?

Па да почнеме.

Првин, да почнеме со разговорот помеѓу Бахира и Мухамед.

Еве ти го А преводот од сириски oд страна 217 до 222:








Б преводот на тој разговор од сириски ти е од 238 до 243 страна.

Преводот од арапски на тој разговор ти е од страна 132 до страна 152 (со забелешка дека овие страни се на крајот на книгава).

Оригиналниот текст на сириски (Leššānā Suryāyā) ти почнува од страна 202, а во книгава имаш и текстови на арапски.

https://archive.org/stream/AChristianBahiraLegend#page/n1/mode/2up

П.С.:Дали тоа „Бернаби“ го научи од робот христијанин Ибн Кумта?

П.П.С: И доста со !!!!!!!!....!!!, туку поткрепи барем некое свое тврдење со доказ, а не само да негодуваш.;)
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
35
Поени од реакции
1
Не ја свати поентата, иако ти ја објаснив. Еве пак: Поентата е што не сваќате дека верувањето само по себе не е знаење, уште помалку мудрост, напротив, може да биде тешка заблуда. Примерот со 7-те неба докажува дека ти можеш да го толкуваш тоа на еден начин, јас можам на друг! Нема објективен репер што може да докаже дека ти си единствено во право или дека јас сум единствено во право. Се е сведено на жими мајка.
Во првото поглавје објавено во Куранот, бог вели, Учи во името на господарот твој кој создава, кој го создаде човекот од алек (Зигот).

Во тоа време сето тоа беше во ветар, се додека научниците не дознаа како човекот настанува во утробата на својата мајка, па стана не на жими мајка, туку научен факт и доказ, така и јас и ти можеби нема да бидеме сведоци, но ќе дојдат нови генерации кои сето тоа ќе го истражат и научно ќе го докажат.

Така за тебе она што го потврдил Куранот а не го потврдила науката е на жими мајка, а јас сум убеден дека е така и дека еден ден и науката ќе го дознае тоа, како што дознала за многу работи кои се кажани во Куранот!

Најлесно е да се обвини друг за сопствената неспособност. Ако јас и ти се почитуваме, имаме мудрост и разбирање, како може било кој однадвор да не натера да се убиваме?! Таква ,,хармонија" е лажна, штом веруваш дека може толку лесно да се уништи.
слабоста е во тоа што Муслиманите го оставиле токму горенаведеното “учи“ и ја напуштиле темелната порака на Исламот, со што заостанале зад останатиот свет после долговековното предводење. Со што им дозволиле на останатиот свет да врз нив се однесува како истражувач врз експериментални глуфци во лабораторија!

Благодарноста, почитта и љубовта се нешта кои се заслужуваат, а не нешта кои треба да се изнудат со закани и заплашувања. Јас никому не сум напишал молба да ме создаде за да има право да ме нарекува роб и да ми се заканува со огнови, мачења и страдања ако не го обожавам. Такво битие во никој случај неможе да биде Господ, колку сака да е моќно.
Секоја работа има своја цел, па природно е и постоењето на човекот и животот да има некаква цел!
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Овие твои слики кои ги постираш тука ги сметаш како доказ?!

се лажеш, ова е нешто кое го напишал некој, на некоја си страница по интернет, каква што јас можам да ти направам за 2 минути и да напишам и да објавам на неа што ќе ми падне на памет![DOUBLEPOST=1473080918][/DOUBLEPOST]

Не е рамазан Бајра туку е курбан бајрам, кој е празник на солидарност и хуманост.

Се жртвува животно, кое се дели на три дела, од кои едниот дел е за себе, вториот дел е за поблизната фамилија и третиот дел е за сиромаси и сираци.

Ибрахим А.С. (аврам) пробал да го жртвува својот син, но бог во замена му испрати Овен кој беше жртвован на местото на неговиот син.

Солидарноста и Хуманоста е слика за оние кои им принесувале жртва на идоли и кипови во кои верувале, сето тоа да го заменат со човечност, хуманост и солидарност, со која ќе го постигнат Божјиот благодет.
Молете се да нема Бог......затоа што ако има овни ќе ве направи за цела вечност. Жртви они ќе принесувале.......копуци!
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
35
Поени од реакции
1
Не биди субјективен. Дај докази за тоа што го зборуваш. Спремен ли си за дискусија?

Па да почнеме.

Првин, да почнеме со разговорот помеѓу Бахира и Мухамед.

Еве ти го А преводот од сириски oд страна 217 до 222:








Б преводот на тој разговор од сириски ти е од 238 до 243 страна.

Преводот од арапски на тој разговор ти е од страна 132 до страна 152 (со забелешка дека овие страни се на крајот на книгава).

Оригиналниот текст на сириски (Leššānā Suryāyā) ти почнува од страна 202, а во книгава имаш и текстови на арапски.

https://archive.org/stream/AChristianBahiraLegend#page/n1/mode/2up

П.С.:Дали тоа „Бернаби“ го научи од робот христијанин Ибн Кумта?

П.П.С: И доста со !!!!!!!!....!!!, туку поткрепи барем некое свое тврдење со доказ, а не само да негодуваш.;)

Бесцелни ти се овие текстови, не може секоја книга да биде аргумент, не може секој текст да биде доказ, најдобар доказ е моето убедување, и логиката во него, што има да ти копирам бесцелни текстови, кога ти го кажувам она што го мислам и во кое сум убеден и го поддржувам?!

Ова е дискусија а не место каде бесцелно ќе се цитираме и препишуваме!

Кога се работи за искуството на Мухаммед С.А.В.С. и Бахира, најважно е што бахира го препознал последниот Божји Пратеник во него![DOUBLEPOST=1473083121][/DOUBLEPOST]
Молете се да нема Бог......затоа што ако има овни ќе ве направи за цела вечност. Жртви они ќе принесувале.......копуци!
Ти на буда ли му принесуваш жртви?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.715
Поени од реакции
9.309
Бесцелни ти се овие текстови, не може секоја книга да биде аргумент, не може секој текст да биде доказ, најдобар доказ е моето убедување, и логиката во него, што има да ти копирам бесцелни текстови, кога ти го кажувам она што го мислам и во кое сум убеден и го поддржувам?!

Ова е дискусија а не место каде бесцелно ќе се цитираме и препишуваме!

Кога се работи за искуството на Мухаммед С.А.В.С. и Бахира, најважно е што бахира го препознал последниот Божји Пратеник во него!
Го прочита ли разговорот помеѓу Бахира и Мухамед?

И доколку не може секоја книга да е аргумент, ти понудив и ќе ти понудам делови од текстови во оригинал, на арамејски, хебрејски, старогрчки и авестански, од светите книги на Евреите, Христијаните, Зороастријанците, Гностиците и други, кои вие си ги присвоивте во Куранот.

Прашањето е, дали ти си спремен за тоа?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во првото поглавје објавено во Куранот, бог вели, Учи во името на господарот твој кој создава, кој го создаде човекот од алек (Зигот).

Во тоа време сето тоа беше во ветар, се додека научниците не дознаа како човекот настанува во утробата на својата мајка, па стана не на жими мајка, туку научен факт и доказ, така и јас и ти можеби нема да бидеме сведоци, но ќе дојдат нови генерации кои сето тоа ќе го истражат и научно ќе го докажат.

Така за тебе она што го потврдил Куранот а не го потврдила науката е на жими мајка, а јас сум убеден дека е така и дека еден ден и науката ќе го дознае тоа, како што дознала за многу работи кои се кажани во Куранот!
Ако куранот крие научни факти, зошто на вас ви текнува што е што дури одкако науката нешто ќе открие? Еве ќе го земам за пример ширењето на космосот. Едвин Хабл тоа го откри во 1929-та година, денеска нема муслиман што не тврди дека во куранот го пишувало тоа, но зошто исламот не му го откри тоа на светот пред 1929-та година? Зошто молк? Затоа што секој стих во куранот може да се толкува на повеќе од еден начин и зависно од ситуацијата да се тврди дека се мислело на она што науката го открила. Или како што веќе реков, се ви се сведува на жими мајка.
слабоста е во тоа што Муслиманите го оставиле токму горенаведеното “учи“ и ја напуштиле темелната порака на Исламот, со што заостанале зад останатиот свет после долговековното предводење. Со што им дозволиле на останатиот свет да врз нив се однесува како истражувач врз експериментални глуфци во лабораторија!
И кој е крив за тоа? Се додека не сватите дека самите сте си одговорни за сопствената судбина, други ќе ви бидат виновни.
Секоја работа има своја цел, па природно е и постоењето на човекот и животот да има некаква цел!
Точно, но тоа не го менува фактот дека јас никому не напишав молба да ме создаде за да има право да ме смета за негов роб. Исто така тоа не го менува фактот дека почитта, љубовта и благодарноста се заслужуваат, не се добиваат со заплашувања, закани и уцени.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
35
Поени од реакции
1
Го прочита ли разговорот помеѓу Бахира и Мухамед?

И доколку не може секоја книга да е аргумент, ти понудив и ќе ти понудам делови од текстови во оригинал, на арамејски, хебрејски, старогрчки и авестански, од светите книги на Евреите, Христијаните, Зороастријанците, Гностиците и други, кои вие си ги присвоивте во Куранот.

Прашањето е, дали ти си спремен за тоа?
Но ти изгледа дека не ме пратиш, јас не ги негирам нивните постапки, Куранот ги потврдува сите нив и ги дополнува, па така Алкохолот кој бил само непожелен во време на Иса (исус) со куранот се забранува.

Ти не сваќаш дека јас не ги негирам сличностите, наспротив, ги прифаќам и знам дека имаат ист извор, верувањата во единствен бог низ вековите.[DOUBLEPOST=1473084550][/DOUBLEPOST]
Ако куранот крие научни факти, зошто на вас ви текнува што е што дури одкако науката нешто ќе открие? Еве ќе го земам за пример ширењето на космосот. Едвин Хабл тоа го откри во 1929-та година, денеска нема муслиман што не тврди дека во куранот го пишувало тоа, но зошто исламот не му го откри тоа на светот пред 1929-та година? Зошто молк? Затоа што секој стих во куранот може да се толкува на повеќе од еден начин и зависно од ситуацијата да се тврди дека се мислело на она што науката го открила. Или како што веќе реков, се ви се сведува на жими мајка.
Не затоа што се е на Жими Мјака, туку затоа што Муслиманите денес се многу слаби и одавна име земена науката од раце и дадени им се еден куп проблеми кои всушност не ни постојат, само да има со што да се занимаваат, наместо со наука!!

Доволно е да се вратиш назад низ времето кога Муслиманскиот свет откриваше и истражуваше, па така ги донесе најголемите откритија во тоа време, на алгебрата, астрономијата, географијата, медицината како и голем број на други научни дисциплини, а нивниот неисцрплив извор беше Куранот!

И кој е крив за тоа? Се додека не сватите дека самите сте си одговорни за сопствената судбина, други ќе ви бидат виновни.
Никој не ни е виновен, само злото кој владее во светот и кое се претставува како добро, а доброто како зло!!

Точно, но тоа не го менува фактот дека јас никому не напишав молба да ме создаде за да има право да ме смета за негов роб. Исто така тоа не го менува фактот дека почитта, љубовта и благодарноста се заслужуваат, не се добиваат со заплашувања, закани и уцени.
Никој не те присилува, но секоја постапка носи одговорност и последици!
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Не е рамазан Бајра туку е курбан бајрам, кој е празник на солидарност и хуманост.

Се жртвува животно, кое се дели на три дела, од кои едниот дел е за себе, вториот дел е за поблизната фамилија и третиот дел е за сиромаси и сираци.

Ибрахим А.С. (аврам) пробал да го жртвува својот син, но бог во замена му испрати Овен кој беше жртвован на местото на неговиот син.

Солидарноста и Хуманоста е слика за оние кои им принесувале жртва на идоли и кипови во кои верувале, сето тоа да го заменат со човечност, хуманост и солидарност, со која ќе го постигнат Божјиот благодет.
Не ги разликувам празниците кој е кој затоа и така пишав.
Значи у принцип се слави способноста на луѓето да ги жртвуваат сопствените деца.
Мене тоа ми звучи многу пореметено.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
35
Поени од реакции
1
Не ги разликувам празниците кој е кој затоа и така пишав.
Значи у принцип се слави способноста на луѓето да ги жртвуваат сопствените деца.
Мене тоа ми звучи многу пореметено.
А од каде ти заклучи дека се слави тоа?

Жртвувањето во име на бог потекнува од Аврам, односно Ибрахим А.С. кого го следат и Евреите и Христијаните.

Нема голема врска сето тоа со празникот Курбан бајрам, освен зборот жртва.

Во времето на Мухаммед С:А:В:С. се принесувале жртви на киповите и идолите, кои жртви се оставале со денови пред нив да смирисуваат без Идолите да ги допрат и искористат жртвите принесени во нивно име, Исламот проповедал дека тоа треба да биде жртва за човечност во име на единствениот БОГ кого не му треба храна, која жртва ќе биде хумано дело и помош за оние кои се загрозени!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не затоа што се е на Жими Мјака, туку затоа што Муслиманите денес се многу слаби и одавна име земена науката од раце и дадени им се еден куп проблеми кои всушност не ни постојат, само да има со што да се занимаваат, наместо со наука!!

Доволно е да се вратиш назад низ времето кога Муслиманскиот свет откриваше и истражуваше, па така ги донесе најголемите откритија во тоа време, на алгебрата, астрономијата, географијата, медицината како и голем број на други научни дисциплини, а нивниот неисцрплив извор беше Куранот!
Лага е тоа дека извор бил куранот. Алгебрата, астрономијата, географијата, медицината и слично, арапите ги превземаа од грчките филозофи и нивните дела! Арапите активно преведуваа книги од грчки, и истите беа основа и темел на златното доба на арапскиот полуостров. За тоа има безброј аргументи и докази.
Никој не ни е виновен, само злото кој владее во светот и кое се претставува како добро, а доброто како зло!!
Злото црпи сила од стравот, тој му е еден од сојузниците. Другиот е заблудата, а таа - заблудата, не е можна без слепата верба. Твојата религија се потпира токму на овие два сојузници на злото.
Никој не те присилува, но секоја постапка носи одговорност и последици!
Не зборуваме за тоа дали мене некој ме присилува, тоа се факти. Дали ти ќе засакаш и ќе почитуваш некого ако ти се заканува и те заплашува?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom