Ресторани - генерална дискусија

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
А некој друг сличен на овие, во Скопје да е :)
Скара бар, Фурна, Лира, Боними, имаш доста, зависи што амбиент, атмосфера сакаш и каков тип на храна сакаш. Овие што ти ги спомнав се солидни.
 
86'

Член од
22 август 2014
Мислења
14
Поени од реакции
1
Toto kafanceto e top,Staro Bure leptokarija i za meleno meso DM :)
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
312
Поени од реакции
167
дали некој од боемите тука бил во Корнер Баба Цана, новоотворениот ресторан на Водно? Има ли разлика во квалитет, избор на храна, амбиент, цена, услуга и слично во споредба со тој во Куманово?
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.236
Поени од реакции
2.312
дали некој од боемите тука бил во Корнер Баба Цана, новоотворениот ресторан на Водно? Има ли разлика во квалитет, избор на храна, амбиент, цена, услуга и слично во споредба со тој во Куманово?
Бев јас пред некој ден (петок) и сум тотално разочаран (сум бил во Куманово иако тоа било пред некои 2-3год ама не е ништо слично со таа кафана од Куманово). Прво не сместија на тераса заградена со кеса и измрзнавме надвор -5 моравме со јакни да седиме.
Услугата катастофална, келнерите намќори невидени, насмевка или учтивост никаде.
И најбитното, храната, најкатастрофа, месото (ако воопшто беше месо, повеќе личеше на соја) никакво без вкус тегаво.
А и музиката со све пеачот мизерија, неколку песни дури 3-4пати ги повторуваше, за 3 саати глава ме фати.
Иначе цените не се баш ниски, дури и високи се може да кажам.
Уште еднаш таму не стапнувам ко за крај.
П.С. нема пиво од 0,5л!
 
Со тоа што кажа дека нема пиво од 0.5 се е јасно. Поминувам често од таму и секогаш има гужва, затоа најубаво со резервација да се отиде за подобро место да се добие. Се ова што го кажа ми е контра на тоа што го има во Куманово, фина услуга, музика добра (сопственикот напомена дека музиката од Куманово ке била одредени денови и во Скопје, ке ротирале), дали си ги начекал нив којзнае. Али ако храната, месото не е како во Куманово тогаш нема ништо од Баба Цана. Ке седнам кад тад ке напраам евалуација :)
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.236
Поени од реакции
2.312
Па сега новоотворено е и по името сите сакаат да отидат, и ние имавме резервација и тоа 2 дена унапред па пак не сместија на терасата
 
Член од
18 април 2015
Мислења
33
Поени од реакции
19
Да не има некој бројче од ресторан Национал, не можам да најдам по интернетов да резервирам? Ако може побрзо...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.867
И пред тоа пишав на темава, а и сега пак - идам често по ресторани, со партнерката, и најчесто се трудиме да смениме ресторан, за да пробаме све.
Сеа у задњиве месец дена бевме по втор пат у Олива (пофенси од прошли пут и скупичко станало, али е така на ниво, со све тие француско-жабарски финти од типот на - неаме ништо у мени, келнерот раскажуе приказна), Пекинг гарден (боље или исто како Суши бар, а поевтино) - азиска кујна, не само кинеска и у Маргер у парк (по куј знае кој пат), они се квалитетни за таа цена што ја нудат и околината (парк) им е голем плус. И у Форца отидовме по втор пут, затоа што од бивша Тоскана шефот што беше, сега е таму и он менито го има праено, ни се појави лично овој пут и расправавме за некои поединости од храната (на пример - глупо е да имаш перфектен dish со бифтек или друго, а зеленчуковиот додаток, гарнир, да ти е од замрзнати материјали или оризот у гарнирот да е лошо подготвен).
 
Последно уредено од модератор:
S

silmarillion

Гостин
Ја сакам да забележам само ако може на превише приметното "лоунџирање" на сите пропаднати или блиску до пропаднати кафичи. Менито го правел еден ист "кувар" сегде: пилешки прсти, пилешко кари, цезар салата, клуб сендвич, пица, палачинка и топло ладно. Таргетираат гладна средношколска раја или студентарија и тоа е тоа. Од сите такви ќе го издвојам Тренд Гастро Бар-от кој огромни пари фрлил на ентериер опрема кујна, а менито му на левел Ред Кафе или Гет Кафе а и тоа што го спрема не е на никакво ниво вредно за спомињање.

Кафана е кафана исти курац на тоа плотните прегорени више не правиш разлика дали јадеш коби биф или саламурен стек од Промес.

Рибните мрднаа малце и тоа радува, само до кога е прашање. Еве Дуле Тетоец тера, на Млечен исто си работат турбо, дај боже да им потрае.

Многу многу тешко се наоѓаат гемови во Скопје кои за жал многу кратко траат за да може да се створи традиција и континуитет на квалитетот.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
У задње време ми “лежи“ Ла Тана. Солидна услуга, солидна храна, пристапни цени. Малку ми смета што немаат Тиквешка жолта, ама јбг. Мој тип на амбиент за опуштање, жива музика, ненападна, со претежно староградски или забавен репертоар

..... и у Маргер у парк (по куј знае кој пат), они се квалитетни за таа цена што ја нудат и околината (парк) им е голем плус. .....
У Маргер моја нога по трет пат не стапнува. Пред 2 недели имав резервирано со тоа што напоменав дека сакам маса надвор на терасата, кога стигнав ми викаат може надвор ама само ако сакам за саат-саат ипол (?), пошто попладнето имале закажано група. Инаку услугата ОК, ама храната далеку од добра. Поховани тиквици што испаднаа пржени , ама личеа на динстани, меки , без стуктура. Шопска и увијач солидни. Селско месо што беше јад и беда. Парче вешалица исечено и фрлено на скара и ставено во земјено и посипано со супа. Надополнето со саламурени печурки. Месото беше тегаво, сосот(?) или супата ретка, буквално ни послужија со лажица како манџа ( па и манџите на жена ми се погусти). Вкус никаков, цена солидна. И за ресторан од тој тип срамота е да не користи свежи шампињони...

Рибните мрднаа малце и тоа радува, само до кога е прашање. Еве Дуле Тетоец тера, на Млечен исто си работат турбо, дај боже да им потрае..
Каде пријателе има пристоен рибен ресторан ? Не премногу фенси од типот на Воденица, ама со добра риба ( крап ?).
Кој е Дуле и Млечен ?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.867
У Маргер моја нога по трет пат не стапнува. Пред 2 недели имав резервирано со тоа што напоменав дека сакам маса надвор на терасата, кога стигнав ми викаат може надвор ама само ако сакам за саат-саат ипол (?), пошто попладнето имале закажано група. Инаку услугата ОК, ама храната далеку од добра. Поховани тиквици што испаднаа пржени , ама личеа на динстани, меки , без стуктура. Шопска и увијач солидни. Селско месо што беше јад и беда. Парче вешалица исечено и фрлено на скара и ставено во земјено и посипано со супа. Надополнето со саламурени печурки. Месото беше тегаво, сосот(?) или супата ретка, буквално ни послужија со лажица како манџа ( па и манџите на жена ми се погусти). Вкус никаков, цена солидна. И за ресторан од тој тип срамота е да не користи свежи шампињони...
Да бидам попрецизен ја коа реков Маргер, у главата си го споредував со скари (ДМ, Злате и слични), не со ресторани од типот на Венето или Олива.
Мене ми се погоди, неколку пати кога бев. Еднаш имаа свинско на ражен печено и беше лудница. Али вистина е дека нашиве ресторани повеќето знаат некад да бидат добри, а некад не. На пример Тоскана кога беше. Бев два пати, еднаш беше најбоље у свет, вториот пат просечно накај лошо.
Кај нас, пошто сме Македонија, у кој и да идам ресторан, ако зимам нешто што има печурки, нагласувам дека сакам со свежи или уопште не го нарачувам тоа. Негде па као се навредуваат дека уопште сум прашал дали се свежи, ама нека бркаат работа, ова е македонија, кај што со перфектен бифтек ти даваат гарнир од смрзнат зеленчук.

Каде пријателе има пристоен рибен ресторан ? Не премногу фенси од типот на Воденица, ама со добра риба ( крап ?).
Кој е Дуле и Млечен ?
Фиш, таму бев три пати и сум најзадоволен. Мене ми беше боље од ова кај Млечен (што сите го фалат и нонстоп е пуно). Бев еднаш и во еден во Дебар-Маало, се иде тука позади архитектонски, таму ми беше онака добро али не нешто кој знае што.
 
S

silmarillion

Гостин
Каде пријателе има пристоен рибен ресторан ? Не премногу фенси од типот на Воденица, ама со добра риба ( крап ?).
Кој е Дуле и Млечен ?
Дуле ти е во Козле ако ти текнува Канцона?
https://www.facebook.com/pages/Kaj-Dule-Tetovec/776419612370682?fref=ts

А другиов ти е кога идеш од позади на Млечен од кај Тинексот во кулите.
https://www.facebook.com/SidroMK/?fref=ts

Фиш во Аеродром е добар, само тоа мачките не ги можам што се шетаат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom