- Член од
- 9 јули 2016
- Мислења
- 17
- Поени од реакции
- 11
Бидејќи се во 60-тите години од животот пред аутирањево се мислев дали да ги соочам со ова или не. За секој случај, отворав вакви теми со цел да ги разубедам од она во што веруваат - па евентуално и да дознаат ударот да не е толку голем. Многу ми помогна што во вакви дискусии најдов на поддршка од помладата генерација во фамилијата на мајка ми, која се разликува значително од постарата крајно хомофобна генерација. Во еден наврат дискусијата се интензивира многу, особено со татко ми кој беше многу контра хомосексуалци, па тогаш хипотетички се аутирав. На прашањето што би правел ако јас хипотетички сум геј, кусо одговори - „ќе се промениш.“ без да даде друга алтернатива. Значи или ќе се промениш или ќе се промениш и ја заврши дискусијата. Потоа продолжи да молчи.Треба да си го поставиш прашањето - дали тие ме сакаат онолку колку што јас ги сакам, и откако ќе добиеш некои директни или индиректни одговори на тоа прашање, тек тогаш да процениш дали ги сакаш "повеќе од што треба". Зависно од менталниот склоп на твоите, можеби ќе добиеш искрен одговор на директно такво прашање а можеби и не, може ќе добиеш искрен одговор на индиреткно такво прашање, а можеби и не. Треба да одлучиш дали би прифатил било каков да е одговорот, ако те интересира прашањето, и така да одлучиш дали да го поставиш.
Откако ја дозна и вистината од негова страна само молчење има, та претпоставка е дека стои зад она што го мислел. Инаку имал некој чин во ЈНА пред да напушти, па не знам колку прифатлив може да биде.
До сега, не.Родителите ти се наоѓаат во непријатна ситуација за нив, точно. Се засекирал некој дали е непријатна ситуација и за тебе? Особено од семејството?
Знам дека во никој случај не планираат да се откажат од мене и дека ме поддржуваат во се (освен во ова). Е, врз што се темели ова - не знам. Тоа што оставаат работите на времето да ги решава ми делува како да очекуваат промена, што реално не е можно да се случи. И ме боли фактот што не преземаат никава акција - дури и да ми се развикаат ќе е подобро од ова што сега го прават. Не сакам неодредени ситуации, не толку долго.
Според мене, ако некој ти значи и гледаш дека пати - ќе преземеш се што е во твоја моќ да му помогнеш, нема да оставиш на времето и на сплет на околности да решат ситуација. Барем, така јас функционирам. Тоа ме носи да размислувам дали сето она што го зборат се однесува на мене, или на нивата верзија од мене што ја имаат во глава. Дејствата и зборовите не им се баш усогласени.
Точно. Дури и во случајов - јас ја играм улогата на родител. Но, животното искуство стекнато во 22 години и она во 60 не може да се спореди.Родител, кога има некое од нивните деца проблем ("проблем" во случајов), нормалната реакција е да прашаат кој е тој проблем, како се осеќаат, и како они можат да му помогнат како родители. За жал, во вакви ситуации, родителите се идентификуваат како жртва и поголемиот дел од останатото општество по дифолт ја заземаат таа страна и ја потврдуваат како жртва во случајов.
Моменатлната ситуација тежнее тука. Ова сакам да го променам, оти не сакам родителите да ги изгубам.Индивидуата се изолира од семејството и тера свој живот со минимална или никаква комуникација.
На ова се сведуваат сите разговори што сум ги имал со мајка ми. Е тука има голема контрадикторност.Да не те прифатат, но да си дел од семејството, да се ожениш за некоја жена и да се мачиш себе си да одржуваш некоја фасада на хетеросексуалец, да ја лажеш цел живот, а воедно и нејзиниот дел од семејството, а твоите родители да ти се соучесници
Додека растев, од сите се бараше вистината како единствено правилно нешто што треба да се зборува - и така функциониравме. Кога ми требале пари секогаш сум кажувал зошто без да мамам и ми биле дадени или не со објаснување зошто, не сум скрил никаков проблем што сум имал на школо било со професор или со потфрлен резултат од тест. Дури и најситни нешта биле отворено дискутирани.
Сега, се бара да лажам за клучни работи - да лажам човек со кого би го делел животот и цела нејзина фамилија. Во еден наврат збеснав кога ги слушнав зборовите „мора да лажеш“ - сфаќам и не ме чуди некој од општествово да предложи вакво нешто (и во форумов се деси тоа) - но не и од мајка ми.
Лагата не е во ред во ниту еден случај - не кога се работи за толку сериозна работа. Тоа е чист кукавичлук, некогаш разбирлив, но никогаш оправдан.
Не си свесен колку само овој пасус ми го смени гледиштето. Предобро срочено. Го читам отпочеток и секогаш нешто ново увидувам. Ова ми требаше.Прилично зафркнато, се слагам, ама тоа е што е. Други алтернативи се помалку изводливи а се засноваат на форсирано хетеросексуализирање од нивна страна или форсирано либерализирање на нивни ставови од твоја страна, и двата пристапа невозможни и без резултати.
И тоа како е точно тоа. На тој некој вид интервенција што ми направија обидувајќи се да дознаат што ме мачи и кој е проблемот што не можам да го надминам или споделам со нив, паднав на зборовите:Тоа е тешко. Затоа што според реакцијата ова веќе допрело до нив. Други луѓе само би поливале сол на отворена рана. Во право се другиве што рекоа дека ако не за ова, луѓето ќе зборат за друго, ама во случајов, затоа што сме диво-племе регион, за жал, се што спаѓа под "друго" е најчесто подобра варијанта него ли син хомосексуалец.
- Дај кажи ни, што и да е има решение - тука сме за тебе. Најлошото што можеш да ни кажеш е дека си настран, а не си. Затоа кажи.
Потоа почна „забавата“.
Гледав некои видеа на јутуб со вакви содржини кашто се обработува ова или се прикажуваат реакции како реагирале луѓе на таа информација. Ова мислам би функционирало, но јазичната бариера е присутна. Може да ги контактирам креаторите да допуштат да изработам превод на видеата на македонски - може ќе помогне тоа и на други.Серии можеби понатаму. Сепак се работи за фиктивни приказни и фиктивни ликови. Треба нешто real-life поврзано. Можеби некои документарки кои се посветени баш на ова coming out + after affects прашање?
Да, муабетот за генетика дојде во конотација дека се уште не се знаат многу работи можно е да е генетски може и не. Главна цел ми беше да ја оттргнам од размислување дека таа е единствен виновник во се.Порано ја подржував таа теорија, ама сега веќе не сум толку сигурен. Го имаме Human Genome Project со сите негови под-проекти и сето тоа секвенцирање на ДНК. Ако имаше геј ген, до сега ќе го најдеа, ама мислам дека сето тоа е ветер и магла, па како такво можеш да им пренесеш на твоите дека немаат врска гените. Назад сме на бел лист кога се работи за геј прашањето, не се знае се уште кои се причинителите/условите што даваат плодна почва некој да испадне геј особа.
Се на се, навистина ти благодарам за коментаров. Ми даде многу нешта за размислување главно опфатени во синтагмата „форсирано либерализирање“, како и одредена структура во малку хаотичната слика што ја имав до сега што ми ги прави нештата многу поедноставни за размислување.