Прашања за Исламот III

M

mar30

Гостин
Дали Христијаните во поедноставена смисла без крстот,исус(како божји син) светиот дух и без иконите се всушност муслимани?
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Зошто Алах ги казнува своите верници со т.н. пост после кој голем број од нив завршуваат на оперативен стол поради компликации, затнувања, прскања и загнојувања на цревните ѕидови?

Имате ли воопшто податок што се случува на Клиника за Абдоминална хирургија секоја година после завршување на рамазанските пости?
Џабе прашуваме, "портпаролите" се на "распуст"... )))))) А може и на некоја клиника. Сериозно, многу почесто гледам последнава недела timetravellers од 7 век пред клиниките.
 
Член од
15 август 2016
Мислења
2
Поени од реакции
0
Поставувај те прашања. Имате нов член на форумов, колку што можам според знаењето ке одговорвам. :)
 
faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
754
Поени од реакции
1.636
На што се однесуваат 7-те неба во куранот?
Муслиманите веруваат во 7 небеса и 7 земји. Знам дека нивниот профет имал ноќно патување низ 7 небеси и таму се среќавал со другите предходници профети. Инаку,7 небеси ги опишал како огромни пространства едно од друго поголеми. Имам прашувано доста на оваа тема и вака некако е одговорот,нека потврди некој муслиман ако има .
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Прашањето ми е на што се однесуваат тие седум неба. Сум сретнал одговори дека сс седум слоја на атмосверата, дека се седум делови на универзумот и слично. Дали постои одговор со кој сите муслимани се согласуваат?
 
faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
754
Поени од реакции
1.636
Прашањето ми е на што се однесуваат тие седум неба. Сум сретнал одговори дека сс седум слоја на атмосверата, дека се седум делови на универзумот и слично. Дали постои одговор со кој сите муслимани се согласуваат?
In his sayings and traditions, Prophet Muhammad described the size of the heavens; the first heaven, as compared to the second, is similar to a small ring in the desert, and he continued this narrative until he described the sixth heaven as being the size of a ring in the desert compared to the seventh heaven.

http://www.islamreligion.com/articles/1534/night-journey-and-ascension-part-3/

Не е прашање тоа на согласност туку на знаење. Впрочем ова го тврдел нивниот профет, така да нема што да се прашуваат луѓето за ставот на исламот туку човекот од кого исламот како религија потекнува.
Исламот никогаш не бил предмет на лична интерпретација туку секогаш знаењето е потврдено или објаснето од нивниот профет.
 
Муслиман си?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Oh,I see! Тука значи само муслимани смеат да одговараат, сите ние неприпадници само читаме или како ? Не ти го разбирам прашањево.
Па така е предвидена темава:
Правилата се прости, односно:
1. Се поставува прашање од било кого, без разлика на верата.
2. Прашањето се одговара само од Исламски верник, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од верници од Исламот, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат.

После добиениот одговор може само да побарате и дообјаснување ако нешто не ви е јасно но конкретно посочете за кој дел од одговорот .. друго ништо!
Ако некое прашање мислите опфаќа поголема дискусија, ако сакате да дебатирате тогаш отварате или отварам тема за истото, оваа тема значи ќе биде стрикно Прашање-Одговор, кратко и јасно без спамови, без километарски цитати и со свои зборови.

Ригорозни санкции за непочитување на правилата на темава ! (во превод секој офтопик минимум 3 казнени поени, што би значело со 3+ офтопика = бан 1 недела), континуирано спамање, тролање, офтопичарење = бан од тема доживотно. :)
Ок си е што ти имаш став, мене ме интересира одговор од муслиман.
 
faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
754
Поени од реакции
1.636
Па така е предвидена темава:

Ок си е што ти имаш став, мене ме интересира одговор од муслиман.
Што ако јас се изјаснев како муслиман?
Ќе одговарав што сакав ?
И по кој параметар на форумов одлучиле кој човек е муслиман ?
И трето , што ако е припадник на шија групацијата или пак суфи,кадери,ахмедии кој се во меѓусебен идеолошки конфликт,кој ќе биде веродостоен извор?

Правилото е глупаво,недефинирано и не гледам причина зошто мора некој да се придржува до истото.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што ако јас се изјаснев како муслиман?
Ќе одговарав што сакав ?
Тогаш некој што стварно е муслиман би требало да те разоткрие и да објасни зошто твојот одговор не е од муслиман.
И по кој параметар на форумов одлучиле кој човек е муслиман ?
Па најверојатно по овој:
Исламот никогаш не бил предмет на лична интерпретација туку секогаш знаењето е потврдено или објаснето од нивниот профет.
Ова се твои зборови нели?
И трето , што ако е припадник на шија групацијата или пак суфи,кадери,ахмедии кој се во меѓусебен идеолошки конфликт,кој ќе биде веродостоен извор?
Нели знаењето? Нели исламот никогаш не бил предмет на лична интерпретација?
 
faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
754
Поени од реакции
1.636
Тогаш некој што стварно е муслиман би требало да те разоткрие и да објасни зошто твојот одговор не е од муслиман.

Па најверојатно по овој:

Ова се твои зборови нели?

Нели знаењето? Нели исламот никогаш не бил предмет на лична интерпретација?
Идеолошки исламот има еден куп фракции и секој за себе ќе е во право а сите меѓусебе се во конфликт.
Да те потсетам дека сите за себе се изјаснуваат како припадници на исламот. Од тука ќе си го најдеш одговорот на твоето прашање,зошто толку луѓе припадници на исламот даваат различни одговори на исто прашање.

Во врска со другото,секако. Затоа спомнав,не би требало да се земе како веродостоен човекот кој за себе тврди дека е муслиман туку исламското знаење.

Исто е и со христијанството.
Телемата го нема овој проблем и сам знаеш зошто.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Идеолошки исламот има еден куп фракции и секој за себе ќе е во право а сите меѓусебе се во конфликт.
Да те потсетам дека сите за себе се изјаснуваат како припадници на исламот. Од тука ќе си го најдеш одговорот на твоето прашање,зошто толку луѓе припадници на исламот даваат различни одговори на исто прашање.

Во врска со другото,секако. Затоа спомнав,не би требало да се земе како веродостоен човекот кој за себе тврди дека е муслиман туку исламското знаење.
Неможам да најдам логика помеѓу првиот и вториот болд.... Ако човекот не е веродостоен, туку е исламското знаење, тогаш како може да има еден куп идеолошки фракции?! Кое е тоа знаење? Како ќе го утврдиме? Докажеме? Замисли да имаш фракции на математичари, едни тврдат дека квадратен корен од 64 е 8 другите тврдат дека е 9....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom