Дали вреди да се напушти нашава земја?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?


  • Вкупно гласачи
    585
*Става маска на Латас*

"Значи да повториме, подобро е одвај да сврзуваш крај во Македонија како "средна класа" одколку да имаш пристоен живот настрана како ниска класа!"

Рози не цветале во Европа... Од розите само трњето остана за нас овде, се друго отиде за извоз во светот.
Хаха не несакам да убедувам никого недајбоже да величам македонштина. Само да немаат луѓе илузии од запад и што ги чека.
 
Побрзо ќе станеш висока класа на запад од колку средна во Македонија
Имам подалечни роднини во Австралија, со едниот контактирав тек-тук додека беше тука, додуша од кога замина последно немаме контакт. Вака викаше тој: За секого се најдува работа колку што му се работи. Со некое дневно нормално работно време, се живее еден мирен и стабилен живот. Кој е желен за повеќе заработка и напредување, има и такви можности со повеќе работа.
Многу едноставно и коректно.

Во македонската економија и општество, треба да дојдеш до граница на умирање од работа за да не умреш од глад. Ако не ти чини тоа, оди си одовде - мудроста на македонските ванабикапиталисти.
 
Хаха не несакам да убедувам никого недајбоже да величам македонштина. Само да немаат луѓе илузии од запад и што ги чека.
Јас сум од Битола, традиционално печалбарски крај немам живеено странство али доста мои познати а и роднини се таму со години. Има доста постари кои се вратија во 80 десетите и сега горко жалат ради тоа
 
Хаха не несакам да убедувам никого недајбоже да величам македонштина. Само да немаат луѓе илузии од запад и што ги чека.
Абе гледам редици млади луѓе како се враќаат од странство, кукајќи и колнејќи ја туѓината секој ден...
Не е на заебанција речено дека сонот на младиот македонец е да се пресели надвор од земјата.
 
кој си оди од Македонија предавник е
 
Хаха не несакам да убедувам никого недајбоже да величам македонштина. Само да немаат луѓе илузии од запад и што ги чека.

не се труди да објаснуваш, ти едно пишуваш тие упорно друго читаат, најтрагично е што најмногу се контраат тие што упорно седат во МКД,а кажуваат како се успева на запад.
 
Јас сум од Битола, традиционално печалбарски крај немам живеено странство али доста мои познати а и роднини се таму со години. Има доста постари кои се вратија во 80 десетите и сега горко жалат ради тоа

Ај еве мои примери (покрај што лично имам долго искуство во Европа)

Роднина во Америка, таму се 20 години. Никако не и влегува во глава дека тука си одиме по неколку пати на одмор, еве во Грција по 10-15 дена. Да, зема големи пари, но одмор толку ја кошта во време и пари што не оди години. Друго работи секоја сабота, понекогаш и недела. Со мажот се гледаат 1-2 часа пред да легнат и толку. Работат после 65 (до смрт) страв им е да отидат во пензија.

Друг пример, од Европа, колеги европејци, да заработуваат, но животот кредити итн толку кошта што одмор не виделе 5 -7 години. Скијање? Тоа е луксуз за богатите. Спореди тоа со средна класа 2 вработени во Скопје што одат по одмори 2+ пати годишно.
 
Како бе ви се дискутира со Гаро ретардата? 20 години бил во странство. :pos:

Сега ќе биде неколку во затвор.
 
не се труди да објаснуваш, ти едно пишуваш тие упорно друго читаат, најтрагично е што најмногу се контраат тие што упорно седат во МКД,а кажуваат како се успева на запад.
Хаха баш. Кој не заминал не знае
 
Ако 2 се вработени по 18.000 денари тоа ти е според твоите сметки околу средна класа. Иако јас друго зборував. Средна во смисла колку можеш да се вклопиш во средината. Во споредба со другите каде си?
Ако сите немаат, како сите поминуваат така и ти. Но, ако сите имаат а ти си туѓинец и немаш, тоа е проблем. Ако сите другарчиња на детето имаат патики од 200 евра пример, а ти немаш тоа да му го овозможи, тоа е проблем. Не знам дали сум јасен.

Најчесто Македонците иселеници од прва генерација ретко излегуваат од ниска класа во новото општество. Пазарат во најевтините супермаркети каде ретко влегува белец. Живеат во заебани квартови. Се дружат помеѓу себе или со други дојденци (Црнци, Арапи). Реално помалку си пружаат од типично семејство што останало во Скопје (одмори, скијање итн).
Нивото на работа: општо ако дипломиран во Скопје цели кон фина работа, да кажеме еве канцелариска, истиот во странство цели кон пониска работа. Просто, ако бираат помеѓу таму роден и ти дојденец, ни мајчин јазик, кого ќе изберат за фина работа? ( Проблеми што воопшто ги немаш и не помислуваш во мк)
Вклопувањето во средината зависи од личноста. Секој макар и со малку памет, прво што прави при потенцијално заминување некаде - интензивно го учи тамошниот јазик.

И со таа пониската работа таму, може подобро да живееш отколку со „фина канцелариска“ работа во Скопје. Макар што ова е безврска муабет, ама ваква глупост не може да помине незабележано.

Хаха не несакам да убедувам никого недајбоже да величам македонштина. Само да немаат луѓе илузии од запад и што ги чека.
Споредено соодветно за секој поеднец и/или семејство согласни нивните способности и потенцијали, стандардот на живот на Запад е добри 5 и повеќе пати повисок во споредба со животот во Македонија. Севкупно гледано, општествено/економски/здравствено/образовно/научно/физички/психички/емоционално. Толку е едноставна работата.

кој си оди од Македонија предавник е
Предавник на што?[DOUBLEPOST=1469368777][/DOUBLEPOST]
Како бе ви се дискутира со Гаро ретардата? 20 години бил во странство. :pos:

Сега ќе биде неколку во затвор.
Што сум пропуштил, кој е Гаро?
 
Предавник на што?
Цитираш лик што живееше 10+ години во Америка, да беше арно тука немаше да фати пат под нозе, не се умарај, мислам дека досега сите го научивте Гаро што створење е.
 
Роднина во Америка, таму се 20 години. Никако не и влегува во глава дека тука си одиме по неколку пати на одмор, еве во Грција по 10-15 дена. Да, зема големи пари, но одмор толку ја кошта во време и пари што не оди години. Друго работи секоја сабота, понекогаш и недела. Со мажот се гледаат 1-2 часа пред да легнат и толку. Работат после 65 (до смрт) страв им е да отидат во пензија.

Друг пример, од Европа, колеги европејци, да заработуваат, но животот кредити итн толку кошта што одмор не виделе 5 -7 години. Скијање? Тоа е луксуз за богатите. Спореди тоа со средна класа 2 вработени во Скопје што одат по одмори 2+ пати годишно.

За да одиш овде на одммор (да заштедиш доволно) треба да имаш плата.
Во Македонија невработеноста е околу 27%
(нема да одиш на одмор со 12.000 плата колку шо зема мнозинство вработени, ќе одиш ако имаш 20.000 или плус колку шо зема малциството)
Во Америка околу 5%
Во Македонија плата која би им покрила основни месечни издатоци земаат 12% вработени
Во Америка просечен приход по семејство е доволен да покрие трошоци на едно семејство

и на крај, од Македонија се иселиле преку 600.000 луѓе во последни 10 години. Јас познавам многу кои заминале од 91 до сега странство, не познавам ни еден кој се вратил.
 
@Nekojx а во која Европска држава си ако можеме да дознаеме?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom