Eee мое Ѓорче. Дојде време ти да играш во Понеделник а на твој стадион други да имаат предност пред тебе да играат. Додека луѓето што го водат клубот (моментално со составот сме за жалење и со условите, никогаш полош состав у историја сме немале), нема клубот да биде каде што заслужува да биде.
Неможе реноме на клуб со трофеи и традиција и име во фудбалов наш ти да ја продаваш за 400-500 евра што ќе ти дадат Вардар и Металург за да бидат домаќини. Стварно е жално.
Стадионот е направен сопствен двор.
Си поставував прашање пред некој ден: Кога ќе тргне клубов наш еднаш засекогаш?
Мислам на тоа да застане на здрави нозе во рок повеќе од 5 години.
Тргни, застани, падни, па пак стани, пак застани па пак падни. Изминативе 25 години се ни е така.И доаѓаш до логичен одговор. Кога ќе ја нема кафаната доле на стадион ние ќе имаме фудбал во Ѓорче. Тоа е тоа. Некогаш и се прашувам дали заслужуваме ние да имаме клуб во Ѓорче.
Сите ќутат, као сите среќни задоволни, безбедни во 2ра Лига, 6-ѕо место.....милина.
Во трета лига имаше повеќе народ од што има сега. Жива беда е да се гледа омилениот клуб како се мачи со селски екипи и играчи што поима немаат што значи да го носиш дресот на клубот.
Некои луѓе куќи изградија на грб на клубот, некои коли купија, некој име направи на име на клубот.....за така да го остават да се мачи. Сите овие години на голгота после наводниот ''бојкот'' се виде колку луѓе искрено го сакаат клубот.
Сите знаеме кој го води клубот, јас не гледам кој ќе се осмели да каже јавно дека вака не ја бива работата. Клубот е понижен, измачен, исцеден...јас не го познавам клубот на мојот живот повеќе. Ова е клуб своина. Рака на срце секоја чест што направил за клубот газдата досега и не спорам дека го сака клубот/Го докажа тоа во годините кога му беше најтешко и го извади клубот од мртви, му го врати името и достоинството, ама да не се лажеме сите преќутеа на местенките лани во 1ва лига. Ако му беше целта да ги извади парите што ги дал ја мислам дека до сега ги прекуизвади.
Лани бугарите од Св Лазар наводно биле спремни одма да го земат клубот, Општина праеле муабет со нив и овие биле спремни ама можете да претпоставите зошто не влегоа.
Кафана је наша судбина.....засега! Утре со Влазрими
.
Вечно име, вечен клуб...Македонија Ѓорче Петров!!!