Драга, бегај од слаткоречиви луѓе. Подобро да те опцујат во лице. Една „другарка“ откако ја видов по вторпат во живот, ми побара број и ми вика: - Види, види, те потпишав сонцка.
Сонциња ја изеле.

Значи како бе така?

Мене на пример ме нервира и касиерката во продавница кога ќе ми се обрати со душо. Како бе така на непознати?

Океј, на некој шо ти значи, убаво е, али бе така на кој било, расфрлање со зборови, ме нервира, сериозно.

Јбг, изглеа и ја преувеличувам, ама шо да праам.

Ич нејќам упикување. Можеби и не е упикување, ама нејќам бе, нејќам.

Помило ми е сестра ми кога ќе ми каже коза, барем знам дека го мисли тоа.
Иначе и јас мрзам да правам кафе.

Сериозно не знам кој е проблемот, кога и да го направам, ич не ми прави мерак. Ама ич, ич, ич.

Гледав дури туторијали на јутјуб како се прави турско. Е, до толку.

Ем ретко го пијам, ем не е интересно. Значи пита и леб ќе замесам, торта ќе напраам, сарма ќе сролам, а бе све, што и да е. Ама не барај кафе од менееее!

У ствари не ми смета да го направам, ама кога знам дека не е убаво...

Ај, чао.
