Друшкане шо се напали толку?
Јас дадов свое видување на работите.
Затоа што ако не врват тие потврди, ако не ти дадат со нив држајанство тое е една голема измама. Еве запрашај се неколку прашања:
1. Дали би се зачленил во тоа здружение доколку не мислиш дека со таа потврда ќе поминеш за државјанство? Мислам дека не.
2. Соодветно на тоа и не би платил 30 евра нели?
3. Дали на овој или оној начин си уверен од луѓето таму, во тоа здружение, дека потврдата ќе ти помогне? Верувам дека да.
4. Дали таа помага? До сега не.
5. Дали ако не ти помине потврдата, т.е не добиеш државјанство ќе се почувствуваш измамен? Си дал пари, ти ветиле и на крај ништо. Макар нели доброволно си отишол. Ако се осетиш измамен тоа е веројатно затоа што и си измамен.
Свесни сте сите колку е тоа само бизнис. Еве некој спомна препорачувале и посредници. Значи уште еден бизнис. Сеа ОК е свесно да идете на нож шо се вика пошо нема друг излез. Ама да ги правдате тука и да глумите наивчини кога и сами сте свесни дека сте измамени нема потреба.
Исто така нема потреба да се продолжи дискусијата за потврдите кажав што имав.
Со среќа тебе и на сите во слична стуација и се надевам ќе се смени политиката многу скоро!