Од моите сознанија ваквите прогнози се однесуваат на подолг временски период и вестите не ги пренесуваат коректно т.е има голема доза сензационализам. Пријател ми е еден повозрасен наш професор од Институтот ИЗИИС и со него сум разговарал на темава. Познати се геолошките зони во кои се случуваат земјотресите, дефинирани се плочите и нивните интеракции во раседите, ама повторно има многу фактори кои не можат точно да ја лоцираат временски таквата катастрофа. Најнепредвидлива е обвивката, слојот под литосферата (на која живееме), која скоро воопшто да не е испитана - на пример најдлабоката сонда е ископана некаде во пермафростот во СССР, но обвивката (mantle - веројатно тоа е зборот), почнува подлабоко посебно во континенталните делови (потенка е под океаните).
Кога би имале систем за прецизно временско лоцирање на земјотресите, веројатно Јапонците би го донеле до ниво на применливост, ама ете и тие си знаат како вистинско општество се справува со вакви катастрофи - со правилен урбанизам, математички пресметани конструктивни системи и не-забушавање при изведба, како и сериозно организирани служби за спасување исл.
Многу луѓе знаат да коментираат дека Скопје во наводно нов земјотрес би пател повеќе заради не-вградување соодветно железо и бетон во зградите, но по кажувањето на професоров, многу поголем ризик е немањето доволно широки коридори и градење згради на многу блиско растојание. На пример во добар дел од улиците во Дебар-маало не може да влезе камион за собирање ѓубре, а камо ли противпожарно возило или некава механизација за спасување - при земјотрес на тоа би се изгубило многу време, а со тоа и многу жртви. Истиов проблем го лоцира и во Истанбул, каде цвета непрописна градба по одредени делови од милионски град, а исто постои голема можност да за повторување на голема катастрофа затоа што има континуитет тие циклично да се повторуваат на одреден период.
Истото се однесува и за Скопје. Колку и да имам уплав од земјотреси, се надевам дека ќе збрише добар дел од транзициониве и вмровскиве гнаси од поново време.