Што по раскинување на долга врска?

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.517
Поени од реакции
18.348
Зависноста од трамадол знае да биде тешка и процесот на одвикнување е болен, посебно ако се работи за долг временски период кога се развива и физичка зависност. Треба да биде среќен што воопшто останал жив откако паднал, зашто лесно се случува да дојде до задушување. Потребно е лечење, а ти би било добро да му помогнеш, ако навистина ти значи. Иако ова не е љубовни совети, само ти потенцирам со што се соочува дечко ти и дека се работи за опијатска зависност многу слична на хероинската.
 
P

puppete dolly

Гостин

Ако искрено седнеше со мене да зборува и да побара помош би му помогнала. Ако не бев присутна на нападот до ден денес немаше да дознаам за неговата зависност. Немаше да ми кажи.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Како што кажав, ова беше втор напад. Првиот беше два месеци пред вториот. Исто и тој резултат на трамадолите, само што тогаш не призна, правеа секакви испитувања, дали е епилептичар, проблеми со срце итн итн. Само тој си знаеше што го предизвика нападот, а сепак не прекина со пиење трамадоли. Јас бев со него, можеше да ми кажи дека има проблем, а не да ми бара скоро секој ден пари, да ме лажи дека му требаат за поправка на колата и сл. Кога одбивав да му дадам, стануваше агресивен. Само јас работев, тој не. Се чудев на неговата заинтересираност за се околу него. Постојано му отварав огласи за работа ама не сакаше никаде да проба. По цел ден спиеше нормално... И целоо време јас се обвинував за се. Не е дека не се трудев. Многу се трудев и трпев многу испади да, во името на она што поминало и бев заљубена во неговата верзија која ме правеше среќна. После нападот на кој јас присуствував, иако бев преплашена, се видовме пак, пробав да разговарам, го прашував од кога зема, му реков да оди на психолог дека не е можно сам да си помогне. Тој одбиваше да разговара отворено, викаше дека нема проблем, не е зависен, а докторите кажаа дека добивање два напади во толку кратко време е резултат на конзумирање трамадоли долг временски период. Тој одби да се отвори и да кажи се. А секој пат кога ќе се видевме чувствував неизмерен страв дека пак ќе му се случи нешто. Кога и да зборуваше со некој на телефон и да одеше некаде јас мислев дека оди да земи трамадоли. Тој страв и недоверба никако не можев да ги потиснам. Не е дека не пробав... И да се смирам со него свесна сум дека можеби месец, два, година, пет, десет ќе биде океј, колку да ја стекнам повторно довербата. Што ако пак почне да се дрогира? Што ако сме во брак и имам деца? Не гледам начин да ја вратам довербата. Кога тој бил способен да ме гледа во очи секој ден и да ме лажи и причината за незадоволство од животот да ја наоѓа во мене, значи не сум му значела и не бил толку заљубен колку што сега вика дека е. Најжално е што ако не му се случеше нападот пред мене немаше никогаш да дознаам за неговиот проблем. Немаше никогаш да ми кажи. Неговото оправдување беше- Не кажував никому затоа што ова не е нешто што планирам да го правам цел живот.... Убеден беше дека нема проблем и дека е нешто што може сам да го контролира.
Ова менува многу. Чим веќе си била запозната и си пробала да му помогнеш а тој те одвраќал, за жал немаш некое влијание кај него и евентуално ако си спремна да одиш до крај, повикај стручна помош.
Што знам субјективно вака гледано 6 години да сум со некоја, па уште и врската да ни започне во рана адолесценција и на некој начин да ми биде она меѓу првите ако не и единствена, би одел до самиот крај колку и да е работата опасна. Сеа зборам од машка гледна точка, но ако имаш страв од агресија... Кое е помалото зло? Да повикаш стручњак кој ќе го однесе на клиника за зависници или па овака да заминеш со се` што досега си се обидела но ете не успеало? Не зборам дека ова би го решило вашиот љубовен проблем но би го спасила него, без разлика дали потоа ќе останете заедно или не. Што би те правело среќна? Да остане вака - да се тешиш дека си се обидела (што не е спорно, но ете не можеш директно кај него да влијаеш), но работата си тера удолу и недај боже утре го нема него, или па да пречекориш буквално се` за да му помогнеш дури и ако не е по негова желба и утре да те гледа како непријател, но ете тебе да ти биде мирна совеста дека си успеала да го спасиш него?
Не велам дека едното те прави нечовек, додека другото е чист алтруизам, секој избор си носи свои ризици. И вториот има ризик фактор на detachment проблемот кога типот ќе зависи буквално од стручната помош која некогаш и не е многу потребна, (зависно од личноста колку ќе се препушти).
 
Свесна сум дека сум немала влијание врз него. Ако имав, немаше ни да почни. На овој начин можеби му правам поголема услуга, можеби навистина ќе се свести дека со дрогата ги губи и ги повредува блиските, во овој случај мене и родителите. Можеби ова ќе му биде wake up call да си го среди животот. А ако сум со него не верувам дека ќе престани. Кога овие години не му беа доволни да му станам важна нема да му бидат доволни ни тие што следат. Беше убеден дека ќе останам засекогаш со него, и наместо да гради иднина со мене, да планира, да ми помага, тој посегна по најлошото. Поминував преку многу работи, затоа и се опушти толку. Преку ова некако не можам. Ако преминам нема да ја сфати сериозноста на проблемот кој сам си го стекна.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.517
Поени од реакции
18.348
Ако искрено седнеше со мене да зборува и да побара помош би му помогнала. Ако не бев присутна на нападот до ден денес немаше да дознаам за неговата зависност. Немаше да ми кажи.
Наивно е да очекуваш од зависник да биде искрен со тебе во врска со неговата зависност. Знам дека сега ти во моментов поаѓаш од ставот дека си му девојка и дека ти си таа на која требало да и се довери и побара помош, ама за жал работите во тој свет на дрогата, не функционираат така.

На него му е потребна помош, не знам како да ти предочам дека исто е скоро, дали бил на хероин, или лапал трамадоли - он живеел во пекол и пекол го чека сега кога треба да се одвикне. Посебно ако го земал подолг период и има симптоми на физичка зависност, епи напади, болки во коските и мускулите, малаксаност.
Тие караници, испади, викања, безволност, солзи, се тоа е дел од сликата на опијатската зависност.
 
Да сега сум свесна за се. Мислам дека повеќе ќе му помогнам вака, ако не сум со него. Можеби ќе сфати дека ги уништува најблиските и дека мора да се бори, да се среди. Ако воопшто влијаев на него и беше среќен со мене, немаше ни да почни со ова... Пак ќе кажам, ако овие години не му беа доволни да му станам важна, и наредните нема да му бидат. Ако се вратам кај него, од некоја навика или надеж дека можам да му помогнам нема да сфати колку е сериозно и штетно тоа што го прави или правеше. Само ќе го направам посигурен во тоа дека јас можам де преминам преку се и дека засекогаш ќе бидам тука, без разлика дали тој се убива и пропаѓа.
 
mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.003
Поени од реакции
2.798
@puppete dolly секој заслужува 2 шанса.. Но, пред да му ја дадеш таа 2 шанса он треба мноооооооооогу да се потруди и да се поправи...
Ни една приказна не почнува со си беше два пати сите почнуваат си беше еднаш!
 
Член од
28 јули 2016
Мислења
57
Поени од реакции
76
Во целиот тој третман за одвикнување многу активна улога треба да има неговото семејство, пријателите, а пред се ТИ. Мислам дека треба да се обидеш да му помогнеш. Биди јака, дај му мотивација и обиди се да го кренеш. Те разбирам дека си повредена, сигурно и твоите родители веќе не го сакаат тој човек за тебе ама имајте на ум дека зависноста е болест која многу тешко се лекува и во овој момент на тој човек му треба најмногу внимание и сила која може само Вие да му ја пружите. Барем ќе имаш мирна совест дека си пробала да му помогнеш на човекот што го сакаш, во спротивно ако не дај Боже се случо нешто пострашно ќе ти биде многу по болно и потешко за помирување. Ова е сериозна тема. Размисли добро како ќе постапиш.
 
Кажав дека пробав, го молев да оди на психолог. Тој ми вика, нема да ми помогни психологот, можам и него да го лажам како што ве лажев и вас. И како прво не ни беше свесен дека веќе има проблем опасен по живот. Јас веќе не сум истата, постојано сум под стрес, немам сила и нема да му сум од голема помош ако сум до него. Неможам да опишам колку сум повредена. Повеќе работи преминав а ова беше капак. Сакам да биди во ред да се среди ама јас не можам да останам со него. Не дај Боже да се најдиш во ваква ситуација па да сфатиш како ми е и колку боли.[DOUBLEPOST=1472488821][/DOUBLEPOST]
Кажав дека пробав, го молев да оди на психолог. Тој ми вика, нема да ми помогни психологот, можам и него да го лажам како што ве лажев и вас. И како прво не ни беше свесен дека веќе има проблем опасен по живот. Јас веќе не сум истата, постојано сум под стрес, немам сила и нема да му сум од голема помош ако сум до него. Неможам да опишам колку сум повредена. Повеќе работи преминав а ова беше капак. Сакам да биди во ред да се среди ама јас не можам да останам со него. Не дај Боже да се најдиш во ваква ситуација па да сфатиш како ми е и колку боли.
Jaс ако имав влијание на него немаше да стигни до ова ниво реално. Се правев за него но не било доволно. Што ако бидам пак со него па продолжи и тогаш дојди до најлошото? Тогаш како ќе си простам?
 
Последно уредено од модератор:

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Чупенце, ами ова си го пишала у 2013та, ти уше од тогаш си била свесна дека си у врска со исклошарен џанак.
Мака ми е шо по којзнае кој пат ме разочара и направи неговата грешка да изгледа како моја и како јас да го изнервирав а не тој мене...Каква глупачка сум
Мака ми е шо неколку смрдени џоинти се поважни од мене....
Мака ми е шо неколку смрдени џоинти секогаш се дел од него, а јас сум здодевна кога зборувам дека треба да си најде работа и да престани да пуши секој е*ен ден...
Мака ми е шо и понатаму си верувам самата во себе дека можам да ги сменам работите....
Така да според ова што читам можам да ти кажам 2 опции. Да почнеш и ти нешто хероинче,тромадолчиња, или да сфатиш дека надвор има златни деца(школувани,добро ситуирани) што се трудат и бараат девојка како тебе за да основаат фамилија.
 
P

puppete dolly

Гостин
Чупенце, ами ова си го пишала у 2013та, ти уше од тогаш си била свесна дека си у врска со исклошарен џанак.

Така да според ова што читам можам да ти кажам 2 опции. Да почнеш и ти нешто хероинче,тромадолчиња, или да сфатиш дека надвор има златни деца(школувани,добро ситуирани) што се трудат и бараат девојка како тебе за да основаат фамилија.
Да тогаш беше тревата, ама знам и други луѓе шо пушат трева па се успешни т.е немала негативно влијание. Тогаш престана со тревата, не пушеше веќе две години и сметав дека тој период е зад него. Ама ете стигна до нешто многу трагично.[DOUBLEPOST=1472489879][/DOUBLEPOST]
Чупенце, ами ова си го пишала у 2013та, ти уше од тогаш си била свесна дека си у врска со исклошарен џанак.

Така да според ова што читам можам да ти кажам 2 опции. Да почнеш и ти нешто хероинче,тромадолчиња, или да сфатиш дека надвор има златни деца(школувани,добро ситуирани) што се трудат и бараат девојка како тебе за да основаат фамилија.
Исто работеше некое време,па си мислев дека ќе биди се во ред...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom