Мојот случај според мене нема спас...Али по постовите шо ги иам прочитано решив да побарам помош од кај вас,гледам интересни одговори и совети давате..па вака..
Проблемот е у тоа шо ко прво учиме заедно..И се,се шмекаме,ми се смешка цело време..се читкаме ова она..и потоа се усложни работата решив малку да атакувам кон неа(ме сфаќате?!) и се добро така..и таа знае дека ми се свиѓа многу..Се шмекаме,ми се пушта понекогаш,понекогаш јас на неа..и симнувам звезди од небо(требаше да пробам со сонцето..али јебига) и се убо..И сите мислат дека сме се веќе мувале и решив ајде ќе играм на ризик или да или не друго нема..И сеа зборев со неа се..И она ми призна(не буквално по тоа шо ми има кажано заклучив) дека и она чувстува нешто за мене ама несакала да имаме ништо,ради тоа што сме биле школски..И ми вика у 4та година ке пробаме(Нека сонува) и ја тогаш изреагирав она обично океј..потоа сватив шо ми кажа бидејќи предходно ми рече дека до 4та не сака да фати дечко..И океј се тоа се шмекаме ни е понатака се убаво..додека да отидеме на една журка каде што таа не ме ни познаваше(кога влезе не ме ни поздрави) и не ми кажа ни 1 збор..Малку се депрмирива нормално(клошар) и ајде се напив шо се напив..И мојот другар разбра шо е работата и отиде со неа да зборува и дури тогаш дојде со мене да направи муабет и да ме викне да играме..И јас повреден ја одбив несакав да станам со неа(а уставари сакав) и остана на тоа..потоа ја седам си пијуцкам пивце така убаво..коа ја гледам она игра со друг..И ајде добро шо нека игра со друг голема работа..излегувам јас на воздух малце коа пред шо да видам,они стојат гушнати и овај и поаѓа да ја смува..Снемав контрола + пијан ке го отепав од ќотек ме оделија..Пуштив по некоја солза(зашто сум заљубен нормално..плус пијан = клошар) и ми помагаа другарите потоа цел изнервиран отидови у фаца и се развикав дека најобична курва и се остало... Така да конечно и вие да дојдете до збор да кажете шо мислите и што мислите дека треба да направам или да не направам...
поз <3
Прво зборувај со *неа*, како *таа* ја доживеала целата ситуација, па потоа дојди ваму. Ти недостасува нејзиниот поглед на светот.
Таа не е должна да се грижи за твоето ментално здравје туку за нејзиното лично. А ако нејзиното лично здравје подразбира внимание од повеќе дечковци, таа тоа ќе го направи, сакал ти или не. Немаш никаква контрола врз неа. Ако таа сакала таа вечер да проба со друг тип, тоа и го сторила.
Но - нема ни таа врз тебе. Со други зборови, ако ти направи проблем во смисла „Дали си ти нормален?! Така ли се постапува со луѓето со кои се дружам?!?!?!“ можеш да кажеш „Моето ментално здравје зависи од тебе. Ако не сум со тебе, не сум среќен и ќе ги направам сите глупости на светов, само за да бидам со тебе“ и тоа би требало да биде доволно,
ако е вистина. Со други зборови, ако не можеш да поднесеш друг тип во нејзина близина, тоа е веќе причина таа да те смета за кандидат за нејзин дечко, просто зашто ќе ги натепаш сите останати, па таа нема да има избор, т.е. ќе ја освоиш. Нормално, тоа ќе подразбира да си постојано околу неа и да ја чуваш од сите останати ѕверови, како што кажаа колегите погоре.
Според мене, чекорите се следни:
1. Извини ѝ се
што си ѝ рекол курва, не што си го натепал дечкото. Сам си е крив што се впуштил во мување со неа, а и таа е одговорна за тоа, бидејќи се обидела да те исклучи од нејзиниот живот таа вечер (мислам, ниту да не се поздрави со тебе, а ти признава дека ѝ се бендисуваш? Не бива така)
2. Ако не сака очи да ти види, почни и ти да бркаш други девојки и остави ја на мир. Очигледно е дека те имала само за забава и ништо повеќе.
3. Ако пак сака да останете пријатели, можеш да бараш повеќе мување, повеќе гушкање, па и накај секс, и таа не смее да те одбие, зашто нема да има други опции (ќе ги натепаш сите останати)
Поздрав.