Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
D

Daedalus

Гостин
Јас не велам дека Трамп не може да победи, само реагирав на тоа дека водел. Значи, во моментов не води никаде.
Кои фактори ги земаат предвид кога ги прават коефициентиве? Се засноваат врз база на тоа колку се кладат дека Хилари ќе тепа, наспроти колку се кладат дека Трамп ќе тепа или се земаат и други фактори предвид?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.926
Поени од реакции
83.179
Кои фактори ги земаат предвид кога ги прават коефициентиве? Се засноваат врз база на тоа колку се кладат дека Хилари ќе тепа, наспроти колку се кладат дека Трамп ќе тепа или се земаат и други фактори предвид?
Мислам дека е покомплицирано од ова и се земаат разни фактори од разни категории. После кога ќе с оформи почетниот коефициент, влијае, меѓу другото и колку се кладат на едното, а колку на другото.
Али ете некој ваљда ќе ти објасни, што се разбира повеќе.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Повели, се ти е убаво прикажано на мапа во боја.

https://en.wikipedia.org/wiki/Voter_ID_laws_in_the_United_States#State-by-state_requirements

Или ако сакаш подетално, на конкретен список.

https://en.wikipedia.org/wiki/Voter_ID_laws_in_the_United_States#Laws_by_state

Сите објавени податоци се превземени од службени веб сајтови на владите и/или владините тела на сојузните американски држави во САД.

Во сојузните американски држави кај кои под Type of Law пишува No ID required не се бараат никакви документи за идентификација на гласачките места при гласање на претседателски избори во САД.

Па така, на овие од Пустец воопшто нема ни да им треба американско државјанство за да можат да гласаат на претседателски избори во сојузните американски држави Њујорк, Њу Џерси, Калифорнија, Невада, Њу Мексико, Пенсилванија и бројни други кои не бараат никаков документ за идентификација на гласачките места.

Всушност, во сојузните американски држави во кои не се бара никаков документ за идентификација на гласачките места при гласање на претседателски избори во САД, овие од Пустец не само што ќе можат да гласаат, туку ќе можат да гласаат на повеќе гласачки места на денот кога се одржуваат претседателските избори, бидејќи во тие сојузни американски држави воопшто не се води евиденција на гласачките места за тоа кој го искористил своето право на глас, а кој не.

Речиси истото важи и за сојузните американски држави кај кои под Type of Law пишува Non-photo ID required (non-strict) или Photo ID (non-strict).

Тоа non-strict значи дека се бара документ за идентификација, но доколку гласачот не приложи таков документ, сепак ќе му биде дозволено да гласа под услов да потпише изјава со која тврди дека е граѓанин на САД и дека има право на глас, или доколку друг гласач со документ за идентификација ги потврди идентитетот и правото на глас на гласачот без документ за идентификација.

Па така, ако јас сум граѓанин на САД и живеам во некоја сојузна американска држава како Вашингтон, Јута, Колорадо, Монтана, Конектикат и бројни други, слободно можам да им се појавам на гласачко место и за цел Пустец да потврдам дека се граѓани на САД, и иако никој од нив нема да приложи лична карта за идентификација, сепак ќе им биде дозволено да гласаат на претседателски избори во САД, бидејќи јас како граѓанин на САД кој сум приложил мој документ за лична идентификација, сум потврдил дека овие од Пустец без никакви документи за лична идентификација, се граѓани на САД и имаат право да гласаат на претседателски избори во САД.

Избирачкиот систем во САД - конкретно за претседателските избори - е така добро наместен, што буквално и марсовци би можеле да гласаат кога би се појавиле од никаде на американско тло.
Многу ти е интересна причава, штета што има малку врска со реалноста.

Факт е дека во Америка изборна измама поврзана со идентификација е минимален проблем, ако воопшто може да се нарече проблем.
http://www.politifact.com/georgia/statements/2012/sep/19/naacp/-person-voter-fraud-very-rare-phenomenon/
http://mediamatters.org/research/2014/10/30/debunking-the-conservative-medias-2014-voter-fr/201382

Луѓе не вршат изборна измама затоа што не се доволно глупави да ризикуваат 10 години затвор за еден мизерен глас кој нема да има никаков ефект врз конечниот резултат.

Сосема 'случајно' го изостави фактот што и покрај тоа што Америка нема избирачки список како што ние имаме, регистрирање за право на глас е мандаторно. И за тоа регистрирање мора да се покаже proof of residence, а тие што првпат се регистрираат да гласаат мораат да покажат и идентификација според федерален закон.

Еве како навистина гласат законите за гласање во Висконсин -
o Photo ID is never required when registering to vote. However, a Proof of Residence document is always needed when registering to vote in Wisconsin.
o Voters must reside at their address for at least 28 days by Election Day in order to register to vote. Voters who have moved within Wisconsin less than 28 days before the election must vote from their previous address, either by absentee ballot or at the polling place. Voters who have moved to Wisconsin from another state less than 28 days before an election are only eligible to vote in Presidential elections.
o Wisconsin law no longer allows a “corroborating witness” to provide Proof of Residence. See the “Proof of Residence” documents for more details.
Извор - http://www.gab.wi.gov/sites/default/files/publication/154/voter_registration_guide_pdf_13359.pdf

Републиканците со години серат пропаганда дека се врши изборно манипулирање во сојузните држави каде што ID не е неопходно, но сите нивни тврдења се докажани како тотално погрешни и лажни.

Всушност, реалноста е сосема обратна од таа што ти сакаш да ја обоиш.

Изборна измама не се врши со трчање од изборно место до друго, процес со кој можда ќе успееш 30 илегални гласови да направиш што е зрно песок во пустината од милиони гласови. А да, и ќе ризикуваш 10 години затвор, голема парична казна и можна депортација за да го направиш истото.

Изборна измама се врши со блокирањето на правото на глас на демографии кои не гласаат за твојата партија. Затоа републиканците ги форсираат овие, неконституционални патем, закони за voter ID, затоа што знаат дека голем број на црнци и латиноси ќе бидат исклучени од изборниот процес. Оваа изборна измама ефективно таргетира милиони гласачи.

Ништо повеќе од гадна републиканска пропаганда.

Всушност, ние како држава сме многу добар пример како стриктни изборни закони со тројна идентификација (список, лична карта, обележување палец) се неефективни.
Ние имаме далеку помасовен проблем со изборни измами, ние имаме министер за транспорт и врски како се договара со шеф за разузнување како да чепкаат по изборни вреќи.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.220
Поени од реакции
1.469
Добро рекле, Америка ке го избери или првиот женски претседател, или последниот УС претседател.
:pos:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.897
Поени од реакции
12.255
Многу ти е интересна причава, штета што има малку врска со реалноста.

Факт е дека во Америка изборна измама поврзана со идентификација е минимален проблем, ако воопшто може да се нарече проблем.
http://www.politifact.com/georgia/statements/2012/sep/19/naacp/-person-voter-fraud-very-rare-phenomenon/
http://mediamatters.org/research/2014/10/30/debunking-the-conservative-medias-2014-voter-fr/201382

Луѓе не вршат изборна измама затоа што не се доволно глупави да ризикуваат 10 години затвор за еден мизерен глас кој нема да има никаков ефект врз конечниот резултат.

Сосема 'случајно' го изостави фактот што и покрај тоа што Америка нема избирачки список како што ние имаме, регистрирање за право на глас е мандаторно. И за тоа регистрирање мора да се покаже proof of residence, а тие што првпат се регистрираат да гласаат мораат да покажат и идентификација според федерален закон.

Еве како навистина гласат законите за гласање во Висконсин -
o Photo ID is never required when registering to vote. However, a Proof of Residence document is always needed when registering to vote in Wisconsin.
o Voters must reside at their address for at least 28 days by Election Day in order to register to vote. Voters who have moved within Wisconsin less than 28 days before the election must vote from their previous address, either by absentee ballot or at the polling place. Voters who have moved to Wisconsin from another state less than 28 days before an election are only eligible to vote in Presidential elections.
o Wisconsin law no longer allows a “corroborating witness” to provide Proof of Residence. See the “Proof of Residence” documents for more details.
Извор - http://www.gab.wi.gov/sites/default/files/publication/154/voter_registration_guide_pdf_13359.pdf

Републиканците со години серат пропаганда дека се врши изборно манипулирање во сојузните држави каде што ID не е неопходно, но сите нивни тврдења се докажани како тотално погрешни и лажни.

Всушност, реалноста е сосема обратна од таа што ти сакаш да ја обоиш.

Изборна измама не се врши со трчање од изборно место до друго, процес со кој можда ќе успееш 30 илегални гласови да направиш што е зрно песок во пустината од милиони гласови. А да, и ќе ризикуваш 10 години затвор, голема парична казна и можна депортација за да го направиш истото.

Изборна измама се врши со блокирањето на правото на глас на демографии кои не гласаат за твојата партија. Затоа републиканците ги форсираат овие, неконституционални патем, закони за voter ID, затоа што знаат дека голем број на црнци и латиноси ќе бидат исклучени од изборниот процес.

Ништо повеќе од гадна републиканска пропаганда.

Всушност, ние како држава сме многу добар пример како стриктни изборни закони со тројна идентификација (список, лична карта, обележување палец) се неефективни.
Ние имаме далеку помасовен проблем со изборни измами, ние имаме министер за транспорт и врски како се договара со шеф за разузнување како да чепкаат по изборни вреќи.
Ти држи вода теоријата, но во пракса е неспроведлива, од наједноставна причина - нелегалните имигранти не се граѓани на САД, не се документирани и по автоматизам неизводливо е нивно апсење, освен ако некој директно ги пријави на денот на гласањето за изборни нерегуларности.

А бидејќи единствен начин во еден ист ден да препознаеш личност која гласа на две или повеќе гласачки места, е и` ти да бидеш присутен на истите тие гласачки места на истиот тој ден, шансите за разоткривање на гласачката измама се сведени на минимум.

И ова за депортацијата не ти држи вода, повторно од истата наједноставна причина - нелегалните имигранти нелегално влегуваат во САД и ако бидат депортирани, повторно ќе влезат нелегално, бидејќи тие не се занимаваат со почитување на законот, туку се занимаваат со прекршување на законот, односно не им е гајле што вели законот.

А кога сме кај затворските казни, не знам колку ти држи вода тврдењето дека не би сакале да одлежуваат затворска казна од 10 години, над 30% од сите затвореници во федералните затвори низ САД, се нелегални имигранти, не ми делува на мене како да не сакаат да го трпат таквиот ризик, особено ако се земе во предвид фактот дека ако победи кандидатот од редовите на Демократската Партија на САД, нема да одлежат ни половина од тие 10 години зад решетки, бидејќи последните двајца претседатели на САД од редовите на Демократската Партија на САД, имаат доста богато портфолио со помилување на криминалци. Ние во Македонија би ја нарекле ваквата пракса Хорхе на стероиди.
 
Мене ми изгледа дека не си доволно информиран за изборниот процес во Америка.
Илегален емигрант не може да се регистрира за право на глас затоа што не би можел да достави proof of residence,а ако се регистрира за првпат нема да може ни идентификација да достави која што се бара од него.
Ако зборуваш за илегални емигранти кои што се појавуваат на изборен ден да гласаат во туѓо име, и тоа е премногу тешко, ако двајца или повеќе се појават да гласаат за една личност, тие гласови се ставаат во provisional ballot и се врши истрага за тоа чиј глас е навистина валиден.

Но, повторно, факт е дека вакви случаи се премногу ретки за да бидат карактеризирани како проблем, камоли како изборна измама. Невозможно е да се направи било каков ефект врз конечниот резултат со оглед на масовноста на американските претседателски избори.
 
И повторно си во право, но истовремено повторно има начин за заобиколување на доказот за престој во САД кој е обврзувачки за време на гласање.

Во Калифорнија на пример, актуелниот гувернер Џери Браун од редовите на Демократската Партија на САД, дозволи издавање на возачки дозволи на нелегални имигранти. Самата возачка дозвола се прифаќа како доказ за легален престој во САД на гласачкото место, иако нелегално влегле во САД. А бидејќи во Калифорнија, исто како и во Њујорк, Њу Џерси и бројни други сојузни американски држави, не се бара документ за идентификација со фотографија на гласачкото место, фалсификаторите на возачките дозволи тријат раце пред секои наредни претседателски избори.

Затоа убаво спомнав:

Избирачкиот систем во САД - конкретно за претседателските избори - е така добро наместен, што буквално и марсовци би можеле да гласаат кога би се појавиле од никаде на американско тло.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.220
Поени од реакции
1.469
И мене никако не ми се верува дека Американците би дозволиле река од емигранти на денот на гласањето одат да гласаат па уште исти на повеќе места
Ако е така - ете грујо од кај се сетил да ангажира пустеци и шетачи
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
И повторно си во право, но истовремено повторно има начин за заобиколување на доказот за престој во САД кој е обврзувачки за време на гласање.

Во Калифорнија на пример, актуелниот гувернер Џери Браун од редовите на Демократската Партија на САД, дозволи издавање на возачки дозволи на нелегални имигранти. Самата возачка дозвола се прифаќа како доказ за легален престој во САД на гласачкото место, иако нелегално влегле во САД. А бидејќи во Калифорнија, исто како и во Њујорк, Њу Џерси и бројни други сојузни американски држави, не се бара документ за идентификација со фотографија на гласачкото место, фалсификаторите на возачките дозволи тријат раце пред секои наредни претседателски избори.

Затоа убаво спомнав:

Избирачкиот систем во САД - конкретно за претседателските избори - е така добро наместен, што буквално и марсовци би можеле да гласаат кога би се појавиле од никаде на американско тло.
Возачка дозвола не е единствена форма на идентификација која што е потребна за регистрирање на глас. Социјален број, или social security number е исто така неопходен.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Кои фактори ги земаат предвид кога ги прават коефициентиве? Се засноваат врз база на тоа колку се кладат дека Хилари ќе тепа, наспроти колку се кладат дека Трамп ќе тепа или се земаат и други фактори предвид?
Коефициентите на вакви настани се базираат на предизборни анкети. Тоа се исти анкети од типот на оние кои ги прават политичките партии преку професионални агенции. И најчесто се неверојатно точни, иако понекогаш има испади како оној со Брегзит. Тогаш коефициентот дека Англија ќе остане во ЕУ се симна на 1.10 на Betfair.
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.861
Поени од реакции
4.805
И повторно си во право, но истовремено повторно има начин за заобиколување на доказот за престој во САД кој е обврзувачки за време на гласање.

Во Калифорнија на пример, актуелниот гувернер Џери Браун од редовите на Демократската Партија на САД, дозволи издавање на возачки дозволи на нелегални имигранти. Самата возачка дозвола се прифаќа како доказ за легален престој во САД на гласачкото место, иако нелегално влегле во САД. А бидејќи во Калифорнија, исто како и во Њујорк, Њу Џерси и бројни други сојузни американски држави, не се бара документ за идентификација со фотографија на гласачкото место, фалсификаторите на возачките дозволи тријат раце пред секои наредни претседателски избори.

Затоа убаво спомнав:

Избирачкиот систем во САД - конкретно за претседателските избори - е така добро наместен, што буквално и марсовци би можеле да гласаат кога би се појавиле од никаде на американско тло.
Nema logika muabetov tvoj...Ilegalnite imigranti bukavlno ziveeat kako gluvci kriejci se od bilo kakov kontakt so vlasta...ili policija!Ne gledam pricina zosto bi rizikuvale zatvor\deportacija za eden obicen glas koj na niv nisto ne im znaci!
 
B

Bafra

Гостин
Заборавате на Изборот меѓу Буш и Ал Гор.
Ал Гор имаше 500.000 гласа повеќе од Буш , но Врховниот Суд веднаш одлучи Буш да биде претседател. И не им е првпат на американците :D

Убава демократија и политички систем имаат, не се зафркавајте со нив :cool:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.897
Поени од реакции
12.255
Возачка дозвола не е единствена форма на идентификација која што е потребна за регистрирање на глас. Социјален број, или social security number е исто така неопходен.
Па не баш.

Социјалниот број се бара исклучиво за тие кои се родени во една сојузна американска држава, а живеат и гласаат во друга сојузна американска држава.

И да, возачката дозвола е прифатлив доказ за престој во САД, а во некои сојузни американски држави - значи не во сите, туку само во некои - каде што е потребна гласачка легитимација, дозволено е приложување или на возачка дозвола или на социјален број - а не и едното и другото.

Nema logika muabetov tvoj...Ilegalnite imigranti bukavlno ziveeat kako gluvci kriejci se od bilo kakov kontakt so vlasta...ili policija!Ne gledam pricina zosto bi rizikuvale zatvor\deportacija za eden obicen glas koj na niv nisto ne im znaci!
Не ризикуваат и не живеат како глувци, барем не од 2012 година па наваму кога нивниот херој Барак Хусеин Обама им даде амнестија и забрани нивна депортација преку издавање на извршна наредба.

И несомнено ќе гласаат за Хилари Клинтон, бидејќи таа им гарантира целосна амнестија и целосно отворање на границите на САД, како за легалните, така и за нелегалните имигранти.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Заборавате на Изборот меѓу Буш и Ал Гор.
Ал Гор имаше 500.000 гласа повеќе од Буш , но Врховниот Суд веднаш одлучи Буш да биде претседател. И не им е првпат на американците :D

Убава демократија и политички систем имаат, не се зафркавајте со нив :cool:
Во Америка не победува кандидатот со повеќе гласови, не е ирегуларно или криминално кандидат со помалку гласови да тепа на избори.

Сојузни држави имаат ефект врз резултатот во зависност од тоа колку сенаторски места има таа сојузна држава.
Затоа гласање во одредени држави има поголема тежина од гласање во други држави. Меѓу другото, затоа Флорида и Охајо ги решаваат скоро сите претседателски избори.

И ова има врска и со муабетот погоре со Dexter, колку сакаш стотици илјадници илегални емигранти нека гласаат лажно, џабе е ако сојузната држава нема никаков ефект врз крајниот резултат.
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.861
Поени од реакции
4.805
Не ризикуваат и не живеат како глувци, барем не од 2012 година па наваму кога нивниот херој Барак Хусеин Обама им даде амнестија и забрани нивна депортација преку издавање на извршна наредба.

И несомнено ќе гласаат за Хилари Клинтон, бидејќи таа им гарантира целосна амнестија и целосно отворање на границите на САД, како за легалните, така и за нелегалните имигранти.
Ne e bas taka! Seuste se deportiraat nazad. Nikoj ne bi rizukval dostoen zivot (dostoen vo sporedba od kade se dojdeni) samo za da glasa. Hilari veti reformi vo imigrantskiot zakon najpoveke vo delot kade clenovi na ista familija imaat razlicen status. Nikoj nema da otvori nikakvi granici.Mnogu mnogu pogresno (ili namerno) gi interpretiras informaciite.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom