Викаш се избореле за своите права, па потоа продолжуваш да објаснуваш како сме еднакви колку што и ти си еднаков со другите пред законот, i.e., можеш да се жениш и да имаш деца (но не и ние, пошто ти смета). Али не, еднакви сме со тебе во секој поглед. Мене не ми изгледа како да имаме бенефиции. Ако збориш за бенефиции користи реални примери, како на пример албанците во Македонија, кои уживаат специјален статус на граѓани.
Мене ЛГБТ организација, нити локална, нити интернационална не ми помогнала за ништо во животов. Активистите во 70те и 80те го поплочија патот за прифаќање и интеграција на хомосексуалците како малцинство кое може да живее отворено и слободно, и како такви да се интегрира во општеството. Организациите се бипродукт од тоа, и постојано бараат нови конфликти, дури и кога ги нема. Ја прават ситуацијата на хомосексуалците во Русија и други словенски држави полоша од што е, дури и во една Америка медиумите се накострешени за линч дека некоја си пицерија одбила да послужи геј бар или некоја слаткарница одбила да направи торта за некоја си геј свадба. Да се бореа исклучиво за еднаквост, немаше да бараат влакна во супата на општеството во кое живеат а кое е супер-прифатливо за луѓе како нас. Тоа што некој во мое име демонизира приватни бизниси кои тераат своја полиса на која имаат право, или на локално ниво, во мое име излегува на улица да шљака со боја, јајца, да демолира, и да се тепа со полицајци, придружен од фанатички албански групи (како и групации од разновидното ни соседство надвор од МК), тоа не значи дека делиме ист менталитет. Некои од нас имаат црвени линии, во однос на што бараат, и како да се добие истото.
Други ќе се џилитаат на улица надрогирани под капа на револуционери и ќе лапа пари од НВО-а наместо да најде вистинска работа од која ќе заработува. Од тие наши организации само тоа видов. А ти, пошто ти одговара статус квото, според тебе подобро е да ти се инфилтрирам у фамилија преку мајка, сестра, братучетка? Затоа што newsflash, во државава моментално така се стекнуваат со семејства хомосексуалците и бисексуалците. Некои имаат проблематични бракови, некои комплет дисфункционални бракови, некои се разведуваат штом се здобијат со деца. Изгледа таа игра повеќе ти одговара. Баш бенефитно.
Но како и да е. Да бидеме реални, тебе не те интересираат муабети овде. Дојде на темава исклучиво да сереш за хомосексуалците, како очаен трол, кој не легнал нешто веќе една цела епоха, и фрустрациите ги лечиш тука, во надеж дека некој self-loathing геј ќе ти здрви една во инбокс (а на нас држиш лекции за провокации) и ќе отпочнете некој разговор кој ќе води до некаде. Само барем претстави си се кој си, мислам дека на стара слава многу поефективно ќе делуваш, него вака преку sock-puppets од време на време, мислејќи дека некој не знае кој си.
Прво сум женско, второ имам право на која тема сакам да дадам мој став и мое мислење како ти во случајов и трето каде виде дека серам? Јас мислам дека ништо навредливо не упатив кон хомосексуалноста за да биде серење,напротив ти тоа го правиш за тие што не се истомисленици ко тебе со последниов текст што ми го упати,и да ти кажам баш тоа ме провоцира кај хомосексуалците што не смееш ништо да искоментираш против нив одма се вклучува одбранбен механизам со прости и погрдни зборови.Тоа што баш коментирам за хомосексуалците не значи дека не сум легнала цела година, немам време многу за форуми,чисто за забава понекад и не сум тука за да се претставувам. Не сум против пак ќе кажам, на крај краева кој ме прашува мене? Само гледам дека сите хомосексуалци што ги познавам супер си живеат и никој не ги малтретира,бракот може ајде ќе го проголтам,ама деца специјално да се посвојуваат во таков брак мене не ми е нормално,ко што кажав хомосексуалност има и меѓу животните,ама немаат деца самата природа не го дозволува тоа и не знам што толку страшно кажав.Тоа го мислам и точка.