Арно вели Let 3, за да се дојде до некое право си има законска процедура и има правила како таа процедура се покренува. Законите ги носи собранието односно мнозинството во него што на крајот се сведува на политичка партија. Интересот на секоја политичка партија е да победи на избори за што и треба да собере гласачи. Ако во мк има 150.000 геја тогаш нема политичка партија која нема да им удоволи барање оти со толку гласови добиваш избори односно губиш ако се против тебе. Политичките партии си прават истражувања и секако дека знаат колку гејови има и изгледа се толку малку што нема математика да се прават потези за да се придобијат.... А како што вели Лет 3 ако гејовите излезат и покажат бројност тогаш партиите ке се испотепаат кој да ги добие нивните гласови.... Сега и да сака владата да им удоволи нема со кого да седне и да преговара за тоа каков и што да биде законот.... оти си има процедура, се прави нацрт закон од страна на владата во консултација со засегнатите страни, па тој нацрт се става на јавна дискусија, па се примаат предлози од заинтересираните страни, се прават корекции.... На пример ако се носи или менува закон за вино секако дека за негово донесување владата ке седне и ке разговара со претставници на некое здружение на лозари, здружение на винопроизводители.... после ние ке се буниме оти тој и тој не е од лозарското здружение кое е мнозинско, оти ги предал лозарите, не требало да прифати тоа и тоа па другото здружение ке излезе на штрајк со блокади на патишта... ама тоа е друга работа, битно имало некој кој ги претставувал лозарите..... ако треба да се носи закон за гејовите кој ке ги претставува кога нема ниту еден кој кажал јавно дека е геј? Се додека не излезете јавно вие не постоите.