- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.889
- Поени од реакции
- 12.245
Па да, еве ти го Балканот како одличен пример за појавата на лажни националисти со криминални и профитерски намери, а не со националните интереси на прво место во нивните агенди.Пикањето нос во домашни политики им донесе смрт на многу фирми по Унгарија, Полска, Хрватска, кои „се закануваа“ дека ќе бидат конкурентни на сличните од постарите членки на ЕУ, но тоа и Британија го правеше и сигурно била во по-повластена позиција од една Хрватска на пример. Примерот со бродоградилиштата не знам колку е соодветен, затоа што тоа беа гиганти од СФРЈ со превработеност, застарена технологија исл. А споредбата меѓу Нисан и Авон исто не е соодветна, затоа што Авон е на ниво на обичен добавувач (на пример) на производител од калибарот на Нисан. Каде се тука еден куп други фирми од тој тип, кои дополнително создаваат додена вредност и вработуваат армија луѓе?
Се' ова другото што си го навел, во пракса е така, ама е на некој начин снаоѓање во новонастанатиот проблем, а ќе се решава преку грбот на граѓаните (за кои не можам да кажам дека многу се испотрескав) и само ќе створи дополнителен непотребен политички и економски дебаланс во Европа. Еве и двајцата сте многу оптимисти дека ќе си продолжи кралството да живее во мир и богатство, ама само да ве потсетам дека на исто, скоро и поголеми сили на светско ниво како империи биле Португалија и Шпанија, па се што имаат од тоа сега е само во учебници по историја. Британија на стара слава повеќе од јасно е дека не успеа да се наметне како лидер во ЕУ и затоа и финансиските институции од островот си признаваат дека потегов е економски промашај. И без тоа имаа специјални услови, своја валута, посебни трговски услови и со сите тие поволности се удавија.
Затоа и не ми е баш јасно што воопшто има некој да им фаќа сеир у даденава ситуација. Ако размислуваме на подолги рокови - посиромашен народ на островот предизвикува дополнителна сегрегација, појава на расизам, национализам, нестабилност и ти тие луѓе не можеш да ги држиш под контрола како овде со сендвичи на унија на млади сили, барок, бронза и тениски игралишта по села. Нацизмот и фашизмот цутат во економска беда, а во големи земји како УК, последиците ќе бидат огромни.
Нема да кажам дека британските политичари се нешто поасални, бидејќи тоа би било исто како да кажам дека волкот станал овца. Единствената разлика помеѓу балканските и британските политичари, е во тоа што британските политичари имаат повеќе лаги за да им продаваат на Британците, наспроти балканските политичари кои вообичаено ветуваат лажен национализам.
Проблеми од секогаш ги имало, ги има и секогаш ќе ги има и токму тоа е најдоброто нешто што се случува во светот, бидејќи кога има проблеми за решавање, се наоѓаат решенија, или како што велат американците "Потребата е мајка на изумот".
Од друга страна, постоењето на таканаречената стабилност, секогаш е одлично време за појава на политичари кои ќе ја искористат стабилноста како оправдание за да истуркаат свои политички агенди за свои интереси, и за интересите на тие кои ги финансираат, се разбира.
Еве ти пример, ако најлошото од економската криза од 2008 година од поодамна помина и евро-зоната и еврото се стабилни, зошто тогаш има повици за формирање на европска армија и за формирање на европска федерација на Соединети Европски Држави ?
Тоа е исто како да воведуваш закон со кој сите идни велосипеди ќе мораат да имаат електромотор бидејќи тоа е технички изводливо, а поради страв дека за време на летни горештини како сегашниве, велосипедистот би можел да колабира или да претрпи мозочен удар, па ајде за секој случај нека ја има таквата алтернатива.
Едно е да се има алтернатива, а друго е таа алтернатива да стане обврска.
Инаку, ЕУ не се занимава со производство на велосипеди, ЕУ е бирократска организација која со секој поминат ден станува се поанти-демократска и поавтократска, а во такво друштво има одлични услови за создавање на диктатура.
Јас лично не верувам дека Британците негуваат надеж за враќање на Британската Империја, но дури и да негуваат таква надеж, тоа ќе им остане само неостварен сон, доколку успеат да воспостават задоволителни и профитабилни услови за слободна трговија со државите од Комонвелтот, ќе треба да се задоволат со тоа и ништо повеќе.
Последно уредено: