И пред тоа пишав на темава, а и сега пак - идам често по ресторани, со партнерката, и најчесто се трудиме да смениме ресторан, за да пробаме све.
Сеа у задњиве месец дена бевме по втор пат у Олива (пофенси од прошли пут и скупичко станало, али е така на ниво, со све тие француско-жабарски финти од типот на - неаме ништо у мени, келнерот раскажуе приказна), Пекинг гарден (боље или исто како Суши бар, а поевтино) - азиска кујна, не само кинеска и у Маргер у парк (по куј знае кој пат), они се квалитетни за таа цена што ја нудат и околината (парк) им е голем плус. И у Форца отидовме по втор пут, затоа што од бивша Тоскана шефот што беше, сега е таму и он менито го има праено, ни се појави лично овој пут и расправавме за некои поединости од храната (на пример - глупо е да имаш перфектен dish со бифтек или друго, а зеленчуковиот додаток, гарнир, да ти е од замрзнати материјали или оризот у гарнирот да е лошо подготвен).