Добра идеа се маициве.А и ова со сокот од морков.
А кај да побарам вакви маички ?
И што цена држат ?
А што се однесува до горењето и јас под сенка рак се правам,на сонце цел живот не сум излегол.
И секоја година истите прашања од роднини/пријатели...
"Абе беше ти на одмор ?Многу бел се врати"
Прво една основна работа, постојат различни типови на кожа што различно реагираат на сонце. Општата класификација е на 4 типа, 1 е најчувствителниот тип што веднаш гори, не „поцрнува“, само поцрвенува и на тој тип кожа сонцето предизвикува само оштетувања што понатака може да имаат несакани последици.
Еве во спојлер еден сликовит приказ за типовите на кожа
Штом си толку чувствителен, пред се', не се изложувај на сонце од 10 до 17 часот. Ако веќе инсистираш тој период да одиш на плажа, барај длабока сенка. Чадорот сам по себе не пружа соодветна заштита, така да смести се под некое големо дрво или друго посоодветно место. Без разлика дали во моментот седиш под сенка или на сонце, задолжително нанеси средство за сончање.
Купи квалитетно средство за сончање со највисок фактор што можеш да најдеш. Пожелно е 75+, ако најдеш и 100+. Обавезно да е со широк спектар (да штити од UVA и UVB). Нанесувај го средството во пообилен слој, повторувајќи на секој саат и пол, најмногу два.
Едно од најдобрите средства за сончање е Anthelios од La Roche - Posay. Не сум сигурна кај нас каде може да се најде, мислам дека во Зегин го гледав, ама ако одиш на одмор било каде во наша околина го има. Ако не го најдеш Anthelios, добри се и Neutrogena, Eucerin (нив 100% ги има во Зегин), Nivea исто не се лоши.
Земи и некое средство за после сончање, тоа ја храни кожата и ја одржува еластична.
Ако веќе си изгорел, или народниот лек - кисело млеко, или уште подобро земи некое средство против изгореници, сега барем ги има мал милион. Било кое средство со алое вера или невен ќе биде од помош.
Но, пак ќе речам, за твојот тип на кожа најбитно е што помалку да се изложуваш на сонце од 10 до 17 часот кога е најсилно зрачењето на сонцето.
Како конкретно помага Зеолитот во превенција и лекување на изгореници на кожа?