Дали Машко на 20 год. може да има искрено добра другарка?
мене тоа не да не ми се верува али јбг. Како мозе да имас другарка сто е со тебе нонстоп и да не ти се засфига? Кога тогас ке падне муабет на тоа да се смуваме и такви работи.:uvo:
Што значи искрено добра другарка? Женска пријателка со која не се муваш?
Мене ми е тотално нејасно како е можно другарките да не се за мување, а недругарките да се. Па и тие имаат потреби, исто како и ти. И тие сакаат да истражуваат, исто како и ти.
Ако ти е искрено добра другарка, ќе има секс со тебе, ако ѝ побараш, и ако и нејзе ѝ се сака. Тоа што се знаете претходно и сте оделе на пиво заедно може да биде само плус за да се развие успешна врска, а не може да биде пречка.
Значи: човек на 20 години
може да има искрено добра другарка и е среќен ако ја има.
Како ќе се однесува кон таа искрено добра другарка ќе зависи дали истата ќе продолжи да му биде искрено добра другарка и понатаму. Потенцијалното мување, секс, врска, заеднички живот, брак, деца, стан, апарати во домаќинството итн не можат и не смеат да бидат пречка за продлабочување на врската со другарката.
Ако се јавуваат чувства кон другарката, макар биле и чисто сексуални, таа има право да знае, бидејќи тоа е комплимент за неа, а дечкото од 20 години, ако ѝ е искрено добар другар, се грижи како таа се чувствува и со едно такво признание би ѝ угодил нејзе, а тој лично ништо не би изгубил. Од друга страна, напротив, ако дечкото не ѝ го каже тоа лично, тоа е само негова грешка и страшливост.
Нормално, другарката ќе го задржи правото да го одбие сексот и искрено добриот другар не би смеел да се противи на тоа. Од своја страна, ако дечкото е навистина во „зорт“, а девојката му е искрено добра другарка, би требало да му скокне на помош (читај: во кревет).