Гледам дека има доста нови членови на форумов што не знаат од каде да почнат, па да го да споделам моето искуство, за процедурата до интервју во амбасада со документи од татко со бг пасош.
Мој прв совет е прво да си закажете интервју на 058 058 555 па да го темпирате вадењето на документите, бидејќи лекарското и потврдата за неосудуваност вашат 6 месеци, да не си правите дупли трошоци. Јас се јавив во мај, а на интервју бев денес, 24.08.
Потребни документи ( Ова е копи пејст од маил од амбасада што ми го пратија)
1.Молба от лицето по образец – написана на б'лгарски език, Приложение № 1 к'м Наредба № 1 от 1999 г. за прилагане на Глава пета от Закона за б'лгарското гражданство – 2 екземплјара. (Се симнува од сајтот на министерството на правосудието)
2. Декларација по образец – написана на б'лгарски език, с'гласно Приложение № 4 к'м Наредба № 1 - 2 екземплјара.(Се симнува од сајтот на министерството на правосудието)
3. Актуална фотоснимка – паспортен формат – 3 бр.
4. Удостоверение за б'лгарски произход, издадено от Д'ржавната агенција за б'лгарите в чужбина – ВЗИМАМЕ ОРИГИНАЛ! + 1 копие; или Удостоверение с вписан Указ за б'лгарско гражданство (2бр. копија) на поне 1 от родителите или негов б'лгарски личен документ – оригинал и 2бр. копија. (Јас носев Удостоверение с вписан Указ за б'лгарско гражданство (2бр. копија) на поне 1 от родителите)
5. Препис от акта за раждане, издаден от с'ответнија б'лгарски или чуждестранен компетентен орган + копие (заверка 15 евро). (преведен и легализиран во БГ 15 евра)
6.Свидетелство за с'димост от Р Македонија (от основен с'д и от МВР) или от страната, чијто гражданин е молителјат. Ако тој пребивава д'лгосрочно в Република Б'лгарија или в трета д'ржава, представја свидетелство за с'димост и от местните компетентни органи. В свидетелството за с'димост се посочва, че се издава за целите на производството по б'лгарското гражданство. + копие (заверка 15 евро). (исто преведен и легализиран во БГ. ВАЖНО!!!! мора да пишува на уверението дека се издава за бугарско државјанство)
7.Медицински документ, издаден от лекарска консултативна комисија на лечебното заведение, обслужвашто лицето по местоживеене, удостоверјавашт, че лицето не страда от заболјаванија по чл. 61 ал 1 чл. 146 ал 1 т. 1 и 2 от Закона за здравето, както и от предаваните по полов п'т болести, при липса на ЛКК на с'ответната рајонна или областна болница – документ'т се издава от с'ответните чуждестранни органи, ако молителјат живее в чужбина. + копие (заверка 15 евро).(исто преведен и легализиран во БГ. ВАЖНО!!!! мора да пишува на уверението дека се издава за бугарско државјанство)
8.Препис от акт за граждански брак или развод /само за ом'жени или разведени жени/ - ОРИГИНАЛ!! + копие (заверка 15 евро). (не сум мажена, ама кој е и ова треба да се преведе, легализира)
9. Фотокопие на документ, удостоверјавашт самоличността на молителја /ПАСПОРТ/-2 бр.
10. Вносна бележка за платена д'ржавна такса по Тарифа № 1 за МП в размер на 15 евро + копие
11. Автобиографија – 2 екземплјара.
Оргиналите и сите копии ги однесов денес во амбасада, по што следеше интервју од тамошен административец. Генерално ме прашуваа се и сешто, татко, мајка, сестра, други роднини, колку често одам за БГ, ВАЖНО!!! гражданство ви е македонско, а националност бугарска. Потоа ме прашуваа за имот дали имам во Бугарија, дали ќе се селам таму, од што ќе живеам со кој ќе живеам...буквално се.
Единствено друго што ме прашаа е да набројам празници кои ги знам во Бугарија.
На лице место се плаќа 50 евра, и ти даваат едно ливче со броеви од амбасада и ми кажаа да се јавам во март за да ми кажат бројче за да следам на интернет за процедурата.
Ми кажаа дека кога ќе ми излезе указот, тие ќе ми се јават да ме известат.
Тоа, би било се!
П.С. Да не заборавите пасош да си понесете кога ќе одите во амбасада, бидејќи на некој начин влегувате во БГ територија и нема шанси да влезете без него. Денес еден дечко имаше таков случај, а со закажан термин и се!