И покрај висока транспортна цена на гасот, во „Те-то“ велат дека продажната цена на енергијата од централата нема да биде висока за домашните потрошувачи. Дополнително ќе се утврдува дали производството ќе се пласира и надвор од земјата. Неофицијално, за купување на струјата која ќе се произведува во „Те- то“ биле заинтересирани неколку големи енергетски компании, меѓу кои , „Ател“ и „Семпра“ и „Вербунт“. Очекувањата се дека со пуштањето во работа на „Те-то“ значително, или за 30-ина проценти, ќе ги супституираат увозните потреби на струја, што е од големо значење за земјата со оглед на енергетската криза во регионот која се продлабочува.
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=87D080A4D20CEF48AAE9A9362505DC06
Вака пишуваа медијумите во 2007 година