Па, и самата гледаш дека со ваквата неодлучност околу тоа што да направиш, само се зајадуваш самата уште толку и се прашуваш дали постапуваш како што треба... Оди, направи еден отворен муабет со него, со сите карти на маса, без влакна на јазикот. Но барај и тој да возврати исто, да нема тајни и скриени чувства меѓу нас. Зашто после таков муабет, верувај, ако си решена да расчистиш со тоа што понатаму, ќе расчистиш... И ќе знаеш дали да продолжиш да се трудиш околу него, или да го свртиш погледот кон нови хоризонти.
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
А доколку тој, поради некоја причина, одбие да направите ваков муабет, иако според твоите кажување, негови другари сами ти кажуваат дека сакал, бегај уште сега од него... Зашто ако сега, за вакви работи е неодлучен, којзнае што би било доколку сте заедно, и дојдат моменти кога ќе треба ЗАЕДНО да одлучите за работи во врската.