Кајгана психолог

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Што да направи човек, кога некој што му значел исчезнува засекогаш од неговиот живот, без збогум, без пријатно, без имај убав живот, онака со пола уста кажано.
Секогаш имаме некој кој што не сака какви што сме, но пусти мерак за се што не ти обрнува внимание.
Дали секоја солза е залудна, или си тече по испакнатите јаболчници зошто нема друго решение...
Надежта е многу погубна работа во твојов случај. Уби ја. На било кој начин.
 
Знаеш што ми е најинтересно што е дупла Шкорпија и што мнооогу се воздржуваше, а имаше и тој такви некои чувства длабоки и силни. Се заприметува тоа, ама ете си одел човекот против неговата волја.

Сум имал искуство со пријател дупла Шкорпија, отров на квадрат. Се воздржува од емоции, од толку што се воздржува на тебе ти се префрлаат. Пасивна агресивност и глумење жртва на префинет начин најдобра особина!:pos:
 
Имам фамилијарен проблем, scapegoated сум во фамилијата па доколку некој имал слично искуство би сакал да ме советува што да правам, го замолувам да ми прати ПП!
 
Читам над мене постови и многу луѓе го јадат истиот стап као и ја сега... Работам малопродажба и почна многу стресно да ми станува од луѓе гужви галами и слично и некако почна да ме потиснува...ми паѓа расположение, те анксиозност, те мини паничност, па почна да ми се одразува дома врз спиењето, како некое бунило неубаво, се чуствувам како да ме приметуваат другите дека нешто не ми е добро или како да се жалам премногу... Премногу лесно се раздразнувам и сум осетлив за секакви глупости и паметот ми оди на нерационални работи место нешто убаво да размислувам како на пример како ќе си поминам на одмор сега со девојката и слично.. буквално немам проблеми од типот на финансии, девојка, другари, излегување, комуникација и слично... Како да надминувам вакви ситуации има ли некој што може да ми помогне?
 
Во моето маало има фамилија со деца кои се со години затворени дома, јас и ги заборавив еве вечер нешто ми текна на нив, брат и сестра се не излегуваат не одат на школо (мислам дека завршија основно но можно е и тука некоја мучка да е направена пошто едниот родител работи како службеник во основно школо на село и таму се водеше едното дете али јас не памтам да го видов ни да оди ни да се враќа од школо. Пред неколку години влегов кај нив дома, да им помогнам нешто на родителите и кратко фрлиф поглед на нив..... беше потресно и трагично, бледи подгрбаени исплашени.... се изгубија на брзнка од собата а јас не прашав ништо колку беше непријатно....
ги нема ни на улица ни до малската продавница ни во двор кај нив, дури и не знам која возраст сега треба да се, претпоставувам детето негде 20 - 21 чупето некоја година помала, веќе и заборавивме дека постојат.

Е сега прашање е дали ваков случај треба да се пријави, каде и кому и како е со анонимноста. Јас верувам дека било кој психолог или социјален работник кој 5 минути ќе помине со децата и оразговара ќе види дека нешто не е во ред.
 
Не .... Зошто би пријавил?
Тие луѓе имаат право како сакаат да си живеат. Никому не пречат. Кој си ти или било кој друг да се мешате во нивниот приватен живот?
 
Имам комшија одличен ученик и знае неколку јазици, но има маана со компјутерските игри. Кога губи на League of Legends се заканува на другарите дека ќе скокне од прозор, исто така џабе користат скајп кога во 4 сабајле зборуваат толку гласно што цела зграда се слуша. Нон стоп крши нешто дома и хистерично се дере додека игра игрички и нон стоп гледа некој туторијали на англиски и ечи цела зграда, никој дома не смее да му писне оти следи ,,ќе скокнам од балконоооот"
 
Не .... Зошто би пријавил?
Тие луѓе имаат право како сакаат да си живеат. Никому не пречат. Кој си ти или било кој друг да се мешате во нивниот приватен живот?
И Фритцл во Австрија не му пречеше на комшиите
 
Еден мирен повлечен господин шо си ги чуваше децата дома 2 децении без на никого да му пречи од комшии
Да не мислиш на оној што сексуално се изживувал нас својата ќерка?
 
полека ќе стигнеме до поентата,
значи како е откриен тој мирен повлечен господин и неговата сексуална орјентација кој на никој не му пречел а кој имал деца кои 20 години не излегле надвор од куќата?

Еве накратко на шо мислев јас
Нашата мала во Битола е 2 улици и 20стина куќи, сите се знаеме
Комшиите за кои зборувам имаат деца али никој не ги знае, или ги знае минимално ако ги видел пред 10-20 години по некоја случајност
Нашите сите деца израснаа во малата, одеа и се враќаа на училиште, се играа по улици одеа еден со други на родендени и по родендени по коледе учеа да возат точаци на улица
Нивните не ги видовме ни со чанта ни кон школо ни од школо, ни во двор ни на роденден ни на забава ни во улица ни во продавницата каде секој ден деца трчкале или трчкаат по леб пиво цигари квасец масло шеќер....
Пред едно 5 години ме викна мајка им нешо дома да им помогнам, влегов, еве шо видов
чупето стоеше рацете цврсто прекрстени на гради очите ширум отворени и како здрвена. Реков здраво - таа ништо како да се згрчи појќе, јас се зафатиф со работа таа замина со ќутење....
на бегање од другата соба излезе синот, висок и згрбавен блед како лист хартија млитав, со ретка брадичка обраснат тој со рацете околу себе сам се држеше и така како дух само помина од една соба во друга.

Овде веќе сите и заборвија на нив никој не се ни прашува каде се и зошто се така затворени, дали имаат родителите нешто со тоа или е во прашање некој психички проблем со деца, важно така седат дома секој ден секоја недела година деценија, али ко шо велиш нивна работа, важно бељи не прават.....
 
Тоа со ќерката е кривично дело.
Ако е така и во Битола, тоа треба да пријавиш во битолската полиција.
Можно е и друго. Ако децата имаат проблеми во развојот, како што се аутизам. Во случајов кој го опишуваш нема никаква причина да пријавуваш. Родителите се грижат за своите болни деца и ти нема што да пријавуваш.
А ако тебе те загрижува што се случува би ти препорачал да поразговараш со таткото или мајката. Само пази да не ги навредиш, бидејќи можеби сакаат да скријат дека едното или двете деца им се болни. Затоа подобро не преземај ништо. Гледаш - тие еднаш побарале помош од тебе - значи имаат доверба во тебе и немој да ги разочараш
https://mk.wikipedia.org/wiki/Аутизам
 
море ич не им се мешам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom