Аман, го дотепавте човекот со советите.
MIL, имаш три опции:
првата, да продолжиш да ја сакаш, да ја бараш, да молиш и се` тоа да ти биде безуспешно и попатно да се изгубиш себе си;
втората, да бидеш упорен, но само во случај ако имаш барем некакво позитивно повратно однесување од другата страна, ама се` тоа на умерен и фин начин, како би бил интересен и посакуван (бар за комуникација);
и третата, да си се избориш со самиот себе и да си ги спасиш бродовите (кои во моментов ти се чини дека тонат) и да се насочиш кон барање на друга личност која искрено ќе сака заеднички да патувате понатаму. Некогаш, во некоја иднина оваа твоја моментална "патетика" може да ти изгледа смешна и џабе потрошено време и енергија.