Оф луѓе... Како да објасниш некому дека не го сакаш, без разлика колку тој тебе те сака и се би направил за тебе?
Имам еден другар, се дружевме 2-3 месеци пред да ми признае дека ме сака.. Ок, се дешава, му објаснив дека воопшто не ми е привлечен, ниту ќе ми биде и дека се што можам да му бидам е другарка. Тој демек тоа го сфати и продолжи да искача со мене и мое друштво. После овој настан, почна да покажува љубомора, да се споредува со секој што ми се свиѓа и страшно почна да ме нервира. Му имам пукано се у фаца, апла се, почнав и лошо да се понашам со него, за разлика од другите кои го жалат ради ситуацијата...
И сеа не збориме, ( што не ме погаѓа воопшто), мене ми пукна филм го отерав у к****, зашто почна да си дозволува многу, на пример рипна да ми го тепа бившиот
Не ми треба таков човек да ме сака.. Работата е што им се јавува цело време на моите другарки да им плаче за мене, сакаше да се самоубие демек, се глупира пред сите..не знам веќе.. Дајте ми совет дали да го застрелам или обесам?
се зезам за ова последново:smir: