Бре бре... многу се излитени вакви „фори“ и „фазони“.. Ќе беше убаво ако користеше логика. По глупава реплика не сум видел скоро на форумов, а од тебе не ја очекував. Баш има многу логика во она што го напишав.Ќе беше убаво ако користеше логика ама да беше така немаше да ти реплицирам.
Која е целта на стрејт бракови? Никој не ви брани да живеете заедно, итн, итн... Која е потребата од брак. Што ќе се добие со тоа?
Види, ако лично сакаш до таму да ја прошириш дефиницијата за бракот, тогаш бујрум, ако дојде такво време и има услови за тоа, гласај си за што сакаш. Јас црвените линии си ги кажав веќе.
Целта на бракот е да се родат/посвојат деца и/или одгледа семејство (не само деца како број, туку семејство). Граѓанскиот брак има правно значење, пред сé, каде се дефинирани имотните права, одговорностите, обврските, итн, итн.. за семејството, за негово што подобро функционирање и создавање на здрава средина за развој на деца и родители. (Секако дека има секакви чудаци, ама тие треба да си одговараат пред законот).
Навистина не би знаел да кажам која е целта на геј бракови, сем лична корист на поединци да добијат пензија и слично. Твоите црвени линии се исклучително само за (имотна) корист на поединци во геј браковите.