Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Не го бранам, немој да јадеш бурек и тоа ВИЕ дома на твоите да викаш. Само ти потенцирав за раздалеченоста.
Колку години си бе абдал, ќе ме видел низ Штип, се заканува на форуми.
Муабети пред кооперација за тепање :facepalm:Ела те чекам... будала.
Како му потенцираше? Со глуп си или да, и дали ги извадил од шупак? Што сакаш ти да ти рече фала.
 
Т

Триптико

Гостин
@Moon Child до кога ќе го верглаш миењето чаши во Ц. Гора? Знаеш уште колку го имаш ова вметнувано во муабет? Кој заминал од тука, ич да не го боли што и како се прави. Имаш роднини и сакаш да ги повлечеш со себе? Супер, работи на тој случај. Немој само да дрвиш и да кажуваш што и како во (сега веќе) за тебе туѓа куќа! Од "паметњаковичи" од страна преку к.р ни е!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.821
Поени од реакции
17.042
да се вратиме на темата, прееска имало емисија на Васко Ефтов и кажуе, еден од ороводците на шарената револуција, во првите редои, имал бајаги дебело криминално досие а и неодлежани казни.. а пази сега, Вуиќ му реплицира, што не го уапсат ???
А имаше и за тој од шарените од Охрид, Интернет потерница од Хрватска...
Не ми е јасно, дали овие ги штити бејли или има некој пазар, т.е се е циркус Медрано или куклен театар Караѓоз, но неутралните граѓани кога ќе видат такви криминални фаци на протестите сигурно нема да бидат привлечени на страната на шарените и сдсм....
..што се однесува до кратењето на Ипар фондовите, ако тоа е поради автопатот што го гради Актор, едноставно РАСКИН на договорот на штета на АКТОР и нека го продолжи Кина и тој автопат...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.509
Поени од реакции
24.288
Се извинувам што малку покасно ти реплицирам.
Ситуацијата не е многу друга од двете држави, двете се поранешни југословенски, во двете живеат два или повеќе народа кои меѓусебе не се можат. Единствената разлика е што БиХ после распадот на СФРЈ доби војна, етнички чистења, милиони расселени лица, стотици иљади мртви и Х се водат како исчезнати. Како што напишав, знам каков е животот и во Македонија, знам каков е во БИХ, затоа што во двете имам живеено, во едната живеам сеуште, а знам и каков бил животот. Затоа и споредувам, затоа што една таква Босна која имаше во блиското минато војни, расселени лица, етнички чистења и стотици иљади мртви, не претрка. Ние немавме таква катастрофа, добивме средена држава после 1990 година, со инфраструктура, индустрија, водовод, канализација, струја, хидроелектрани, школи, болници и тако даље. Бевме на рамниште со Хрватска, сега можеме да се рамниме со Косово кое стана држава и тоа на стаклени нозе, завчера. Затоа јас секогаш ја споредувам Македонија со утепаните земји, затоа што во се не поминаа.
А грешиш ако мислиш дека нас исселените кур не боли, па одстрана само делиме правда. Сега ќе ти кажам и зошто. Мене може кур да ме боли за Македонија ако со мене ја исселив сестра ми, мајка ми, татко ми, и двете мои живи баби. Тогаш можам да кажам не се замарам друже, нека гори ако сака. Јас се исселив сама, пред не повеќе од 10 години па за да незнам што се случува таму, туку пред 3 години, совршено ми е јасно каква е ситуацијата. Друго беше кога луѓето порано се селеа па единствен извор на информации што им се случува во татковината беше исселенички џубокс и тоа што вртеа на фиксен телефон кај роднините еднаш во 4 месеци.
А знаеш зошто се исселив? За тебе многу смешната причина, да мијам чаши во Црна Гора и да си заработам за колку толку пристоен живот. Затоа што во родниот Велес, во кој живеев 23 години неможев да најдам работа ни во фаст фуд. Тебе тоа ти е смешно, мене ми е трагично, и трагична ми е сечија таква судбина, каде си приморан да отидеш за да си створиш услови за живот. Јас сум рекла и предходно, ич не ми е срам што работев 2 години во кафич во туѓа земја, јас да можев во Велес да се вработам исто, ќе се вработев за да ми тропка џебот. Ама во Велес се што успеав да најдам беше работа за 5000 денари, без платено прекувремено и двократно, со два слободна дена ако и тие успеам да ги добијам.
Мислиш оти е лесно да се крене раце и да се отиде? Да ги гледаш мајка ти и татко ти на Скајп само? Да ти се јавува баба ти по телефон и да ти вика ќе умрам а нема да те видам? Ама мораме да останеме каде и да сме отишле, затоа што иднината во Македонија не е црна, туку не постои. Ја нема.
Еве јас повеќе не живеам во Црна Гора, решивме дека сакаме да се вратиме дома. Во која дома? Јас од Македонија, сопругот од БИХ? Во која дома ќе одиме? Во која од двете ќе преживееме? Јас му реков, оти незнам каква е ситуацијата во бих, ама знам дека во Македонија нема да можеме да преживееме. Затоа што работа нема за Македонци, а камо ли за други државјани. И јас пак избрав да живеам далеку од моите. Знаеш зошто? Затоа што сега чекам да ми се родат две деца, а да ја изберев Македонија, ќе се подразмислев малку повеќе дали воопшто да ги створам. Ете таква е ситуацијата таму. Болна. За врштење и пиштење е ситуацијата.
Јас кога одам во Македонија паѓам во депресија од околината и опкружувањето. Од неуспехот и од тоа што народот е вратен во 18 век. Да го заостанеа само може немаше да биде толку трагично, но го однесоа во 18 век. А тоа многу го забележуваме ние кои ретко доаѓаме. Затоа што знаеш што си оставил, а знаеш што си нашол. Напишав и предходно, ама не образложив, не нема на никакво ниво, ни на културно, ни на политичко ни на спортско.
По телевизиите 24/7 само турски серии синхронизирани на сељачки јазик за да ја затупи рајата уште толку, квизови на Драган Вучиќ, врвот е Лила филиповска со отварањето кутии каде ништо ново нема да научиш, Јанко бурекот, Миленко и пропаганда 24/7. Немаме ниеден филм од наше производство во последните неколку години, и тоа што го има е со сомнителна содржина во која се вметнува пропаганда, класни разлики, раѓање деца и послушност. Нема ниедна детска програма како што имаше на времето Ѕвон, Дајте музика, Сител Бамбини итд. Утринските програми се сведени на политички препуцавања измеѓу поединци на кои од штабовите им ставиле кредит да се јавуваат. И да не набројувам повеќе... Зборот ми е дека во последните неколку години се случи таква пропаганда сервирана од медиумите која неможе да биде ништо друго него намерно осмислен концепт за оглупавување на народот.
Во спортот сме очајни, неморам ни да образложувам.
Во политиката сме изолирани и од комшиите. За се ни се сите криви, неможеме да воспоставиме нормални односи со ниедна соседна држава, на меѓународно ниво ни да не зборувам.
Целосната слика е дека во Македонија владее депресија и тага. Ниеден позитивен настан се нема случено години уназад. Еве ти ако знаеш повеќе, кажи што позитивно се има случено во Македонија, нешто што ја придвижило напред во последните години.
Друго. Грешиш ако мислиш дека јас ја поддржувам Шарената револуција. Јас одамна напишав овде во темата дека со боење нема ништо да се случи и дека ова повеќе ми личи на инстаграм револуција од поединци. Ама, добро што и нешто се случува. Затоа што вака повеќе неможе. Секој кој мисли дека во Македонија не треба да има било каква суштинска промена е луд. Секој што мисли дека моментално вака е добро, и покрај се што слушнавме во телефонските разговори, треба да се запраша која му е дијагнозата.
Не јас несакам да продолжи револуцијата шарена да бои згради. Несакам ни Никола Груевски да оди во затвор, заедно со неговите другарчиња. Јас сакам Никола Груевски да моли и преколнува за својот живот додека гори жив во пламен, заедно со неговите другарчиња. За него имам такви мисли. И мислам дека многу порано требаше да се случи тоа.
Да да знаеме зошто се иссели каде што се иссели. Досега незнам колку пати имаш напишано. Исто и што си рабтела и бла бла бла. Убаво за тебе. Само знаеш што, за личност која го има напишано ова ( и да по тоа и те памтам а не дека нешто посебна си или нешто паметно имаш напишано):

Јас сум многу среќна што во моето опкружување овде нема Македонци. Не велам дека ги нема воопшто, ги има ама јас ги одбегнувам. Знаете ли зошто?
Затоа што ми се повраќа од менталитетот, се плашам да не ми напакостат на било кој начин, затоа кога ќе забележам си ќутам и си држам дистанца. Некој ќе каже, твој човек е, твој јазик зборува, не, не сакам. Јас општо се дистанцирам од сите луѓе, ама најмногу од Македонец. Едноставно не ми треба.

Некако не ми личи дека многу ми си загрижена за државата или народот , баш напротив. Или во меѓувреме некоја жичка ти фатила спој или си ептен непостојана како личност, било што да е од овие двете не е на арно. Така да немој со тие куршуми ке те молам. Од личност која го има тоа што го има напишано не очекувам ништо арно да и мисли ни за државата нити за народот, уште помалце да биди загрижена за нешто што се случува во неа. Гледај си ја ти Босна, дружи си се со Босанци, прај кеф, терај си го животот , повлечи ги твоите ама аман не се грижи толку за нас.Такви душегрижници како тебе со извинење преку кур ми се дојдени.
И убаво што напиша вака километарски пост каде си ги кажа маките но сепак не прочитав никаде ништо за што би помисли дека имаш барем најмала претстава зошто не е направен попис нити во догледно време ке се направи веродостоен попис. Можеби порпуштив кој знае:toe:
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.537
Поени од реакции
9.438

Posle takov post ne znam samo zosto doticnata osoba si go gubi vremto so nas na kajgana, sto ne si zamine na nekoj forum tamu bosanski i neka si ima raat na dusata namesto tuka da true.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
А оние кои зборуваат за некаква “победа“ над некој друг, за лов на вештерки, за затвори, за тепање, за порамнување сметки, за издајници, предавници и патриоти, тие какви македонци се?

Која е единица мерка за македонец?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.821
Поени од реакции
17.042
да се вратиме на темата, прееска имало емисија на Васко Ефтов и кажуе, еден од ороводците на шарената револуција, во првите редои, имал бајаги дебело криминално досие а и неодлежани казни.. а пази сега, Вуиќ му реплицира, што не го уапсат ???
А имаше и за тој од шарените од Охрид, Интернет потерница од Хрватска...
Не ми е јасно, дали овие ги штити бејли или има некој пазар, т.е се е циркус Медрано или куклен театар Караѓоз, но неутралните граѓани кога ќе видат такви криминални фаци на протестите сигурно нема да бидат привлечени на страната на шарените и сдсм....
.. излезе на ЈуТјуб ...
 
k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
.. излезе на ЈуТјуб ...
Поради ефтов и миленко го изгуби и тоа малце останато во главата шо го имаш, ако продолжиш да ги слушаш ништо чудно и самоубиство да извршиш
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.537
Поени од реакции
9.438
А оние кои зборуваат за некаква “победа“ над некој друг, за лов на вештерки, за затвори, за тепање, за порамнување сметки, за издајници, предавници и патриоти, тие какви македонци се?

Која е единица мерка за македонец?
не мешај баби и жаби, ако некој изјави дека се дистанцира од Македонци, тогаш едноставно нема што тука да се замара со Македонци , нека си ужива со тие другите од кој не се дистанцира и не мора да се замара со нас, барем нема ни да не замара, а не да го тупи по цел ден со Македонци.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.691
Поени од реакции
88.675
Нова санкција: Стопирани нови 69 милиони евра од ИПА фондовите за Македонија

Европската унија суспендираше уште 69 милиони евра од ИПА-фондовите наменети за Македонија. Истовремено на македонската Влада и се одзема правото самостојно да управува со европските пари и сите одлуки ќе се носат во Брисел.

Со новата одлука за кратење на фондовите, ЕУ нема да го поддржи проектот на македонската Влада за изградба на пругата кон Бугарија, во делот на железничката инфраструктура на Коридорот 8.

Ова е втор бран санкции, откако само пред неколку дена ЕУ замрзна 27 милиони евра.

Причината за одземање на ингеренциите на македонската влада да управува со финансиите што ги добива од европските фондови е заради неспроведените реформи и пролонгирањето на политичката криза.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Вака им правеа на Турците цел 19ти и почеток на 20ти век.

inb4 младомакедонска револуција?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.901
Поени од реакции
36.965
Не дојде да разговара со Хајд во овие клучни моменти за државата оти требало да иде на свадба во Италија. :pos:
Типичен Грујо.

Него, ќе се враќа од свадбата или да не реши да емигрира сега на стари години на некој тропски остров? :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom