Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
Глдајќи Сител и седејќи дома мој и 50 години да си мислиш.Што подразбираш под блиску? Јас такви сценарија не гледам барем уште 10тина години, а дека не е на арно не е
Мал си не ги примеќаш знаците, јас кога почнав во 2008 да работам со владини пари и владини буџети и проекти, исплатата одеше мазно, 2 недели најкасно, така одеше едно 2-3 години, после тоа почнавме со по месец дена каснење, па завршивме лани со 6 месеци да ни ги каснат парите а речиси сите набавки кои ги прававме се сега тужени пошто пари не му се префрлени на набавувачи а ова година веќе е и прекинат сосема проектот и тоа не само нашиот.
Во здравството од година во година состојбата е се полоша, снемва пари, се нема за основни средства за хигиена на простории, а веќе обавезните лекови кои треба да ги има во операциони сали - ги нема.
На полицијата не и се исплатени купови прекувремени, дежурства, работи во викенди и за празници, војската страда за униформи и чизми.
Ова не беше секогаш вака, од година во година снемува пари, се потесен е кругот каде се вртат битно им е ради социјален мир - плати и пензии се делат од позајмици, кредитите се уградени во барокни фасади, провизии и хонорари, споменици и камнени бродови.
Приходи од даноци глобии казни царини... се намалени има тука доста причини, не е толку ни битно али се намалени, значи помали приходи а задолжувањата продолжуваат.
Просто кажано вака оди, му борчиш на петре 15.000. Се заборчуваш следен месец кај митко 20.000 за да му вратиш на петре 15.000 и со 5000 да закрпиш некоја дупка во домашен буџет. Следен месец земаш од перо 25.000 за да му вратиш на митко 20.000 и да закрпиш дома со тие 5000 некоја сметка, следен месец веќе земаш на заем од Аднан 15000 и од никола 25.000 пошо мора да враќаш и закрпуваш дома пошто платата не ти стига за јадење и сметка... после година дена борчиш на 10 души 3 твои годишни плати а твојата плата ти ја намалија за 15%.......
за брзо време не можеш на детето да му купиш нови чевли, колата не ја регистрираш, се пишиш во 3 бакалници и гледаш само да вратиш борчовите за да не ти дојдат дома доверителите и те рушат од ќотек